Ја ни у лудило не би тргнал на пат од 20к км со некое фенси возило. Не дај боже ќе ти се сјебе нешто, ќе скршиш нешто у некоја дупка, па да те видам кај ќе најдеш мајстор во централен сибир, северна дакота или јужна амазонија.
Или ќе ти се скине гума, а најблиската нова 215/45 r17 е во друга часовна зона.
Или ќе почне да ти зуи нешто у моторот, а на фенси дигиталната табла ќе ти се појави некое сијаличе, а најблискиот овластен сервис (кој е на само 700 км од тебе) преку викенд не работи. Башка делот го немаат на лагер и треба да чекаш 10 работни дена дур да стигне.
За низ еу - да. ама америка, азија или африка? шознам. Овие фенси коливе се генијални за кратки или средни трансконтинентални релации, кога возиш по мазни автопатишта, со круз контрол и со овластен сервис+хотел на секои 100 км и комплетно гсм покривање.
ама кога идеш у пичке си материне, аутото треба да има што поголема автономија, аутото да биде најпросто што може (постаро ауто, без модерни компјутеризирани активни системи) и - што е најважно - да не биде непознато таму кај што ќе возиш. Ако се земат сите овие ствари на куп, тоа значи, дека во предвид доаѓаат само светски мега-популарни и постари модели на:
1. Мерцедес W123 или 124
2. Некоја добро сочувана тојота корола стара десетина години (проверена), 1.6. бензинец
3. Ленд ровер или хилукс
4. буба
5. некој мал и добро сочуван бензинец од vag. vw, seat, skoda итн... (тој комлет подвозје-мотор-мењач-волан го има во разни форми такоречи секаде низ свет). tsi и fsi не!!
- 3. и 4. отпаѓаат ради неудобноста и бучавата. ќе ти прекурчи и владивосток и шмладивосток и све у пичку материну за кој кур тргав!
- било каква нова кола исто така отпаѓа. Неќеш да откриваш фабрички мани среде некоја пустелија
- за жал, исто така отпаѓаат и мали суперефикасни дизелчиња. зборам за возење у вукојебини. фино дизел гориво нема баш секаде, а бензин има апсолутно секаде. Ова не важи за мечката пошто таа ќе вози и на зејтин и на нафта за трактор.
Од горната листа ја би најрадије со точка 1