Бицикле, јас сум видел луге како умираат. По своја или туѓа вина тоа не е битно. Јас сум професионалец и секогаш треба да гледам ситуацијата да помине без жртви без разлика на материјалната штета. До сега можев да убијам најмалку 100 луѓе и да бидам невин, ама тоа немаше да ме направи херој туку психопат. Ако има дете во колата што е тоа криво и треба да загине само затоа што родителот му е идиот, што ако има трудна жена, шофер и 4 деца што ги земал од школо? Сум видел сообраќајка со мотор каде што главата му остана во кацигата, човек приклештен од воланот со белите дробови во грлото што едвај диши, а не сум можел да му ја растегнам колата додека не дојде пожарна, мртви луѓе, крв итн итн. Секој ден сум на патот логички е. Вака на моабет сите сме херои, кога ќе дојде ситуација секој ќе гледа да го направи помалото зло. Пред еден месец моторџија погина пред шоферот мој, он имаше р1 и цел живот вози мотори од мал, следниот ден го продаде. Ништо во животот не е така едноставно како овде на форумот. Има закон сега за сликање на инциденти и избегнувам, а и не е коректно да се слика тоа, ќе има апдејт секој ден на темава.
Sent from my VTR-L29 using Tapatalk