Автор Тема: Препорака за Авто Школа  (Прочитано 42770 пати)

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6884
Препорака за Авто Школа
« на: 11 Декември 2012, 13:31:05 pm »
Не успеав да најдам на форумов. Ако има некоја тема пребацете таму слободно.

Ме интересира дали имате препорака за некоја авто школа и колку се движат цените (тестови, полагања....) јас сум одамна положен па сега знам дека има нови правила и прописи.

Па ако имате тазе информации пишете.


Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6423
Одг: Препорака за Авто Школа
« Одговори #1 на: 11 Декември 2012, 13:38:20 pm »
Јас полагав во селика лани во септември положив, 13 400 беа часовите, јас пола часови само возев и пола цена платив, 6700, ама преку пријател што се знае со газдата на селика идев и затоа така, да ме фати поевтино оти малку кнап со пари бевме, а пуста желба за полагање  :)
АМСМ се најскапи, а приватниве се поефтини

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6884
Одг: Препорака за Авто Школа
« Одговори #2 на: 11 Декември 2012, 13:44:10 pm »
Околу часовите не би крател воопшто затоа што девојка ми е тотален почетник па секој час и е добредојден.
Мислев да не има некој попуст за клабери во некоја од школиве? :)

Исто да не прават заебанции на полагање, по 100 пати. Реално ретко кој кога положил знаел „добро“ да вози. Се си доаѓа со искуството, ама обуката е и те како важна! 

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Препорака за Авто Школа
« Одговори #3 на: 11 Декември 2012, 13:44:29 pm »
ПСС, и полека со компјутерите а поготово со новите C1 :D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6423
Одг: Препорака за Авто Школа
« Одговори #4 на: 11 Декември 2012, 13:49:20 pm »
Околу часовите не би крател воопшто затоа што девојка ми е тотален почетник па секој час и е добредојден.
Мислев да не има некој попуст за клабери во некоја од школиве? :)

Исто да не прават заебанции на полагање, по 100 пати. Реално ретко кој кога положил знаел „добро“ да вози. Се си доаѓа со искуството, ама обуката е и те како важна! 

Сеа тоа со пагањето ти е политика на комисијата што ке ти се падне, не на автошколата :)
Јас за 18 часа, односно за 9 дена сосем доволна ми беше обуката, ама ја претходно дека имав возено и не ми беше толку голем проблем, само 1 и 2 ден малку така тешко, после тоа останатите 7 дена тамам ми беше.

Отсутен Sashe90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 727
Одг: Препорака за Авто Школа
« Одговори #5 на: 11 Декември 2012, 14:58:30 pm »
Јас на пролет за Д категорија сакам да полагам баш добра тема ако имал некои искуство која цена е часови и се останато и уште една работа која е битна тоа е колку се плака ако паднеш пошто малку вројатно е од прва да се помине градската.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6423
Одг: Препорака за Авто Школа
« Одговори #6 на: 11 Декември 2012, 15:27:19 pm »
Тоа со пагањето пак ке ви кажам, надлежен за тоа колку ке чини полагањето на теоретски и практичен дел е испитен центар во АМСМ, во автошкола само часови се плакаат, е сеа, мислам дека 500 денари се плака за користење на колата во автошколата за секое наредно полагање доколку претходно си паднал

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14006
  • Пудингот на шоферството
Одг: Препорака за Авто Школа
« Одговори #7 на: 11 Декември 2012, 17:49:19 pm »
Лани кога полагав за камион ме фати околу 30.000 комплет лекарско 2000ден,тестови,автошкола и комисијата.
Ме паднаа еднаш(таков е адетот) и си платив уште 4100 за наново полагање.
Е сеа не памтам дали ме фати 30К со се преполагањето или без него. :D :D :D Али горе долу таа е сумата.

Знам дека за кола ако те паднат 2800денари се плаќа за да полагаш по втор пат.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8517
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Препорака за Авто Школа
« Одговори #8 на: 11 Декември 2012, 18:01:44 pm »
Леле денес како падна едно дете кај зоолошка на раскрсница. Греота, ама и овие другиве идиоти го гледаат со комисија и му свират, глупи. Не ни излезе од паркингот му свртеа волан и назад :D :D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6423
Одг: Препорака за Авто Школа
« Одговори #9 на: 11 Декември 2012, 18:11:27 pm »
Сигурно кога комисијата видела сабајле трупа снег, ги триеле рацете

Отсутен aleksandar_bt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 340
Одг: Препорака за Авто Школа
« Одговори #10 на: 11 Декември 2012, 18:24:14 pm »
Ги извозив сите 18 часа авто школата комплет ме фати 16.200 плус 1000ден за полагањето со возилото. Полагав од новите електронски тестови не беа многу тешки но слушнав дека сега имало плус нови прашања и било тешко да се положи. Полагањето на тестовите и вожњата се 6.500ден еднаш ме паднаја (адето е таков) и платив за наредно полагање 3200 ми рекоја дека било нешто поскапено претходно беше 2800/3000 не ни прашав што е поскапено но што и да е е премногу.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6423
Одг: Препорака за Авто Школа
« Одговори #11 на: 11 Декември 2012, 18:30:06 pm »
36 часа е потполна обука, 18 часа е половина од обуката, нешто си помешал. Освен ако мислиш 18 дена х 2 часа = 36 часа

Отсутен aleksandar_bt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 340
Одг: Препорака за Авто Школа
« Одговори #12 на: 11 Декември 2012, 22:34:39 pm »
Да 18 дена ама по час и половина.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2517
  • Слобода или смрт
Одг: Препорака за Авто Школа
« Одговори #13 на: 11 Декември 2012, 22:40:18 pm »
Ги извозив сите 18 часа авто школата комплет ме фати 16.200 плус 1000ден за полагањето со возилото. Полагав од новите електронски тестови не беа многу тешки но слушнав дека сега имало плус нови прашања и било тешко да се положи. Полагањето на тестовите и вожњата се 6.500ден еднаш ме паднаја (адето е таков) и платив за наредно полагање 3200 ми рекоја дека било нешто поскапено претходно беше 2800/3000 не ни прашав што е поскапено но што и да е е премногу.

Кога стигнаа  да го направат 3200 за наредно. Јас полагав во јануари и откако ќе те бутнеа се доплаќаше 1800 денари.

Отсутен Lubenicata

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 716
Одг: Препорака за Авто Школа
« Одговори #14 на: 12 Декември 2012, 03:17:06 am »
искрено цената е тука негде некоја банка плус минус мој совет е кај може нанубаво да научи(да го научат) кандидатот таму јас бев у автомак заедно со уште двајца другари и тројцата научивме да возиме....




Кога стигнаа  да го направат 3200 за наредно. Јас полагав во јануари и откако ќе те бутнеа се доплаќаше 1800 денари.


да не било со се полигон....:/