znaci jas ako ne ve frabotam...
Капитал Банка АД Скопје распишува
К О Н К У Р С
за пополнување на две (2) отворени работни места:
1. Комерцијалист
Основни работни задолженија и одговорности:
Аквизиција на нови клиенти;
Директна комуникација со нови и постоечки клиенти и понуда на продуктите и услугите на Банката;
Планирање и организирање на продажни активности;
Промоција и продажба на продуктите и услугите на Банката и водење на состаноци и преговори со клиенти;
Одлично познавање на сите сите продукти и услуги , соодветно информирање на клиентите за тековните понуди на Банката и придобивките што се обезбедуваат на клиентот во поглед на конкурентите;
Континуирано освојување на деловниот пазар со целокупната понуда на продуктите и услугите на Банката;
Обезбедување на квалитетна и препознатлива услуга на задоволство на клиентите;
Одржување на тековната база на клиенти;
Решавање на специфични барања и жалби и клиентите;
Континуирано следење на клиентите.
Потребни квалификации:
ССС или ВСС;
Поседување на исклучителни вештини за продажба;
Работно искуство во комерција и продажба на терен се сметаат за предност;
Активно знаење на англискиот јазик (пишан и говорен);
Работно познавање на Microsoft Office пакетот;
Возачка дозвола Б категорија.
Очекувани способности, персонални карактеристики:
Тимски дух, флексибилност и способност за мултитаскинг и поставување на приоритети;
Одлично развиени комуникациски и презентациски вештини, посветеност и сериозност во пристапот;
Добри аналитички способности, организираност и систематичност во работањето;
Изразена желба за постигнување на одлични резултати и посветеност во остварување на таргети;
Самоиницијативност, динамичност и способност за работа со минимални упатсва;
Мотивираност, упорност, стрпливост и одговорност.
2. Секретарка
Основни работни задолженија и одговорности:
Врши административно технички работи за членовите на Управниот одбор;
Навремено проследување на потребните информации на надредените, соработниците и/или клиентите;
Закажување на состаноци и евиденција на нивниот распоред, време и место на нивното одржување;
Пречек и услужување на клиентите, деловните партнери, вработени и други лица кои доаѓаат на средби со Управниот одбор;
Одговарање на директни прашања и телефонски повици;
Пречек и услужување на клиентите, деловните партнери, вработени и други лица кои доаѓаат на средби со Управниот одбор;
Примање и испраќање на дневни обични и е-маил пораки и водење на евиденција;
Подготовка на деловни дописи и писма според добиените упатства.
Потребни квалификации:
Активно знаење на англискиот јазик (пишан и говорен);
Работно познавање на Microsoft Office пакетот;
Дополнителни курсеви, обуки и препораки се сметаат за предност.
Очекувани способности, персонални карактеристики:
Совесност и педантност;
Позитивен став и љубезност;
Способност за вешта вербална и писмена комуникација;
Упорност и стрпливост;
Претприемништво и организираност;
Стабилност и сталоженост;
Посветеност на работата;
Промисленост, доверливост, одмереност и дискретност.
На избраните кандидати им се нудат привлечни финансиски услови, како и професионално, динамично работно опкружување со можност за изразување на сопствената креативност и професионалност.
Сите заинтересирани кандидати своја кратка биографија и мотивациско писмо да достават на следниов е-маил: jobs@capitalbank.com.mk, со назнака на работното место за кое конкурираат, најдоцна до 31.01.2018 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.