Автор Тема: Квалитетот на VW.  (Прочитано 221459 пати)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3885
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2325 на: Февруари 03, 2021, 18:17:11 pm »
UNIKAT


Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8140
  • Пичлеме
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2326 на: Февруари 03, 2021, 19:05:06 pm »
На 517 000км сменет варијабилен замаец, турбината нема гајле, масло не троши, издувни гасови во нормала...
Не бе, нормално е по 1-2 литри масло на 10 000км да троши, така во упатсвото од фабрика пиши... на новите :)
Масло во мењач, лајфтајм, не се менува, нормално :)
Volkswagen. Gas Auto.

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2385
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2327 на: Февруари 03, 2021, 19:06:05 pm »
Кога збореше за тоа кај била фарбана заборави да каже дека airbag-от е сменет ;D

Отсутен miksi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 753
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2328 на: Февруари 06, 2021, 21:05:19 pm »
Може не е за во темава ама дека се работи за Фолксвагенови мотори ќе пишам овде. До пред извесно време мислев дека моторот 2.0 TSI со 280 КС и тој што го имам јас со 272 КС се потполно идентични а дека разликата е само во тоа што 272 има GPF заради Euro 6 D-temp. Е арно ама не е баш така. И двата се трета генерација TSI (EA888/3) со тоа што првиот има код CJXA а вториот DNUA. Најголемата разлика е што CJXA има dual injection односно има и директно вбризгување (за вадење добри перформанси) и Мулти поинт индиректно вбризгување за дополнителна ефикасност на ниски вртежи, како и перење на усисните вентили што дава делумна заштита од карбонизација на усисните вентили. На мое разочарување (оправдано или не не знам) DNUA има само директно вбризгување меѓутоа па нема EGR вентил. Lose some win some... Има GPF за разлика од првиот, но затоа па има водено ладење на издувниот систем (како и CJXA) но и водено ладње на усисниот систем (не знам како се вика manifold на македонски). Пак lose some win some ситуација. Веќе имам 67.000km и да чукнам у дрво немам приметено некои разлики што би имало типични за карбонизирани вентили. Се надевам дека додека ја имам колата (барем уште две години а тоа значи уште 60тина иљадарки) нема да имам проблем. Ќе видиме...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 32126
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2329 на: Февруари 06, 2021, 22:13:06 pm »
(не знам како се вика manifold на македонски)

Intake Manifold, тоа е усисна грана на македонски.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 39577
  • Il Moderatore
    • alfisti.mk
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2330 на: Февруари 06, 2021, 22:15:55 pm »
(не знам како се вика manifold на македонски)

Intake Manifold, тоа е усисна грана на македонски.
И усис и грана, све тоа Македонски зборови ;D

Влезен колектор (иако никад нема да го сретенеш у македонија изразов) :D
Всисна Гранка

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5869
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2331 на: Февруари 06, 2021, 22:32:01 pm »
(не знам како се вика manifold на македонски)

Intake Manifold, тоа е усисна грана на македонски.
И усис и грана, све тоа Македонски зборови ;D

Влезен колектор (иако никад нема да го сретенеш у македонија изразов) :D
Всисна Гранка
Од каде го извади тоа всисна? јазикот у чвор :)

Ништо не научивте од Ахтунг на толку Смукање ;D

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5081
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2332 на: Февруари 06, 2021, 22:37:10 pm »
Може не е за во темава ама дека се работи за Фолксвагенови мотори ќе пишам овде. До пред извесно време мислев дека моторот 2.0 TSI со 280 КС и тој што го имам јас со 272 КС се потполно идентични а дека разликата е само во тоа што 272 има GPF заради Euro 6 D-temp. Е арно ама не е баш така. И двата се трета генерација TSI (EA888/3) со тоа што првиот има код CJXA а вториот DNUA. Најголемата разлика е што CJXA има dual injection односно има и директно вбризгување (за вадење добри перформанси) и Мулти поинт индиректно вбризгување за дополнителна ефикасност на ниски вртежи, како и перење на усисните вентили што дава делумна заштита од карбонизација на усисните вентили. На мое разочарување (оправдано или не не знам) DNUA има само директно вбризгување меѓутоа па нема EGR вентил. Lose some win some... Има GPF за разлика од првиот, но затоа па има водено ладење на издувниот систем (како и CJXA) но и водено ладње на усисниот систем (не знам како се вика manifold на македонски). Пак lose some win some ситуација. Веќе имам 67.000km и да чукнам у дрво немам приметено некои разлики што би имало типични за карбонизирани вентили. Се надевам дека додека ја имам колата (барем уште две години а тоа значи уште 60тина иљадарки) нема да имам проблем. Ќе видиме...

Мислам дека е подобро да има филтер за честици него ли ЕГР, попрљаво нешто од ЕГР не постои, а сте се фатиле за јаглеродни наслаги на вентилите....

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 39577
  • Il Moderatore
    • alfisti.mk
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2333 на: Февруари 06, 2021, 22:37:13 pm »
Од каде го извади тоа всисна?

http://drmj.eu/search/%D0%B2%D1%81%D0%B8%D1%81#%D0%B2%D1%81%D0%B8%D1%81%D0%B0/%D1%81%D0%B2

3. всисен прид.
всисни
Пример: Всисен цевковод.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5869
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2334 на: Февруари 06, 2021, 22:45:57 pm »
Од каде го извади тоа всисна?


http://drmj.eu/search/%D0%B2%D1%81%D0%B8%D1%81#%D0%B2%D1%81%D0%B8%D1%81%D0%B0/%D1%81%D0%B2

3. всисен прид.
всисни
Пример: Всисен цевковод.
Ухх, не сум сретнал досега низ толку книги...

Правовсисалка наместо правосмукалка?

На крај ќе излезат во право бугарине ;D

ПС никој досега не ми објаснил како се доаѓа од Словенија до Словенечка, наместо Словенска.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 39577
  • Il Moderatore
    • alfisti.mk
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2335 на: Февруари 06, 2021, 23:34:39 pm »
Ако е на Словенија, тогаш е словенечки. Ако е на словените, тогаш е словенски :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Pane-G

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 232
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2336 на: Февруари 06, 2021, 23:35:49 pm »
Може не е за во темава ама дека се работи за Фолксвагенови мотори ќе пишам овде. До пред извесно време мислев дека моторот 2.0 TSI со 280 КС и тој што го имам јас со 272 КС се потполно идентични а дека разликата е само во тоа што 272 има GPF заради Euro 6 D-temp. Е арно ама не е баш така. И двата се трета генерација TSI (EA888/3) со тоа што првиот има код CJXA а вториот DNUA. Најголемата разлика е што CJXA има dual injection односно има и директно вбризгување (за вадење добри перформанси) и Мулти поинт индиректно вбризгување за дополнителна ефикасност на ниски вртежи, како и перење на усисните вентили што дава делумна заштита од карбонизација на усисните вентили. На мое разочарување (оправдано или не не знам) DNUA има само директно вбризгување меѓутоа па нема EGR вентил. Lose some win some... Има GPF за разлика од првиот, но затоа па има водено ладење на издувниот систем (како и CJXA) но и водено ладње на усисниот систем (не знам како се вика manifold на македонски). Пак lose some win some ситуација. Веќе имам 67.000km и да чукнам у дрво немам приметено некои разлики што би имало типични за карбонизирани вентили. Се надевам дека додека ја имам колата (барем уште две години а тоа значи уште 60тина иљадарки) нема да имам проблем. Ќе видиме...

Мислам дека е подобро да има филтер за честици него ли ЕГР, попрљаво нешто од ЕГР не постои, а сте се фатиле за јаглеродни наслаги на вентилите....
miksi пиша за тси бензинец , а ти за егр јаглеродни наслаги е од каде тоа има кај бензинците ? Тоа го има кај дизелите

Sent from my SM-N986U Samsung 20 Note Ultra 5G using Tapatalk

Отсутен miksi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 753
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2337 на: Февруари 07, 2021, 00:11:16 am »
Може не е за во темава ама дека се работи за Фолксвагенови мотори ќе пишам овде. До пред извесно време мислев дека моторот 2.0 TSI со 280 КС и тој што го имам јас со 272 КС се потполно идентични а дека разликата е само во тоа што 272 има GPF заради Euro 6 D-temp. Е арно ама не е баш така. И двата се трета генерација TSI (EA888/3) со тоа што првиот има код CJXA а вториот DNUA. Најголемата разлика е што CJXA има dual injection односно има и директно вбризгување (за вадење добри перформанси) и Мулти поинт индиректно вбризгување за дополнителна ефикасност на ниски вртежи, како и перење на усисните вентили што дава делумна заштита од карбонизација на усисните вентили. На мое разочарување (оправдано или не не знам) DNUA има само директно вбризгување меѓутоа па нема EGR вентил. Lose some win some... Има GPF за разлика од првиот, но затоа па има водено ладење на издувниот систем (како и CJXA) но и водено ладње на усисниот систем (не знам како се вика manifold на македонски). Пак lose some win some ситуација. Веќе имам 67.000km и да чукнам у дрво немам приметено некои разлики што би имало типични за карбонизирани вентили. Се надевам дека додека ја имам колата (барем уште две години а тоа значи уште 60тина иљадарки) нема да имам проблем. Ќе видиме...

Мислам дека е подобро да има филтер за честици него ли ЕГР, попрљаво нешто од ЕГР не постои, а сте се фатиле за јаглеродни наслаги на вентилите....

Епа така и напишав. Добро е што нема EGR. GPF ги заменува и Port injection и EGR. За да исполни WLTP норми, задолжително е да има GPF. Односно само тој може да ги симне емисиите на тоа ниво. И сеа коа веќе има, ВАГ-овци решаваат дека другите работи само ги оптеретуваат моторите и технички и економски. Па затоа нема. Инаку да, TSI од прва и делумно од втора генерација (1.8 160, 2.0 180, 1.4 122, 140, 170) се мнооогу подложни на јаглеродни наслаги. И еве прашање за дискусија, зашто TSI e по подложен на наслаги од TDI ако знаеме дека и двата имаат директно вбризгување? Зборам за наслаги на вентили, не на вбризгалки или мајсторски кажано дизни.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5500
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2338 на: Февруари 07, 2021, 08:27:32 am »
Зато што повеќе тси од старата генерација се возат во америка и таму се први за кревање паника ако не е 5.7 в8 атмо, зошто тси е многу “комплицирана технологија”. Е сеа, не велиме дека нема такви проблеми ама дизелите особено еуро 5 имаат чести проблеми со егр ама па во америка не ни се вози тди во толкав размер плус дизелгејт, и нема толкава паника следствено на тоа.

Наслаги на вентили има и кај дизел и кај бензин со тоа што сметам дека се добива погрешна слика на интернет пред се поради паничарење кај американциве. ТСИ прва генерација си имаат многу поголеми проблеми со ланчето, потрошувачка на уље поради кариките и тука може удел да има масни наслаги поради потрошувачка на уље.

Јас прв ќе објавам ако имам проблеми со масни наслаги на мојот 1.4 тси. Сега за сега 96.000 не сум имал никакви проблеми.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4412
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2339 на: Февруари 07, 2021, 08:54:56 am »
Микси, другар, не знам дали имаш видено усисна грана на дизел со ЕГР кој функционира и враќа лајна од издув на досогорување. Се е налепено како со црна смола и ако процепот кој води до цилиндарот има фи од 60мм, после 200к километри има фи од 40-45мм за проток на воздух. Турбото донекаде компензира со позитивниот притисок во усисната грана, ама доаѓа до степен кога едноставно физички нема доволно волумен да има голем проток на воздух.

Разликата е во самиот осет во возење дали имаш проблем или немаш. Кај бензинец се осеќа проблем (особено кај тие мотори со директно вбризгување кои немаат турбо. Кај турбомоторите има турбинче кое колку-толку ја подобрува ситуацијата со довод на екстра воздух и позитивен притисок во усисна грана) затоа што мораш да имаш стоихиометриски сооднос 14,нешто:1. Најчесто кога е студен моторот и кога има богата смеса и недоволно воздух се закашлува и си запишува грешка. Кај дизелот, кој и онака си трака без разлика колкав е соодносот, воопшто не ја чувствуваш постепената деградација на моќ и постоечките вибрации.

Кај поновите турбо дизел мотори (после 2014/2015та)година тоа е елиминирано со водено ладење на самиот усис, со ЕГР кој работи во затворениот круг на позитивен висок притисок + ЕГР кој работи на низок притисок после ДПФ-от/катализаторот и враќа издув + водена пареа назад во системот за до-согорување на азотни оксиди.

Кај ултра-новите бензинци на ФауВе кои работат на милеров циклус (дел од смесата може да излезе надвор од цилиндарот и турбото компензира за губењето на компресија), имаат вградено водено ладење во усисната грана, во интеркулероt и БПФ и поради тоа не враќаат назад лајна со ЕГР.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.