Слично се дешава и кај Нова Македонија при вртење десно кон Државна,
Таму мене друго ми се случи.
Пред неколку години одам од Капиштец накај Водно преку таа раскрсница кај Нова Македонија. Имав девојка што студираше во Скопје, па често бев за викенд. Давам жмигавец за десно, се престројувам во лентата за десно, ама на едно 5 метра десно од мене, т.е во паркот гледам една сумњива фаца како се спрема да ми улета пред кола, баш како оние идиоти што ги гледаме на руските или азиските dashcam видеа. Буквално исто се осетив. Го видов дека се стрчува да ми улета на пешачки од паркот, али не возев брзо, а и секако пазам со брзината на такви спојувања со други улици, па закочив на лазење. Нормално дека дегенот си се врати во паркот. До ден-денес се чудам da fuck...