На место му е муабетот на Миле: јас сум млад, имам добри рефлекси, знам на едно да го дигам, никогаш не сум паднал од мотор затоа не ми треба кацига и одело, имам нови рикен гуми, дигам 120 на бенч....се ова е се мачо кафич муабети, додека не се разнебити или осакати некој трет. Еееее па не е крив он само со 150 возеше на партизанска, на едно.
Исто така не се согласувам дека ,,јаките“ моторџии си штетат само себеси. Сум бил сведок на сообраќајка каде што мотор удира во кола со голема брзина, од ударот моторот на колата и цела предница се откачија од колата, а моторџијата леташе 100м и среќа што имаше целосна опрема па преживеа со неколку заебани скршеници.
Ако мотор пукне кола со полна брзина еве што се случува:
Ако си пешки или на точак ич не правам муабет.
Иначе немам ништо против мотори, сметам дека се ефикасно и практично превозно средство кое допринесува за намалување на сообраќајни гужви. Имам против сељаци на мотори, чие животно достигнување е дигање на едно пред кафич без кацига и со маичката да му се собере од ветерот да му се гледа тетоважата над гз како и келвин клајн гаќите од пазарче.