Ехххххххххх, кога ќе се сетам, ја имав негде околу 10 години со мојве бевме за Прочка до село, се враќаме и пред нас вози југо 45 и оддеднаш се слуша силен удар, лети лада нива у вис и се тумба, југото се изврте неколку пати но не се стумба. Возачот у Југото на место мртов, и искрено на тие години не ми беше лесно да гледам човек како лежи на воланот. Возачот од Нивата излезе неповреден, во југото имаше уште тројца. Чале мој, одма им притрча, сам ги извади возачот и зувозачот, ги легна во кола и директива у Градска. На задните седишта сопатниците во Југото беа ОК. Језиво беше.
Наредниот ден, ја гледам нашата кола, цела крв од луѓево. Многу језиво човече. Среќа у несреќа е што останатите сопатници преживееа.