Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 970130 пати)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5678
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3825 на: 25 Февруари 2019, 20:43:08 pm »
Без скопско а?

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8535
  • Пичлеме
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3826 на: 25 Февруари 2019, 21:06:09 pm »
Јок скопско, не го признавам за пиво :)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3827 на: 25 Февруари 2019, 22:56:20 pm »
Набрзо ќе треба да монтирам во кошулица алумпласт црева за парно, ама кај и да прашам, ми кажуваа различен пресек.

Во станов моментално мислам дека се 16ки, а ми рекоа минимум 20ки да земам, 16ки биле мали.

Некој со искуство да помогне? Гледам и различни марки има, Џакомини и Херц ги фалат за поквалитетни, а со цена се тука негде.


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3232
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3828 на: 26 Февруари 2019, 09:47:36 am »
Најубаво ќе ти каже @onak .
Јас кај мене ставив 16ка црево, зошто ти рекле дека се мали не знам, јас во салонот свртев 4 змии комплет со се кујната, тоа е некаде околу 45м2.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5227
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3829 на: 26 Февруари 2019, 09:49:25 am »
Jaс Херц одбрав на времето, повеќе ги фалеа нив. Што и да се одбереш - еден совет: стави во кошулицата инсталација за топловодно парно греење. Единствена работа што ми се каам што не ја направив на куќата е баш тоа. Цените на топлинските пумпи воздух денес вода се многу прифатливи, посебно во Грчка има одлични понуди а можеш да си земеш ДДВ на граница. Дури и кај нас има ОК понуди... Замисли заштеда од греење со клима уреди, комбинирана со комфорот од подно греење.

Плус ќе имаш бенефит од топла вода. ОК ќе ја догреваш класично, ама сепек догревање од 23-24ц е многу поевтино од греење вода која е 5 до 8с (каква што е во Скопје). Инаку топлинските пумпи воздух денес се донекаде слични на клима уредите, со тоа што нема внатрешна единица (туку се загрева вода/гликол) ама надворешната единица е слична, само посилна. Заштедата е во тоа што водата се загрева само на 20-24с, тоа е доволно пошто целиот под функционира како грејно тело. Грејно тело со голема површина, не мора да биде многу загреано за да одржува температура.
Повторно, да бев доволно информиран на времто обавезно ќе ставев инсталација на за топловодно парно греење од спомнатите алупласт цевки. Само без изолација на цевките, се разбира... :)

Eве отприлика како би требало да изгледа:
 

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3830 на: 26 Февруари 2019, 09:52:40 am »
Бидејќи немам никакво искуство, ако може некој да препорача кои котли на пелети важат за подобри што можат да се купат кај нас?

Ми треба за греење на куќа, и би се поврзало со постоечка инсталација на радијатори.

Конкретно ме интересираат препораки и искуство за брендови и модели, топлотните потреби и загуби се друг муабет.

Фала многу.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5428
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3831 на: 26 Февруари 2019, 11:05:30 am »
Preporaka od mene za Thermoflux Interio.
Tehnoauto gi prodavaat.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3832 на: 26 Февруари 2019, 19:26:21 pm »
Набрзо ќе треба да монтирам во кошулица алумпласт црева за парно, ама кај и да прашам, ми кажуваа различен пресек.

Во станов моментално мислам дека се 16ки, а ми рекоа минимум 20ки да земам, 16ки биле мали.

Некој со искуство да помогне? Гледам и различни марки има, Џакомини и Херц ги фалат за поквалитетни, а со цена се тука негде.


Најубаво ќе ти каже @onak .
Јас кај мене ставив 16ка црево, зошто ти рекле дека се мали не знам, јас во салонот свртев 4 змии комплет со се кујната, тоа е некаде околу 45м2.

без оглед дали ти кажале за радијатори или за подно, ф16 е цевка сосема доволна за се... ф16 цевка има проток доволен за 4-5 метра панелен радијатор, а ако се знае дека нај големиот е 2 метра, а тој пак најретко се користи, просечно се 1,4 метри нај користените радијатори, тоа значи еден сет цевки ф16 може да нахрани 4 радијатори без никаков проблем.... тие мајстори што ти кажаче дека 16 е мало, мора да се од некој постар ков на мајстори, што и ден денес им редат цевкишта на луѓето низ дома... начелно, доколку нешто повеќе те интересира, слободно јави се секој раб. ден меѓу 12:00 и 21:00, ке ти појаснам се што те интересира, па чекор понатаму ако сакаш и изведба и проект за изведба можам да сработам... и ако сам си местиш, не се притисњавај, прашај ме, ако ти е незгодно можеш и на вибер... бројот мој го има на вебсајтот (последната страна кај што пишува контакт), доле во линковите ставени во потписот на овој пост... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3833 на: 26 Февруари 2019, 20:39:58 pm »
Jaс Херц одбрав на времето, повеќе ги фалеа нив. Што и да се одбереш - еден совет: стави во кошулицата инсталација за топловодно парно греење. Единствена работа што ми се каам што не ја направив на куќата е баш тоа. Цените на топлинските пумпи воздух денес вода се многу прифатливи, посебно во Грчка има одлични понуди а можеш да си земеш ДДВ на граница. Дури и кај нас има ОК понуди... Замисли заштеда од греење со клима уреди, комбинирана со комфорот од подно греење.

Плус ќе имаш бенефит од топла вода. ОК ќе ја догреваш класично, ама сепек догревање од 23-24ц е многу поевтино од греење вода која е 5 до 8с (каква што е во Скопје). Инаку топлинските пумпи воздух денес се донекаде слични на клима уредите, со тоа што нема внатрешна единица (туку се загрева вода/гликол) ама надворешната единица е слична, само посилна. Заштедата е во тоа што водата се загрева само на 20-24с, тоа е доволно пошто целиот под функционира како грејно тело. Грејно тело со голема површина, не мора да биде многу загреано за да одржува температура.
Повторно, да бев доволно информиран на времто обавезно ќе ставев инсталација на за топловодно парно греење од спомнатите алупласт цевки. Само без изолација на цевките, се разбира... :)

Eве отприлика како би требало да изгледа:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)  (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ако веќе ставаш во под, поевтино е црево за подно греење. Ова на сликиве не ми личи на добро наредено, прави круг без да се врати помеѓу веќе поставеното црево, со тоа ќе нема рамномерно греење, на почеток ќе грее повеќе, на крајот помалку.

Кај подното многу зависи и изработката на кошулицата, треба да се стават адитиви за подобар пренос на топлината, а многу е битна и изолацијата под цревото. Најубаво, колку може потенка кошулица со адитив, а одоздола добра изолација како би се оддавала помалку топлина во бетонот.  А влезната температура на водата ќе треба да е за некој степен повисока за да се постигне 24-26 степени на под.
Еве од МакАутостар, подното им е како помошно греење на фенкојлерите  ;D


Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3834 на: 26 Февруари 2019, 21:36:13 pm »
Ако веќе ставаш во под, поевтино е црево за подно греење. Ова на сликиве не ми личи на добро наредено, прави круг без да се врати помеѓу веќе поставеното црево, со тоа ќе нема рамномерно греење, на почеток ќе грее повеќе, на крајот помалку.

Кај подното многу зависи и изработката на кошулицата, треба да се стават адитиви за подобар пренос на топлината, а многу е битна и изолацијата под цревото. Најубаво, колку може потенка кошулица со адитив, а одоздола добра изолација како би се оддавала помалку топлина во бетонот.  А влезната температура на водата ќе треба да е за некој степен повисока за да се постигне 24-26 степени на под.
Еве од МакАутостар, подното им е како помошно греење на фенкојлерите  ;D
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Точно, ПЕКС се вика цевката што е само за подно или истата се користи за водовод, но не и за цевковод за радијатори. но нема да се згреши и ако се користи алупласт, ако разликата во цена не игра голема улога, алупластот е и поцврст и подолготраен од пексот, но да, поскап е, просечно за некои 15 до 30% зависно од производител до произвдител...

Од друга страна, не е морално цевката да оди па да се враќа една покрај друга за да се “изедначи“ греењето. разлика има во температурата на подот, на почетокот од загревањето, но набрзо се изедначува се, а тој начин (спирално) е подобар за да се дофатат прецизно  сите агли, додека тракерот (во круг напред-назад довод-поврат) може лесно да те зезне во центарот, може да те зезне и на ќошевите, а може да те зезне и во должината... со прави и прецизни пресметки, НИШТО НЕМА ДА ТЕ ЗЕЗНЕ, ама останува фактот дека се мачиш многу повеќе додека да ја изведеш инсталацијата, за поприлично сличен ефект, со минорна разлика ВО ЗАГРЕВАЊЕТО, не и во греењето. сакам да кажам дека ако бркаш загревање на под со одредена фиксна енергија, да, точно е дека од една страна ке биде потопло од друга страна поладно, ама како што реков, само на почетокот, да не речам првите пола саат до 45 минути...

исто така, јас лично не сум фан на овие стиропори со топчиња, ама тоа сум јас и моите избори.. не велам дека е лош овој начин, не велам дека е неправилен, само велам дека мене не ми се свиѓа, затоа што топчињата се одредена изолација, не голема ама ја има, т.е. ја намалува површината на контакт со бетонот за некои 5% одприлика пресметано.... тоа не е потрошена енергија за џабе, туку е само не распределена во дадениот момент...а втората причина зашто не ми се свиѓа е тоа што јас сум поприлично тежок, па морам 10 пати повеќе да пазам кога местам на вакво подно, затоа што ги буквално уништувам споевите и топчињата... од тие две причини, јас лично сум се одлучил за СТИРОДУР, бидејки е доста поцврст, има поголем изолаторен ефект од стиропор, плус многу лесно се обликува... газам по него без никаков проблем... значи како што и реков, субјективна одлука е тоа...

и за крај, се согласувам дека кошулицата што е потенка, тоа е подобро и адитивите за подно се во суштина нај ситен песок, а има такви и со метал во себе, заради поголем и полесен трансфер на температурата до површината на истата... но, и да се стави подебела кошулица, разликата ке биде во времетраењето на загревање на подот, автоматски и на просторот, но исто така и ладењето ке биде по долго, ке грее подолг временски период, т.е. тоа е акумулација на топлинската енергија... но да, што потенка тоа подобро, бидејки имаш по прецизна контрола на температурите автоматски со прецизна контрола трошиш и помалку... подно греење е цела филозофија... до сега имам премногу подни направени...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3232
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3835 на: 27 Февруари 2019, 10:18:11 am »
@igor_xxxx топла препорака за ТехноАуто, може да пробаме да средиме и за попуст.
Јас сепак би одел со алупласт, поиздржлив е и на долг рок нема нешто многу да ти смени разликата во цена. Кај мене сам го редев, над плочата стиродур 2 слоја од по 2цм и над цевките 4-6цм кошулица, некаде беше плочата нерамна. Водата за подното е регулирана на 45степени, подесена е на повисоко ради ете ако има некои загуби, и е неверојатно пријатно кога газиш по плочките, а не како некаде да жеже.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3836 на: 27 Февруари 2019, 11:42:19 am »
@igor_xxxx топла препорака за ТехноАуто, може да пробаме да средиме и за попуст.
Јас сепак би одел со алупласт, поиздржлив е и на долг рок нема нешто многу да ти смени разликата во цена. Кај мене сам го редев, над плочата стиродур 2 слоја од по 2цм и над цевките 4-6цм кошулица, некаде беше плочата нерамна. Водата за подното е регулирана на 45степени, подесена е на повисоко ради ете ако има некои загуби, и е неверојатно пријатно кога газиш по плочките, а не како некаде да жеже.

Томица, на што ти е врзано подното? Колку време му треба на подното да почне да оддава топлина откако ке го активираш системот за греење? Треба прво плочата да се загрее претпоставувам.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5428
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3837 на: 27 Февруари 2019, 14:32:02 pm »
Kaj mene relativno  brzo zamlacuvaat plockite, saat vreme od koga ke go pustam kotelot i toa na edinica veke zamlacuvaat, ali racunaj kaj mene i za radijatorite crevata se vo kosulica.
Se raboti za visoko prizemje na zgrada so visoka garaza i stiropor na plocata.

Prviot pat poveke trae zagrevanjeto, potoa pobrzo.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3232
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3838 на: 27 Февруари 2019, 14:33:19 pm »
Подното е врзано на посебно ормарче и имам термостатски вентил ставено пред ормарчето. Температурата на вода во котел ми е наместена на 70 степени. Подното со така наместен регулатор почнува да се осеќа после 1.5-2h. Котелот го палам накај 8 часот наутро, а го гасам накај 23 часот. Преку ноќ имам пад на температура не повеќе од 3 степени. Сабајле кога се гази по плочките не се осеќа ладно туку се млаки, односно не се ладат целосно преку ноќ, задржуваат доста топлина.
Првите недела дена беше мука додека да се загрее кошулицата, после со редовно користење нема никаков проблем. Со вакво подесување падот на температура преку ноќ го враќа за отприлика 4-5 часа.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3839 на: 27 Февруари 2019, 16:02:06 pm »
Идејата ми беше бидејќи плочата е рамна, наместо кошулица, да ставам Rigidur или Knauf Vidifloor. Демек за подобра изолација и поприродни материјали, а и јас ќе можам сам да местам, без плаќање мајстори и нервози.

Е сега, има ограничување кај овие плочи, што температурата во цревата за парно мора да е до 50 степени и ги препорачуваат како идеални за подно греење.

Ама кај радијаторско греење, според интернетов водата оди до 80 тина степени. Можеби нема да им е ништо, а може и да им биде нешто на плочите.
Опција една е цревата да се од оние со изолација, или пак над цревото да ставам стиродур, колку толку тие 80 степени да ги намалам.

Чекам официјално да ми потврдат од Унгарија кај што се прават плочите, па ќе пишам инфо, може на некој некогаш ќе му треба.

Rigidur https://www.youtube.com/watch?v=x0tMe0pIUSM
Knauf Vidifloor. https://www.youtube.com/watch?v=8v2BkP6zgrg

Би ценел и @onak да даде мислење за ова, дали правилно размислувам :)