Затоа кога возите други луѓе бидете особено внимателни. Верувајте дека поголема казна од тоа да сносиш одговорност за смртта на некој друг нема во животот.
Комшија мој од соседната зграда во млади години поради невнимание вака бил одговорен за смртта на друг комшија од истата зграда. 15 години човекот живееше со тоа, но не беше веќе човек, беше сосем уништен, само за тоа зборуваше. Пред неколку години се фрли од Гоце Делчев мостот во Вардар, почина после два дена на Карил, кога се освестил таму им се дерел да не го спасуваат да го остават да умре. Ако е коректно да кажам, среќа негова не преживеа.
Ова не е паралела со случајот од погоре, можеби возачот не бил виновен, можеби друг бил, тој си знае, но како ќе се живее после тоа е навистина проблематично.