Гласање

Choose your destiny!

Бензин
227 (58.5%)
Дизел
161 (41.5%)

Вкупно гласови: 388

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 806262 пати)

Отсутен SceMax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
  • In Diesel We Trust !!!
Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« на: Декември 27, 2010, 15:54:40 pm »
Претпоставувам дека ќе има интерес за една ваква тема па повелете...Мое мислење е дека бензинците како загрозен вид пред изумирање некој мора да ги брани бидејќи сепак не се до толку лоши, најверојатно имаат и понекоја добра страна...  !? :)
« Последно менување: Ноември 13, 2013, 19:24:39 pm zeroSignal »

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #1 на: Декември 27, 2010, 15:59:18 pm »
Ја поздравувам темата, и последните бранители на бензинецот :)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45541
  • Махер
    • malikovski.com
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #2 на: Декември 27, 2010, 16:40:21 pm »
Леле, леле!
Ме интересираат кои се тие добри страни на бензинците. Јас многу ги сакам бензинците, особено од асалните марки, кои се трудат да го снижат максималниот момент на атмосферците во пристојни граници.  Субјективните параметри, не се дискутабилни зошто ќе се претера со звукот, мукот и соодветни глупости од тоа поле. „Новостите“ во турбо светот на бензинците кои сега (кај VW барем) се достапни по иста цена како и дизел (160 ТСи = 105 ТДи), па надежта последна умира. Друго што може да се забележи е дека овие два мотори имаат иста сила до 4000 (3500 кај дизел) вртежи, па соодветно... чекор по чекор се што направи турбината е да ги направи исти по перформанси со дизелите во реалниот свет и реалната употреба (до 4000 вртежи)(3500 кај дизел). Потрошувачката остана слаба страна.

Турбо дизелите се поубаво подложни на ремап, кој и онака треба да е прва работа која и се прави на една кола.
Од страна гледано, бензинците и дизелите сега горе-долу имаат исти карактеристики при возење до 4000 (3500 кај дизел)вртежи.
-Безнин продолжува до 6000, ама троши 30% повеќе.
-Дизел продолжува до 4500, ама троши 30% помалку.
За генерална употреба во било кои возила бензинот ќе биде потиснуван се повеќе и повеќе.

Турбините го вратија во живот (ШУЌУР), и се надевам дека атмосферци ќе изумрат, зошто се крајно непотребни. Понатамошни подобрувања ветува Мерцедес (А кој друг...) со палење при поголем притисок и зголемување на ефикасноста. Сепак таа е далеку од онаа на дизел.

Полека полека, колку повеќе се дава примат на потрошувачката и нормалното возење (<4000)(3500 кај дизел), толку повеќе лета дизелот напред во предност.

Штом VW успеа да ја симне цената на твинчарџер под онаа на тдизел, тогаш нема гајле. Едиснтвено и дизелот еден ден ќе има твинчарџер.
Најголем поздрав до изработката на ТСи 105, 122 и 160, за доведување на бензинот во реалноста и достапноста. Секоја чест.
« Последно менување: Декември 27, 2010, 16:44:58 pm mdeni »
               
    --- Objects in mirror are losing as it appears --- 
Speed kills your Pocketbook.

Отсутен SceMax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
  • In Diesel We Trust !!!
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #3 на: Декември 27, 2010, 16:55:34 pm »

Odamna ima dieselot duplo „natpolnenje“ :)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8517
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #4 на: Декември 27, 2010, 17:01:08 pm »
Абе дизел кола ли е хахахаха, тоа е само за девојчиња, никогаш нема да извади ниеден дизел звук како бензинецот, музиката за уши ја заборавате. Ако изумирале бензинците на дизел ќе беа ф1 болидите, само вие надевајте се, но немаат шанса со турбо бензинците ниту еден дизел, може кај нас се рачуна потрошувачка но на страна не ги интересира тоа многу многу, се се возат бензинци над 2000 кубика. И доста за оние кои возат дизелчиња за девојчиња, ова го мислам за тие кои возат такви количиња нека не се пронаоѓа секој, ќе ве ставам во алфата и ќе ве повозам малце ќе почнете да молите да ве пуштам.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #5 на: Декември 27, 2010, 17:07:19 pm »
Члинк, а ти за мажиште се сметаш ?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен SceMax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
  • In Diesel We Trust !!!
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #6 на: Декември 27, 2010, 17:09:48 pm »
Абе дизел кола ли е хахахаха, тоа е само за девојчиња, никогаш нема да извади ниеден дизел звук како бензинецот, музиката за уши ја заборавате. Ако изумирале бензинците на дизел ќе беа ф1 болидите, само вие надевајте се, но немаат шанса со турбо бензинците ниту еден дизел, може кај нас се рачуна потрошувачка но на страна не ги интересира тоа многу многу, се се возат бензинци над 2000 кубика. И доста за оние кои возат дизелчиња за девојчиња, ова го мислам за тие кои возат такви количиња нека не се пронаоѓа секој, ќе ве ставам во алфата и ќе ве повозам малце ќе почнете да молите да ве пуштам.

„На страна не ги интересира потрошувачката и возеле над 2000цм3 бензинци“
Јако ти е ова, ...ептен и сосема точно :)

Since the 1970s, the use of diesel engines in larger on-road and off-road vehicles in the USA increased. As of 2007, about 50 percent of all new car sales in Europe are diesel.[5]

Кога ќе си купиш нов diesel, а ќе купиш сигурно (сите ќе купат, кога тогаш, односно барем оние кои можат да си дозволат) :):) ќе се повозиме. Дотогаш ќе мора да си ја фалиш Алфата пред тие што ги гледаш често (таму каде што тошиш гориво :) )

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #7 на: Декември 27, 2010, 17:10:16 pm »
SceMax ме превари, дизелите имаат Biturbo веќе одамна. Мислам дека кај нив за првпат се примени филозофијата: мало турбо за ниски обртаи, големо турбо за високи.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #8 на: Декември 27, 2010, 17:13:39 pm »
Како и да е, види ги американците кога зборуваат за мотори. Тие велат дека еден мотор или има или нема Tourqe и воопшто немаат почит за Import-ираните 4 цилиндрични косилици кои само се цедат и се цедат до бескрај :)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #9 на: Декември 27, 2010, 17:16:09 pm »
Дизелот по правило има многу поголем обртен момент, значи дека е помоќен, затоа не знам зошто девојчиња би возеле дизелашиште, има да се истепаат на секое притискање на гаста. Дај им бензинче и ди си бидиш рајат, колку и да стегаат на гаста, колата ќе си стои во место ;)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8517
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10 на: Декември 27, 2010, 17:18:34 pm »
Џабе ви е муабетот, тоа што го пишува не ме интересита многу, контактирам со луѓе кој се во италија, америка ... и тој муабет го кажуваат, имам дизел и неможе да се спореди, кога ќе дојдам до 7000 обртаи со алфата чувството ниеден дизел неможе да ми го замени, другарод во америка вози а8 4.2 бензинец, пред да го купи пробал и 4.2 дизел, вика дека нема шанси дизелот да се спореди со бензинецот а зборуваме за прилично нови коли кој се излезени. Еден ден ќе го натерам да се зачлени на форумов и да ви каже две три работи, ипак тоа е човек кој сменил преку 100 коли. Алфата моја за него е кола за девојчиња а што се овие кај нас мали никакви дизелчиња хахахаха. Опасна јадачка.

Отсутен SceMax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
  • In Diesel We Trust !!!
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11 на: Декември 27, 2010, 17:21:01 pm »

Батали го „другарод твој“ :) Штом така збори не возел тоа што треба :) Дај му линк од форумов да се просветли троа.
7000 rpm на Алфата е еднакво само на 70Л бензин на 100км и ништо друго :) (евентуално и болка во ушите)
« Последно менување: Декември 27, 2010, 17:22:49 pm SceMax »

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8517
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #12 на: Декември 27, 2010, 17:22:52 pm »
хахахаахахахааахахааха No coment.

Отсутен SceMax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
  • In Diesel We Trust !!!
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13 на: Декември 27, 2010, 17:24:17 pm »
хахахаахахахааахахааха No coment.

Паметно :)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8517
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #14 на: Декември 27, 2010, 17:26:48 pm »
Со смешни муабети не се занимавам а и попаметиот попушта, радувајте се ништо изгледа не ви преостанува, затоа што на улица такви дизелчиња попара ги правам па може сум искомплексирал некој.