Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 347149 пати)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4278
  • French diamond
Како ви изгледа климата? Главно за ладење би се користела, свесен сум дека е СТ...ама цената и спецификациите не се лоши

ST TAC-12INV
• Superior Technology
• 12000 BTU ИНВЕРТЕР Климатизер
• Ладење 3.52KW и Греење 3.66KW
• Скриен Дисплеј
• EER за ладење 3.23
• COP за греење: 3.61
• Бучност на внатрешна единица Мин: 38dB
• Макс: 42dB
• Годишна потрошувачка на ел. енергија за ладење: 545kwh
• Нормална работна температура: -15 to 43 C
• R410A еколошки гас
• A++ енергетска класа во ладење
• A+ енергетска класа во греење
• Далечински управувач

http://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10169_10170_10172&product_id=70281&mfp=manufacturers%5B224%5D

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7419
  • Пичлеме
За ладење мислам дека скоро секоја клима би бркала работа, па и оваа.
If you love someone, set them free... If they return to you, put several 8-inch blades into their head... If they return again, thеn run... Just run!

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 342
Дечки ќе ве замолам за совет.

Станува збор за куќа и размислувам дали пелетите би биле најдобратаа опција за мене.

Куќата веќе има целосна парно инсталација и радијатори но котелот е на струја од 2000та година и не се користи воопшто повеќе од 18 години порарди високата цена. Котелот се наоѓа во подрум, нашиот дел од куќата се наоѓа на втор и трет спрат плус една соба во поткровје. Момемтално собите на третиот спра ти поткровјето не се во употреба но за некоја година ќе влезат и тие соби во игра, па ми треба решение за греење на целата куќа. Површината е околу 210 квадрати.

Засега, ќе се грее простор од околу 100 квадрати на вториот спрат (дневна, кујна, купатило, спална). Куќата нема изолација но покриена е од југ, север и исток од други куќи.

Последните неколку години дневната + кујната се греевме со печка на дрва и трошевме околу 7 кубици во година што не кошташе околу 23 илјади денари.. Во спалната и купатилото користевме греење на струја и во најладните месеци плаќавме струја околу 5-6 илјади денари вкупно (значи грејните тела трошеа околу 2500 плус во еден месец).

Би ве замолил за било каков совет од аспект на каков систем да обрнам внимание. Дали да гледам голем котел на пелети кој што ќе се стави во подрум (подрумот не треба да се грее, не се седи таму), или има некаков помодерен систем на струја кој би бил подобар за моите потреби.
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен smole

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2187
Види со @onak он работи греење, а јас како лаик ќе те советувам пред било што да правиш да ја изолираш куќата со термо фасада.

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 342
Фасада за жал засега е надвор од достапниот буџет... Инаку да дополнам, локацијата е Струга, но мислам дека со температурите сме тука некаде со Скопје.
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45533
  • Махер
    • malikovski.com
Барем да се поминат сите прозори и процепи со силикон и да се стават дихтунзи на сите прозори и врати. Просторот да се затвори скоро херметички. Тоа не е скапо и не е тешко.

После тоа може греење.
               
    --- Objects in mirror are losing as it appears --- 
Speed kills your Pocketbook.

Отсутен Mikius

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2834
Наместо за котел парите вложи ги во фасадна изолација итн
Потоа, преку заштедата од намалени сметки размислувај за друг систем, а можеби и нема да треба :)

Присутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Дечки за 60тина квадрати соба, каква клима препорачувате за греење? И колкава моќност треба да биде? Ги гледав овие gree климиве па сакав да прашам дали се добри, дали да гледам такви?

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45533
  • Махер
    • malikovski.com
Дечки за 60тина квадрати соба, каква клима препорачувате за греење? И колкава моќност треба да биде? Ги гледав овие gree климиве па сакав да прашам дали се добри, дали да гледам такви?
Имаш на промоција сега Грее Укровн 5.5кв околу 60000. А инаку треба да се види Даикин FXTF50 за некои 100еур плус.

Исто така фино е парапетна опција од Грее 5.5kw да погледнеш околу 45000, ама повеќе простор зафаќа.

Инаку зависи од буџетот може да погледнеш и некој како LN50 од мицубиши само се нешто поскапи околу 110000.

Зависи и од распоредот може и некоја комбинација да е подобра, како на пример една парапетна 3.5кв на северната страна со една ѕидна на јужната страна 3.5кв. 41+21 =62000

Кажи буџет.
« Последно менување: Јуни 11, 2019, 18:38:36 pm Deni »
               
    --- Objects in mirror are losing as it appears --- 
Speed kills your Pocketbook.

Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 19787
Дечки за 60тина квадрати соба, каква клима препорачувате за греење? И колкава моќност треба да биде? Ги гледав овие gree климиве па сакав да прашам дали се добри, дали да гледам такви?

Многу ми се чини некако, 60ина квадрати за соба... Ако е стварно толкава, не ми се верува дека би имало поента со една клима да се грее.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен riki_staff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2555
Салон веројатно...

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Присутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
@Deni Немам дефинирано буџет, бидејќи не купувам јас, што е можно поефтина клима и да биде до некаде поквалитетна да не се расипе по 2 години, што ќе успее да го згрее тој простор. Татко ми ја гледал оваа, не знам дали оваа би успеала да го згрее просторот или да се оди на таа ти што ја препорача?

@velestrumf Кујна трпезарија и дневна без цврсти прегради измеѓу нив, затоа го викам соба.;D Само шанк ја дели кујната од трпезаријата.

Ќе предложам и тоа да се оди со 2 клими мада што мислам дека нема да сака.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45533
  • Махер
    • malikovski.com
Тоа е основен модел на Грее ЛЦ 5.5кв, а Укровн 5.5кв им е флегшип модел на Грее. Измеѓу има 5-10 модели. А сега со попуст реално разликата не е голема. Кога беше 93000 две-три години дур се продаваше беше прескапа зошто имаш Мицубиши за тие пари, ама за 60000 ако гледаш Грее бренд јас не би се мислел воопшто за укровн 18ка. Флегшип модел, најдоброто што Грее знае да го направи.

Е сега ако сакаш премиум пренд како Мицубиши и слично, тоа е друго. И е поскапо. Како што напоменав погоре. Ама дека е зделка ова е зделка. А згора на тоа што викаш 2 години. Грее бара 800 денари годишно за гаранција до 10 години, така да ако ти е за расипување си даваш 800 денари годишно онолку години колку што сакаш гаранција. Значи може да тераш и 10 ако ти е страв.

П.С. тој Ломо модел е првенствено за ладење или за припомош на греење. LC low cool, a моделите за греење се од LCLH low cool low heat нагоре.
               
    --- Objects in mirror are losing as it appears --- 
Speed kills your Pocketbook.

Присутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Фала Дени за мислењето :)

Ќе пренесам па ќе видиме што ќе се одбере на крај.

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 326
@masterwu 230квадрати со 50кв термофлукс котел на пелети втора сезона веќе просек 5.5тона пелети. Изолација обична малтарија, и обични термопан дрвени прозори. Струмица верувам е потопло од Струга