Ај јас место нив ако сакаш да ти одговорам. Еве ги ги гледам од прозор, зафатени се со новиот дуќан АУТО5, и стварно немаат време да ти одговорат, претпоставувам.
Штом почнало да се поткорнува, односно да се оштетува тапацирот, 95% сум убеден дека и сунгерот е оштетен. Но без да се види, нели, оставам 5% како резерва во мојот исказ.
Навлаки може да ти направат, материјалите им се топ, (ова од искуство ти го кажувам), но проблемот со седиштето, односно оштетениот сунгер ке ти остане.
1. Прва варијанта ти е изработка на навлаки, цената им е од 2500 до 4000 денари, зависно од дезенот и нормално седиштата.
2. Втора варијанта ти е да си купиш платно по избор, и јас да ти препорачам мајстор да ти ги среди, или па ти да си најдеш мајстор, нормално.
Јас најчесто го препорачувам Венцо, за него има многу пишувано и дискутирано на темите по форумов. Втората варијанта ти е поскапа, но потрајна. Рачунај дека уште толку колку што траеле фабричките седишта, ке ти траат во најмала рака претапацираните.
Инаку колку што сум информиран, Самад не претапацираат седишта, туку само изработуваат навлаки.
Се надевам дека Самад нема да ми се налутат што наместо нив ти дадов одговор.
Доколку си заинтересиран посериозно, мислам дека е подобро да им свртиш на телефон, или пак да поминеш во новиот дуќан на Рузвелтова, одма карши кафичот Концепт 37.
Види и реклама уште им направив