Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 2797414 пати)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • Пичлеме
Една зима, возев од Крушево накај Битола, и низ тоа ридовите снег наоколу, ама патот чист. Возам, секако со пониска брзина од ова, и на една кривина во осојница подмрзнат патот неколку метри... кое зализгување беше тоа и која среќа ја имав, немаше возило од спротивна страна и само неколу метри беше, а и поради пониската брзина успеав да ја стабилизирам колата после мразот... од тогаш во вакви услови на секоја осојница си пазам :)

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Жално за луѓето што ни криви ни должни си го добија...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54739
  • Махер
Песната кажува половина од приказната.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • Пичлеме
Денес имаше некоја мото тура? Околу 12 на Макпетрол на излез од Скопје имаше повеќе мотори. Јас за Битола одев и еден куп мотори ме претицаа по автопат... кај да се свртиш, мотори. И секако, не поминва без ова:

Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа

а  еве и на другата страна:

Мотоциклист загина на лице место во сообраќајка кај Гостивар




Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16661
  • Keep it 100
За моторџииве недај боже да организираш тура. Ќе ги носиш на душа.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Си тргнавме од Кавадарци 5-10 минути после нив. По пат не снајде слика што цел живот нема да ја заборавам, хорор беше, пластики на сите страни, ракавици, кацига... моторот излетан околу 300-400 метри подалеку  од телото, Ангеле загина на лице место..Возел многу брзо и се удрил во комбе, немаше траги на кочење. Нека му е лесна земјата, и нека ни биде лекција на сите...
« Последно менување: 18 Март 2019, 01:07:55 am BrziGonzalez »

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9999
 Го познавав дечкото, нека почива во мир.

Памет за сите останати учесници во сообраќајот.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3227
Нека почива во мир Ангеле, лесна му земја.

Отсутен archera

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
40 возел, преку сила 50 ...
Аха, како моторџијана од Тетово што погина на М.Т.Гологанов. Јес да не беше крив, ама без кацига и преко 80кмч за жал исходот е тој

друже, ај не шири невистини, те молам

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16661
  • Keep it 100

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Слон/Тенк версус Голф


Сите патници во слонот се неповредени..

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1281
Слон/Тенк версус Голф


Сите патници во слонот се неповредени..
Чисто ме интересира таблицата на слонот. Дали ми се гледа ТЕ или така ми се чини?

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1281
40 возел, преку сила 50 ...
Аха, како моторџијана од Тетово што погина на М.Т.Гологанов. Јес да не беше крив, ама без кацига и преко 80кмч за жал исходот е тој

друже, ај не шири невистини, те молам

Не е вистина дека не носел кацига или дека возел повеќе од 60?

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Чисто ме интересира таблицата на слонот. Дали ми се гледа ТЕ или така ми се чини?

Ко што можам да видам, скопска е на слонот и на голфот

Отсутен archera

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
40 возел, преку сила 50 ...
Аха, како моторџијана од Тетово што погина на М.Т.Гологанов. Јес да не беше крив, ама без кацига и преко 80кмч за жал исходот е тој

друже, ај не шири невистини, те молам

Не е вистина дека не носел кацига или дека возел повеќе од 60?
Дека не носел кацига

Sent from my I3113 using Tapatalk