Автор Тема: Ламбда сонда на пунто  (Прочитано 3730 пати)

Отсутен sonda

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Ламбда сонда на пунто
« на: 10 Декември 2012, 16:11:38 pm »
Ме интересира дали при проблеми со сондите потрошувачката на горивото драстично се зголемува?
Имам драстично зголемување на потрошувачката, ми свети чек енџин, во сервис ми кажаа немаш гајле вози до сондите е, ама со ваква потрошувачка мислам дека најпаметно е да купам нови сонди со си катализатор.

Па ме интересира ако се решам да ги променам дали ќе се реши проблемот со потрошувачката може ова да е индикатор на некој друг проблем.

Однапред благодарам.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Ламбда сонда на пунто
« Одговори #1 на: 10 Декември 2012, 17:45:06 pm »
Појди до кај Маршер http://forum.carclub.mk/index.php/topic,177.0.html

Нека ја измерат сондата, истовремено нека направи дијагностика и ќе ти каже што треба.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9217
Одг: Ламбда сонда на пунто
« Одговори #2 на: 10 Декември 2012, 18:09:45 pm »
можно е да е сензорот на сондата,најдобро е да се направи дијагностика

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43321
  • Il Moderatore
Одг: Ламбда сонда на пунто
« Одговори #3 на: 10 Декември 2012, 19:11:39 pm »
Во кој тоа сервис ти кажале „немаш гајле вози“ со упален чек енџин? Уствари тоа сијаличе е malfunction indicator lamp, или во превод „индикатор за проблем“. Ако свети - значи има проблем! Не постои „нема гајле вози“.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13999
  • Пудингот на шоферството
Одг: Ламбда сонда на пунто
« Одговори #4 на: 10 Декември 2012, 19:24:08 pm »
Шо не ке прочита чоек.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Ламбда сонда на пунто
« Одговори #5 на: 10 Декември 2012, 19:26:36 pm »
да си појдеш кај илија,да ти направи една дијагностика,и шо ке ти каже следно да си смениш.сондата е негде 60тина евра мислам и игра голема улога во потрошувачката на гориво

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Ламбда сонда на пунто
« Одговори #6 на: 10 Декември 2012, 19:45:22 pm »
Не игра голема улога туку цела улога кога ќе загрее моторот на работна темп. тогаш почнува регулација со ламда сондата.
види си дали ти е тоа проблемот, ако е тоа мењај бидејќи потрошувачка од тоа зависи:) колку ќе бидат отворени дизните.

Отсутен sonda

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Ламбда сонда на пунто
« Одговори #7 на: 12 Декември 2012, 01:08:58 am »
Фала на одговорите, денес ги променив, двете сонди биле расипани... со снегов не успеав баш да ја извозам ама слушам промена во работата на мотор, да ја повозам па ќе видам што е како е. Инаку потрошувачката беше скоро дупло од 8-9 на 15 низ град ... Фала уште еднаш за информациите

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43321
  • Il Moderatore
Одг: Ламбда сонда на пунто
« Одговори #8 на: 12 Декември 2012, 07:22:09 am »
Тоа сигурно не е здраво за тоа моторче (билдање на депозити по цилиндри и вентили од лошо согорување, помала снага итн), а богами и за џебот :) Добро си направил што си ги сменил :) Главна улога за регулација на смешата има сондата пред катализаторот. Онаа по катализаторот е контролна за издувните гасови. Добро е и двете што си ги сменил - мирна глава  :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Ламбда сонда на пунто
« Одговори #9 на: 12 Декември 2012, 09:07:58 am »
Во принцип кога не ти работи сондата моторот ти работи исто како да е ладен, сондите не регулираат колку гориво да се вбризгува. Моторот работи во (open loop lamda regulation). Супер што си ги сменил сондите треба да видиш одма подобрување на потрошувачката.
Исто така на пример расипана сонда ако се заглави да покажува дека цело време смесата во издувот е сиромашна (т.е. има многу преостанато кислород) компјутерот ќе пробува да ја збогати смесата и од тоа може да се јави еккстремно зголемена потрошувачка.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Ламбда сонда на пунто
« Одговори #10 на: 12 Декември 2012, 10:27:09 am »
Сега не ќе е лошо да си го прочистиш моторот со некој од овие адитиви.


Отсутен sonda

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Ламбда сонда на пунто
« Одговори #11 на: 12 Декември 2012, 11:11:51 am »
Се е добро само што утрово не успеав да ја запалам, верглаше па некако како да изгуби струја  (како акумилаторот да е сега во прашање) па ми се ресетира борд којутерот т.е се се  постави на 0 (освен километражата) знам дека е од ладново и порано се случувало, ама денеска не успеав да ја запалам а и чудно ми е што ми се ресетира борд којутерот, некоја идеја совет за вакво однесување, пак да трчам по мајстори?  ...    некако ми тргна зимава...

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Ламбда сонда на пунто
« Одговори #12 на: 12 Декември 2012, 11:28:24 am »
Трип километражата ти се ресетираше на 0? Ако е тоа значи дека за момент додека си пробал да верглаш многу паднал напонот и изгубил меморија. Пробај со кабли да запалиш или друже вади акумулаторот на полнење ако тоа не помага нов ќе треба.
За да си сигурен дали е се ок пробај со кабли да запалиш.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Ламбда сонда на пунто
« Одговори #13 на: 12 Декември 2012, 18:29:43 pm »
пробај напуни го провери ниво на течност во него ако е тоа возможно,ако не ја возиш колата секој ден вади го и чувај го на топло место,од ладно постар акумулатор за брзо време се празни

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9217
Одг: Ламбда сонда на пунто
« Одговори #14 на: 12 Декември 2012, 19:40:57 pm »
кога сме кај сондава,можно е да е малце отидена или пак работи/не работи ?
зошто кај мене е накачена потрошувачката али не толку многу,некаде околу 2-3 литри