Другари, дајте совет како би требало да се подеси Vivax ACP-18CH50AERI/I2, дедово ја купи и ми вика ќе ја откорнам и фрлам од прозор, те топло те млако дува, никако да и го погоди сетингот за греење?!
Иначе ја користи во соба со околу 20м2 и со 3м плафон (во зграда со солидна изолација на ѕидови и со нови пвц прозори), високо поставена, понекогаш со отворена врата право пред климата кон помала соба.
Не се сеќавам некој со Vivax inverter у последно време да сподели позитивно искуство, а најчесто слушам муабети како залудно си ги фрлиле парите. И истото го имам осетено кај другар кој што се грее на Vivax Inverter, односно повеќе се нервира одошто се грее.
Од мене доби совет да купи проверен бренд за греење, Тошиба, Даикин, Мици, Фуџицу, па Кериер, Хаиер и остали... Но он сакаше да има црна, па запна да си земе Vivax и многу е незадоволен. Климата е пуштена нонстоп на 30 и никако не стигнува да ја затопли просторијата. Вентилаторот на нај јако, најслабо, ауто, ништо... Јас ако ја пуштам на 30 Тошибата ке треба со УВ фактор да се мачкам, а не да ставам плус панелка како дополнително грејно тело, и тоа не една него две.
Али јбга, сиромавиот дупло плаќа.