Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 2799208 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29156
    • CARclub.mk
- Добар ден, би сакал да се пријавам дека сум глуп.
- Колку глуп господине?
- ...


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10124



Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8057
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Јас се чудам деновиве читајќи пак за моторџииве... Па добро мајку му, толку не ви е мил животот, никој немате или едностсвно сте ретардирани?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3201
Денес возев по Скопска обиколница од Ѓорче кон Белви.

На удолницата после Волково кон исклучувањето за Орман возев со 130 на темпомат. Пред мене имаше Голф 4 кој што возеше отприлика 100 км/ч.

Погледнав на ретровизор, немаше никакво возило позади мене, и нормално лев жмигавец и се престроив во левата лента за да го заобиколам Голфчето со време за да не го сецкам темпоматот.

Кога веќе го поминав Голфот, погледнав на ретровизор за да се вратам повторно во десната лента. Немаше возила. Целиот маневар на претекнување се одвиваше многу бргу како и секое "глатко" претекнување.

Само што го дадов жмигавецот и таман да "цимнам" на десно за да се престројам од десна страна ми прелета гомнар на мотор со преку 200 на саат. Малоумникот влезе во макази од лева страна на голфот што го претекнав и десна страна на моето возило. Буквално помина "цик цак" помеѓу колите. Јас не го видов нити го очекував на ретровизор затоа што од искуство не сум имал изненадување од побрзи возила зад мене. Доста рационално ги пресметувам маневрите на претекнување и никогаш не влагам во непотребен ризик. Несакам ни да помислам што ќе се случеше ако пробав да се престројам една секунда порано. Веројатно ќе беше фатално за тој на моторот и ќе требаше да го одлежам по затвор.

Целата сцена беше толку молскавична и ненадејна, и за мене и за типот во Голфот кој што возеше цела фамилија во кола. Првпат во животот се почувствував уплашено заради последиците кои што можеа да се случат за само дел од секундата, и над кои што неможев јас лично да влијаам.

За гомнарот што помина на мотор, му посакувам се најдобро и се надевам дека кога ќе реши да гине дека нема да зацрни некој недолжен
« Последно менување: 25 Април 2019, 00:26:44 am zlatkoa »

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33898
  • Таков е животот... јебига
Такви се тие 99% од моторџиите. Дебили непрокопсани. Слини ситуации сум имал повеќе. На Московска сакам да завртам лево на Женевска на раскрсница. Имам дадено лев жмигавец и ги чекам тие од спротива да поминат за да завртам лево. Завршуваат колите од спротива, со веќе даден лев жмигавец тргнувам. Во тој момент од лева страна ме заобиколува моторџија со преку 100км/ч, за милиметар избегнувајќи да се удри во мене и да се ничкоса. Имаше дебилот среќа што од спротива немаше други возила иначе ќе се забодеше head-on.

Кај и да е, очекувајте. Сега за недела дена ќе се затопли, ќе ги извадат своите penis enlargement алатки од подрумите и ќе почнат да гинат ко пупунци од чиста мира. Памти ми го зборот.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9900
https://www.youtube.com/watch?v=5hcpzEHiHcg  Повеќе или помалце, сегде има пациенти, зиме нема саобраќајки ?

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4707
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Вчера на еден од најлошите патишта во ШК, Паланка > Куманово бев сведок на истиов случај само со 2 мотори кои влегоа во макази помеѓу камион и колата што го претекнува. Штета не бев со Бетка да имам видео запис и среќа ништо пострашно не се случи.


Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6908
Вие споро возите, не се моторите криви. Се влечете по обиколница за да покажете колку малце ви трошеле колите.

Абе возете ко луѓе, 170-180...

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9900
ОЈ ПРЕТИЦАЈ ГО СО 230 одма ќе почнит да скакат ко петле, дека му е мака дека си го претицал, тој да се чаталит олкав вака е.
Права за моторџиите + бесплатен паркинг!

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6076
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
На муабетот со моторџиите, во 4.30 поминаа 3 амбулантни и 3 полициски возила кај Довлеџик со свирење. По 10мин се враќа едно амбулантно возило оди кон болница, итно. Претпоставував сообраќајка, и вистина, еден моторџија со холандски таблици загина.

https://tera.mk/холандски-моторџија-загина-во-сообра/

Другите две не толку итно си се вратија покасно без брзање.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3201
Вие споро возите, не се моторите криви. Се влечете по обиколница за да покажете колку малце ви трошеле колите.

Абе возете ко луѓе, 170-180...
Ете видиш од цела избезуменост со малоумниот моторџија заборавив да пишам дека ми потроши 3.2 литри просек колата.

Знам дека можело помалку, пред да ме корегираат експертите, ама имав пуштено Крафтверк, уесбето со Продиџи ми е дома, ќерками има снимено Пепа Пиг на него и глеа цртани на ТВ во соба кај неа.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8535
  • Пичлеме

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10124
Вие споро возите, не се моторите криви. Се влечете по обиколница за да покажете колку малце ви трошеле колите.

Абе возете ко луѓе, 170-180...
Ете видиш од цела избезуменост со малоумниот моторџија заборавив да пишам дека ми потроши 3.2 литри просек колата.

Знам дека можело помалку, пред да ме корегираат експертите, ама имав пуштено Крафтверк, уесбето со Продиџи ми е дома, ќерками има снимено Пепа Пиг на него и глеа цртани на ТВ во соба кај неа.
Купи си уште едно усб, "ефтини са" ;D