Ме чукна во задниот браник едно младо момче (на изглед
) со Фелиција возејки во рикверц, ова додека чекав едни луѓе да преминат уличка.
Го видов дека се движи кон мене и тргнав нанапред па така се ублажи ударот.
Фин дечкото, се извини.
Гледам, никаква посериозна штета освен магленката откачена од едната страна, му реков ако само е откачено нема проблем, само си разменивме телефонски броеви па што биде нека биде.
Прееска скокнав до сервис да дадат мислење, скршени 2 од 4 држачи на браникот од магленката, односно нов браник или да ја залепат магленката кај скршените држачи.
Велам, не сум толкава пицајзла за нов браник, ќе ја залепиме колку во иднина да не ми испадне некако некаде.
Се мислев дали да му се јавам на дечкото и евентуално да слушам измотувања за ситна пара, повеќе нервози ќе си направам (не еднаш ми се случило).
Сепак му се јавив и му кажав што, како...од што бев пријатно изненаден, плус ми падна жал во моментот некако, па му дадов и попуст
Каква будалетинка сум, Мистер Но може вода да ми носи