Автор Тема: Fotomedia 2012  (Прочитано 2472 пати)

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Fotomedia 2012
« на: 07 Декември 2012, 20:13:25 pm »
ПОКАНА ЗА ФОТОМЕДИА 2012

Ве покануваме во сабота, 8.12.2012 година во 20 часот, во Мултимедијалниот центар "Мала Станица" да присуствувате на отворањето на тринаесетото издание на меѓународното биенале на фотографска уметност – Фотомедиа 2012, еден од врвните културни настани во нашата средина. Според рангирањата на светската фотографската асосијација – FIAP, последните неколку изаданија на каталогот на изложбата постојано се вбројуваат меѓу петнаесетината најдобро оценети во светот.

Годинава се слават и 50-те години од фотоклубот ЕЛЕМА. Во таа чест, а и во чест на многуте кои придонесоа ЕЛЕМА и Фотомедиа да го добијат сегашниот облик, покрај класичната поставка од овогодишната селекција во која ќе бидат претставени 121 автор од 30 земји со вкупно 192 фотографии. Фотомедиа на својата верна публика ќе и понуди и ретроспектива на најдобрите фотографии од претходните изданија, како и осврт кон патувачката изложба во чест на педесетгодишнината на фото клубот насловена како "Елема Монохроматик".

Се гледаме на Фотомедиа!

Видео поканата достапна е на: http://www.youtube.com/watch?v=hGRM75Ko91w&feature=plcp

Повеќе информации на http://emiter.com.mk/poveke_web.php?napis_id=184

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13464
Одг: Fotomedia 2012
« Одговори #1 на: 07 Декември 2012, 20:38:39 pm »
Ќе поминеме ;)