Смееш да кочиш, не смееш да враќаш во рикверц. Ама доколку враќаш рикверц и притоа се случи судир, без очевидци и доказ ти не си крив, крив е тој што мава од позади..
Не треси зелени без врска, има регулирано како смееш да закочиш. И второ, доста бе со тие глупости веќе ви се чудам на паметот ако го удриш од позади крив си.
Не измислувам топла вода, ако маваш од позади крив си, без разлика што тој пред тебе се укопал во место. И не знам кој спомна нешто за кочење на аутопат, целава дебата е дека ако некој враќа рикверц на аутопат и ако го мавнеш, доколку немаш доказ дека враќал рикверц или очевидци, голема е веројатноста да си го лапнеш бонусот бидејќи ти си должен да процениш колкаво растојание ти е доволно помеѓу твоето возило и возилото пред тебе за да можеш безбедно да изреагираш и сопреш. Посебно на автопат ова растојание треба да биде поголемо, нормално бидејќи се вози со поголеми брзини па времето за реакција е помало. Е сега ако мислиш дека не е така ете пробај удри се во некоја будала на автопат, а ги има многу... па ќе провериме дали е така или не е. Јас кога го збуцав тој со аудито од позади прво нешто кога се јавив во осигурителна ми кажаа: Ако дојде полиција, тебе те вадат крив 100%. Ако се договорите со човекот во европскиот да пише дека враќал рикверц, така може да се среди... Во записник ти си крив. .
Прочитај го Член 93 во Законот за безбедност при сообраќај на јавни патишта, убаво е опишано кој треба да пзи. Не е логично те разбирам ама нема што да се бара логика во македонска правда. 🙂