Дечки здраво, ми треба препорака за клима, која би се користела и за ладење и за греење (нема парно или некаков додатен извор на топлина) во стан од околу 55м2 во стара зграда без никаква изолација сега за сега (во соработка со општината е планирано да се прави фасада но не се знае кога и дали ке се почне). На сликава може да го видите планираниот распоред, и отворен сум за сугестии во однос на менување на планираната положба.
https://ibb.co/vcQW9n1Буџет околу ~2000е.
Боја- таа во дневна мора да е црна, во спалните и не е толку битно пожелно е исто црна.
За во спалните би одел на варијанта со една надворешна единица но не е морално.
Дневната и ходникот се околу 30м2.
Фала ви