Јас не би се нафатил да ми стават плин на мотор со GDI. Ако некој од вас се разбира во GDI и во тоа како работат мултипоинт системите за LPG, одма ќе му стане јасно дека работата е многу покомплицирана. Накратко да не бидам таинствен, еве 2 логични работи кои нашиве мајстори не би можеле (според мене) да ги решат.
1. GDI комплексен систем (повеќе делови, сензори, пумпи, влезни и излезни вредности). Стандардниот 3бари бензински систем, мнгоу лесно се бајпасира, со можност да се исклучи, без притоа ECU-то да има појма што се дешава.
2. Контролата на дизните за плин, кај обичните LPG уреди се базира на превземање (копирање и минимално модифицирање) на постоечкиот сигнал за контрола на дизните. Кај мотори со GDI вбризгување, тоа е невозможно.
Има уште еден куп пропратни проблеми кои не ги набројав, а се однесуваат на двеве точки.