Дечки ќе ве замолам за совет.
Станува збор за куќа и размислувам дали пелетите би биле најдобратаа опција за мене.
Куќата веќе има целосна парно инсталација и радијатори но котелот е на струја од 2000та година и не се користи воопшто повеќе од 18 години порарди високата цена. Котелот се наоѓа во подрум, нашиот дел од куќата се наоѓа на втор и трет спрат плус една соба во поткровје. Момемтално собите на третиот спра ти поткровјето не се во употреба но за некоја година ќе влезат и тие соби во игра, па ми треба решение за греење на целата куќа. Површината е околу 210 квадрати.
Засега, ќе се грее простор од околу 100 квадрати на вториот спрат (дневна, кујна, купатило, спална). Куќата нема изолација но покриена е од југ, север и исток од други куќи.
Последните неколку години дневната + кујната се греевме со печка на дрва и трошевме околу 7 кубици во година што не кошташе околу 23 илјади денари.. Во спалната и купатилото користевме греење на струја и во најладните месеци плаќавме струја околу 5-6 илјади денари вкупно (значи грејните тела трошеа околу 2500 плус во еден месец).
Би ве замолил за било каков совет од аспект на каков систем да обрнам внимание. Дали да гледам голем котел на пелети кој што ќе се стави во подрум (подрумот не треба да се грее, не се седи таму), или има некаков помодерен систем на струја кој би бил подобар за моите потреби.