Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 969563 пати)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3466
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #45 на: 13 Ноември 2012, 15:38:23 pm »
Сосем исплатливо!

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 377
  • ? ? ?
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #46 на: 13 Ноември 2012, 15:42:50 pm »
За пелети и јас размислував, малку информации има од прва рака, тоа што неколку луѓе ми спомнаа е дека тие што се продаваат кај нас се наводно со слаб квалитет (малце октани  ;))
Колку е ова точно ...

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4740
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #47 на: 13 Ноември 2012, 15:57:50 pm »
Октани и енергетска вредност не е исто :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #48 на: 13 Ноември 2012, 16:00:35 pm »
Ако ви требаат палети ќе ви дам некоја ;D :D ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29154
    • CARclub.mk
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #49 на: 13 Ноември 2012, 16:02:24 pm »
Пелети се продаваат на Мракпетрол бензинските, ама не сум заприметил цена.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6094
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #50 на: 13 Ноември 2012, 17:29:03 pm »
260 denara se...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #51 на: 13 Ноември 2012, 17:35:07 pm »
Zaboraviv vcera da napomenam...
 ima li nekoj iskustvo so ovie novite makedonski paneli?
 http://www.elektropanel.com.mk/elektropanel/index.php

Potrosnjata im e 40-50% pomalku od onie standardnte paneli/konvektori, cenata im e skoro ista a demek isto greele.
Bas na saemot gi gledav i go prasav covekot so e fintata i mi pokaza sto vsusnost e greacot kaj tie paneli, edna najobicna tenka zica so teflonska izolacija kako demek nekoj americki izum bilo nesto..

Ima i izvedba na stari radiatori mu lepat od zadnata strana od taa zica, slicno nesto kako za podno greenje.

Sum slusnal dosta pozitivni raboti no dali nekoj ima probano.
Неможе да се поефикасни од стандардните. Посебно од оние од попознатите марки. Физика. Па ушт 40-50%? Сигурно.

За пелети размислувал некој?
Сите математики за пелети се направени пред зимово. Прескапа е иницијалната инвестиција. И потребен е оџак кој го немав на соодветното место.
Пелети се продаваат на Мракпетрол бензинските, ама не сум заприметил цена.
Цената на макпетрол бензинските е доста висока. Но пелети се купуваат од други места и на големо (20 вреќи минимум). Цената се движи од 170 денари за последна класа па до 220 денари за висока класа.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8056
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #52 на: 13 Ноември 2012, 17:52:13 pm »
Сакам да купувам клима уред, но првенствено да ми биди за загревање. Е сега сакам да ми кажите дали инвертер климите греат навистина до -15 степени или само така пишува? Исто така дали обичните сплит клими греат до -5 степени како што пишува? Се работи за соба но во куќа а не во стан и има околу 20тина квадрати. Сакам да биди околу 3.5кв

Дали се исплати да се купува, а првенствена функција да и биди загревање?


Немам време да читам 4 страни и само ќе кажам,М
ДА, евтино е.
Инвертерот работи и до -25*.
Јас грeам и повеќе од 30м2 ама во стан - голема е разликата куќа стан пошто не секој става изолација во куќите.
Маана, инвертерот кога смета дека постигнал температура одлучува да намали со дување или да престане.
3 години се греам само со клима во станот, БЕКО 3,5kw.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #53 на: 13 Ноември 2012, 18:29:40 pm »
Проблемот со греењето со клими е:

1. Кај нас се мноооооооогу поддимензионирани климите во становите. Ставени колку да подразлади. Стан од 50квадрата со 3.5кв клима, стан со 90кв со две 3.5 клими и слично. Епа тоа е. Сакаш да е како што треба стави соодветна клима.

2. Не држи најлошиот муабет на планетава земја „ќе греам една соба“ или „ќе затвараме врати“. Климата не е грејно тело! Климата го користи воздухот како грејно тело. Кај термопечка или радијатор, грејното тело има акумулирана топлина. Акумулирана топлина имааат и предметите околу него. Кај клима го нема тоа. Отвориш - губиш. Отвориш врата мислав. Отишло све. Значи неможе да се грее само една соба. Стан од 70квадрати е стан од 70 квадрати. И може да се греее со клима од 3.5кв само ако на пола се прегради со гипскартон, а не со врати.

3. Климите не греат онака како што сме навикнати да се грееме. Ти студи и ќе си ги ставиш нозете на печка или ќе легнеш на неа (ммммм), или ќе застанеш до парно, или ќе ставиш табуретка и ќе се потпреш на парното со грб. Тоа го нема. Значи перцепцијата на топлина е многу помала.

4. Климата е многу осетлива на провев. Значи ако има лоши прозори кои пропуштаат провев - климата нема да може да затопли. Тоа е истото со она од точка 2.

5. Климата не грее до големи температури, туку само ја убива ладноста. Значи ако сакаш загревање над 23 степени - тешко ќе го направи тоа клима уредот. Но ако сакаш 20-23 нема да има никаков проблем. Ова е особено изразено заради точка 1.

Во некои земји се ставаат соодветни клима уреди. На пример во Египет. На надворешна температура од 51 степен, насекаде во внатрешноста е 17. Тоа е супер. Ама тие имаат ставено клими од 5кв во соби од 25квадрати. Тоа е убаво димензионирање. Таа клима не се мачи ни на најголемите температури, а не би се мачела ни на ниски да грее. Таму за прв пат видов домашна клима сплит систем со јачина од 12кв. Внатрешниот јунит беше долг 2.5 метри. И ладеше салон од 150квадрати. Незнам што се задеси кај нас да се нудат 99,99% 3.5кв клими. Беља. Тие се супер за ладење на помалите соби, додека дневната ја опслужува една 6,5кв климојна.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #54 на: 13 Ноември 2012, 19:06:06 pm »
Лани еден другар купија од тие печките на пелети што работат. Печката ја купија околу 100 000 денари, таа што беше без котел во понудата, а ја купија од улуца македонија тие што ги продаваја до гирадико, ја заборајв фирмата и марката. Премногу се задоволни од греењето, а и не ги коштало многу скапо ( не знам колку пари ги коштала цела сезона). Ќе го прашам па ако знај ќе пишам овде. Инаку не треба ништо да палиш како дрва и сл. туку на дугме или термостат се пушта.

Значи се на се од печката се многу задоволни за употреба во куќа, што за во стан би било уште подобро.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6428
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #55 на: 13 Ноември 2012, 19:26:18 pm »
Лани моите купија алфа 90 кумбе-камин и задоволни сме дома, ама ние во кука живееме. Според мене, само дрво може најубаво да те стопли, ама треба да се има и услови за кумбе, односно да се има оџак, место за склад на дрвата, а ако живееш во зграда, голема е веројатноста еден од условиве да не го исполнуваш за да се грееш на дрва

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #56 на: 14 Ноември 2012, 00:54:43 am »
незнам зашто на веке 4 страни муабет, никој не спомна парно греење... луге... сакате да се згреете или сакате да ја протерате само зимата... една клима никако нема да ти го стопли домот... нема ни термо печка, нити печка на дрва, нити на пелети, ниту пак со конвертори... се тоа се грејни тела ЗА ЕДНА СОБА...


ајде малку упознавање да ви дадам....

централно греење. името ПАPНО ГРЕЕЊЕ доага од времето кога во фабриките се користела технолошка пареа за загревање на одредени површини или квадратури. почетоците на домашното централно греење биле исто со котли на пареа,значи низ радијаторите циркулирала пареа а не вода.. денеска од тој систем нема ништот.е. никаде не се употребува. денес е друг тип на греење, а тоа е греење од топловоден радијаторски систем. меѓутоа си останало тоа да го викаат парно греење. нека биде така. овој систем (сегашниот нели) работи на следниов начин:

во парна котлана огромни пумпи ја влечат подизладената вода, низ котел кој што е со спирални цевки и огромен капацитет ја бутка водата и на крај како загреана се спушта во базен кој поприроден пати закон на физика од тежината на волуменот иде кон зградите. во секој зграда пак има пумпна станица или подстаница која топлата-дистрибуирана вода ја бутка нагоре кон радијаторите т.е. дефинитивните потрошачи.

од аспект на тоа дека скопје во последниве години сериозно се изгради и се појавија сериозен број на потрошувачи на овој тип енергија парните станици изгубија на квалитет па не ретко се случува да има луге што се кукаат на нивното греење. плус тука е и застарениот комунистички режим што сеуште останал во пракса а тоа е да навечер после 9 го гасат парното... ова е тотално бесмислена работа.

за лошиот квалитет на топлинската енергија т.е. слабото греење не се целосно криви топлификација туку голем дел имаат и лошо изведените инсталации во зградите како веројатно дотрајаните пумпи во подстаниците кои пак од друга страна се обврска на топлификација... ( до 2003 подстаниците беа обврска на зградите и куќните совети).  сеаг тие се сопственост на зградите ама управувањето со нив го имаат топлификација и станарите немаат пристап до потстаниците.

во целава прикаска за греењето ја спомињам топлификација но не ја ставам во комбинација со железарското греење бидејки таму е друг систем на греење. таму е ладење на печките од валавница и имаат греење 24 часа. од поскапување немаат појма зашто не трошат нафта или мазут или било каов друг дериват за да добијат топла вода туку напротив добиваат фајде...ладна вода... они ке поскапат само ако поскапе струјата зашто користат јаки друх пумпи на струја... истово ова е и за битола која користи топлинска енергија од рек битола...истиот систем е како и железарското парно....

под централно греење не е само греење од топлификација... сепак топлификација и железарското парно се само во скопје. што со околината на скопје и остатокот од македонија? до скоро и во битола имаше централно градско греење, ама сега и таму нема... меѓутоа, централно греење (радијаторско, подно или фенкојлерско со дување) има и други варијанти. на пример:

КОТЕЛ НА ДРВА!!!

позитивна работа е што енергенсот е евтин а и не е некоја филозофија за одржување.

негативна работа на која скоро никој не обратува внимание е дека немаш топлинска контрола на водата... има некои варијанти со термостат што контролира проток на воздух кон огинот мегутоа не е нај добра. уствари нај големиот проблем е и ке се деси ако циркулационата пумпа застане. за неколку секунди се крева температура од преку 120 степени, притисокот се дуплира во нај мала рака и ако сигурносниот вентил затаи а скоро секој затајува после 2-3 години користење и веројатоста дека ке експлодира е голема.

циркулационата пумпа не застанува туку така т.е. ако се расипе тоа е со бааги предзнаци, прво почнува со зуење се погласно, па почнува да тропа се појако и појако и треба да си ептен глуп да не сватиш дека пумпата ти прегорува. ова што го набројав е за период од 5 дена до 1 месец... значи расипувањето трае нај малку 5 дена....

туку што правиме ако снема струја???? тогаш инстант застанува и се дешава она погоре-БУМ... огинот неможеш да го згаснеш. да речеме дека има од нај добрите термостати и веднаш ке му го запре дотокот на воздух, пламенот ке згасне ама жарот е тука и ефектот на прегревање посекао ке се деси...

има системи кои се доградуваат на пумпата... чинат околу 200 евра... се состојат од акумулатор/ри и специјаен полнач. пумпата е буквално вклучена во тој уред а он во струја. ако снема струја пумпата ке продолжи да работи уште нај млаку 1 саат до 3 саати (зависи кој модел ке се купи), а тоа е сосема доволно за да изгори ставениот енергенс (дрво, јаглен брикети) и да се спушти температурата на прифатливо ниво...

последна негативнст:

некој треба да е задолжен да е цело време дома за да го ложи, цепи дрва, потпаува, чисти пепел, чисти оџаци и проверува притисок и воздух... значи ви треба домашна мувичка што е спремна да му се посвети на овој систем за греење. плус наутро кога ти треба греење го немаш зашто допрва треба да го распалиш огинот за да почне да грее. ова трае од 30 минути до 1,5 саати додека да загрее максимум...

позитивно последно е што има котли кои можат покрај основната функција за парно да биде и воедно шпорет, и релна...



исто така во последен период станаа актуелни и камините што се за парно греење. значи имаш и камин а воедно и топлинската енергија се искористува за загревање или пред греење на водата за парното. ова е еден таков пример. истово ова може и да се созида со камен иили цигли и да се добие ефект на вистински камин, само има еден проблем, а тоа е кога ке се деси некој дефект, ке треба да се руши...



мора да се нагласи дека кај котлите што се за во подрум искористеноста на топлинската енергија од огинот е далеку поефикасна па дури и до 35% повеке...

сепак... јас не го оправдувам овој начин на греење затоа што посекако не си сигурен со пламенот а присутна е и можноста да експлодира во секој момент. има тука други луге што можат да објаснат колкава е разорната моќ на 30 литри вода загреани под притисок на 120 степени... тоа кога пука е бетер од плински боци од кола или од домакинство... кога ке пукне може буквално цела куќа да сруши... сакам да кажам опасноста е преголема ако тргнат работите на лошо за разлика од било кој друг систем за греење...

КОТЕЛ НА ПЛИН!!!

ова е релативно ново кај нас. во светот се користи со години мегутоа за балканскиот пазар тие се малку преадаптирани. ке каже некој дека цела америка се грее на гас... да ама греењето кај нив е на принцип на централна климатизација... што значи тоа:

во централна климатизација подразбира ладење или загревање на метал т.е. решетка-испарувач... тоа личи нешто како на хладњак од кола. потоа силен вентилатор дува низ него и преку канали и отвори дува во собите низ цела куќа. знаете дека кај нас овакви системи се премногу ретки.

кај нас се преадаптирани за радијаторско греење. е за да бидат такви тоа се уствари комплетно други системи каде искористувањето на пламенот е решено поинаку одколку греење на метал... сега таа решетка е изложена на пламен, а низ неа тече водата која се загрева.

позитивно е што е доста тивок, гасењето е инстант и има милион електронски компоненти што го запираат работењето на пламениците само ако било какво срање почнува или се детектира... негативно е што за да видиш некаков лезет ти треба резервоар за плин од нај малку 500 литри а има такви и од 5 тони... ај сега сватете дека во дворот во куќата ке ви седи атомска бомба која е добро напрегната и чека само момент да пукне. ако пукне од куќата и местото ке остане само дупка... нема ни рушевини да се најдат....

од друга страна греењето на плин не стана нешто трендовско кај нас бидејки лугето за брзо време сватија дека и воопшто не е економично... греењето со плин е скоро еднакво и како со струјата. да не збориме дека и гасот поскапува од ден на ден без тенденција да се поевтини...

како и кај котлите на дрва така и кај овие котли има онаков за дома и онаков за во подрум... тој што е за во подрум има многу поголема искористливост и секако е по безбеден...


за дома, во вц, ходник или слично


за во подрум опција

ова се примери за двата начини нагреење со помош на гас-плин. еднинствено во што е лидер овој систем е што од сите системи кои имаат согорување овој систем е нај еколошки со нај мали испарувања и/или загадување на воздухот и природата...

кај нас овие котли греат вода со пумпа буткана во радијатори, а во сад истиве овие (повеќето овој долниов) грејат масло, заробено во решткасти цевки и низ нив дува вентилатор. топлиот воздух преку изолирани цевки се распростанува низ цела куќа...


НА НАФТА КОТЕЛ!!!


дефинитивно во моментов неј неисплатлив начин на греење.... уствари греењето на нафта не е воопшто економично уште од пред 5 години. од тогаш почнаа промените на цените и трошокот дека на струја е поефтино одошто на нафта.

како работи овој котел:

многу слично како и котелот на дрва. голем казан од гус со 30 литри и повеке вода во себе. пламеникот од бренерот е насочен да фрла пламен директно во казанот. самиот бренер има неколку дизни, мотор со кој го дува огинот и го насочува, пумпа оја влече нафта, стартер под притисок за да ја запали нафтата... сите овие делчиња мора да се чистат и штеловаат за секоја нова сезона и тоа верувале или не според квалитетот на нафтата што ке ви биде испорачан. само едно да не работи как што треба може да се деси да трошите абнормално многу нафта или да останете без греење (мали се шансите за пожар и експлозија), меѓутоа ви теба резервоар за нафта од 2 тони па нагоре (зависи од објектот нели)

не е еколошки, ужасно многу загадува, слаба искористеност на топлинската енергија (максимумот е 35% од пламенот), бучен е и просторот кај што е сместен смрди цело време како на расипан приватен авобус од градски сообраќај. да не зборам што нафтените испарувања-гасовите се канцерогени а во некои случаеви кај што сум видел имаат лугето и заплење и/или кожни болести...




КОТЛИ НА СТРУЈА!!!

овој котел е нај еколошки до сега од сите погоре објаснети. овој котел е и нај моќен од сите погоре објаснети. меѓутоа и потрошувачката негова е доста моќна. невидено голем потрошувач е. како пример е дека за прошлото зимо кај на с во МК просечна месечна сметка за струја е околу 20.000 денари за 100 квадрати.... со оглед дека беше средно ладна зима, можете да замислите колкава би била ако стегат температури со минусни температури какви што знае во мк да бидат, ама да задржат подолго од 5-7 дена...

инаку од аспект на безбедност... мегу нај безбедните котли е. тоа е едноставно бидејки се е решено со термостати и осигурачи а воедно се поврзува обавезно на заземјување, така да може да се каже дека е сигурен 95% од аспект на безбедноста. сепак оставам малку резерва. сум видел лоши ситуации. мора да се рабере дека кога се работи за техника ништо не е 100% сигурно...

потрошувачката му доага оттаму што негоата искористеност на електричната енергија е просечно околу 2:1... ова значи дека за еден киловат електрична енергија добивате половина киловат топлинска енергија испорачана во радијатори... тоа е доста низок коефициент на искористеност но сепак е повисок од претходните наброени...



РУСКИ ПОДМОРНИЦИ!!!

ова е доста ефтин систем за греење со мали диманзии. работи на принцип на отпор на водата и нејзината спроводливост. тивок, еколошки и за нешто малце поекономичен од електричниот котел. базичен проблем му е што работи исклучиво на обична вода и сода бикарбона и си бара целосно внимание бидејки променлива му е амперажата.

лоша страна му е што токму таа сода бикарбона го прави ремпере металот па на нови новцати радијатори може да им направи дупка т.е. да ги изеде за 2 до 5 години експлоатација.

името руски подморници е марктингшка финта и системов нема ништо со нив. напротив, се произведува во крагуевац и тоа се српски котлиња... некогаш на времето се користеле во германските подморници и работеле на солена вода (нормално море-океан нели). не ги препорачувам иако се евтини за купување... знаете како е златното правило: ако незнаеш што е добро прашај што е скапо...

за овој систем немам слика... ке набавм и ке ставам... имам примероци на демонтирани руски подморници... ако не ке сликам и ке стаам тука да видите....

како и да е... епилог е дека не ги препорачувам затоа што се лоши за инсталацијата т.е. радијаторите...



и сега... да не биде клише или очекувано, но ЈАС ГИ ПРОИЗВЕДУВАМ овие системи за греење т.е. :

КАНО-ЕКО СИСТЕМИ!!!

ова еко системи ги подразбира и двата услови за еко:
-ЕКОЛОШКИ
-ЕКОНОМИЧНИ

ова е комбинација на елктрика,термика и машинство... т.е. поубаво да се каже е дека ова е електрохемиски систем

но и не се нај евтини.... уствари се со приближна цена на една инсталција за котел на дрва... значи не се евтини.

како работи:

низ радијаторите и инсталацијата тече посебна течност-електролит кој е уствари 97% дестилирана вода а 3% концентрат. концентратот е пак од друга страна составен од 17 различни состојки. се вкупно се добива еден електролит кој ги има следниве својства:

1-преносот на топлинската енергија од котелот до радијаторите е со скоро никаква загуба за разлика од класичната вода
2-секое место каде што го допира електролитот си поставува свој слој т.е. го емајлира протокот со свој слој и со тоа го запира стареењето на материјалите. обичната вода ги кородира-рѓосува радијаторите
3-го продолжува векот на радијаторите и инсталацијата.
4-не е отровен
5-нема лоши и/или канцерогени испарувања
6-не се уништува, напротив колку е по стар толку е подобар. (исто како и виното)

компаративно со електричен котел... овој систем троши упола од електричната енергија што би ја потрошил електричен котел за да го постигне ефектот со него... или за 1 киловат електрична енергија добивате околу 0,98 киловати топлинска енергија. ова е коефициент нај добар до сега....

веројатно и по името на системот сконтавте дека се работи за систем од мое производство (онак-кано). во европа нема институт што може да го регистрира или патентира како производ...како проајдок да ама како производ не. инаку во мк го има инсталирано во преку 1000 разно разни индивидуални објекти станови, канцеларии, згради, хангари и куќи, односно имаме монтирано преку 2000 кано системи-сонди. лесен е за одржување и што е нај битно: одговара и компатибилен е за било кои инсталации на радијатори.

значи можеш да го смениш наместо досегашниот котел, можеш да се исклучиш од топлификација и да го прикачиш него.

мал е со стварно мали димензии, бесшумен, прецизен и е со 4 степени заштита од струен удар.

напомена! многу луге кога ке го видат од прва рака го мешаат со руските подморници.... не е исто со нив... а и далеку поекономично е со ова одколку со руски подморници... трошокот за греење со него може да се спореди исто како и со котелот на дрва.... значи онолку колку што би потрошиле пари за да купите дрва и да се греете со нив одприлика подеднакво исто или слично би потрошиле и со овој систем а нема цепење, ложење и ја грееш цела површина. за разлика од топлификација потрошувачката е околу 2-3 пати помала за да го постигнете истиот топлински ефект од нив. можете и сами да процените...
ке ставам и слика од него понатака, а богами и не мора, бидејки моѓете да го посетите сајтот со галеријата:
http://www.kanosistemi.com.mk/content.php?id=103&parent_id=76

.... се уморив од пишување.... а вие од читање... ваљда... ;D
кар клуб не е заебанција ;)
« Последно менување: 14 Ноември 2012, 01:09:58 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6428
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #57 на: 14 Ноември 2012, 01:49:10 am »
Кај мене има комшија што има парно дома со котел на дрва и пумпата никогаш не ја пуштил да му врти, туку загреаната вода се искачува во радијаторите на горниот спрат, а додека на долниот спрат што му се радијаторите му се постојано ладни и за да ги загрее и нив мора да ја уклучи пумпата, но нема потреба пошто котелот му стои на долниот спрат и тој успева да му загрее 3 соби. Самиот комшија порано има кажувано како еднаш ја пуштил пумпата и радијаторите ке му испукале на горниот спрат од преголема топлина и затоа од тогаш до ден денешен (а парно системот го направил уште пред повеке од 30 години) не ја уклучил пумпата, а радијаторите му се топли на горниот спрат.

Ние лани што go го земавме алфа плам како на сликава, грее 90 квадрата, а и притоа е трајножаречко, ако го подотвориш и го оставиш да се разгори, мислиш дека коледарски оган среде дневна соба си ставил. Ние дома моментално со тоа грееме околу 45 квадрата.
Еве за што станува збор

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6514
  • French diamond
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #58 на: 14 Ноември 2012, 03:37:56 am »
Кај мене од претходната зима почнавме да се грејме со камин со парно. Каминот супер си ја брка работата, за простор од 50 квадрати кај шо стој каминот, има уште еден радијатор со 16 ребра за да се загрее како што треба просторот, и во другите 2 соби има по 1 радијатор исто со по 16 ребра, плус радијаторче за во ВЦ. За да постигни температура од 55-60 степени, потребно му е отприлика 1 час. Значи за една зима, греење на парно во простор од 80 квадрати, кај мене се троши ~ 9 кубици дрва.
Е сега ова шо го кажа Онак со пумпата е ептен зафркнато, јас на пример од време на време ја провервам дали работи пумпата, и еднаш се има десено да се исклучи... каминот почна цел да пука, да тропа и ко ја видов температурата беше 110-120 степени, значи на работ беше да пукни. Со брза реакција се смири ситуацијата, гасење на огнот со вода, пуштање на загреаната вода и оставање на котелот да се ислади. Во план ми е за оваа зима, УПС или со акумулатор некако да се врзи пумпата.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6094
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #59 на: 14 Ноември 2012, 07:59:29 am »
онак-кано, секоја чест за погоре објаснетото.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.