Автор Тема: Најдобро теренско возило???  (Прочитано 131058 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 48179
  • Махер
    • malikovski.com
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1515 на: Октомври 01, 2020, 08:56:59 am »

G klasa 18:18 објаснува како треба. Без улетување, без кршење подвозје, без шкајфки, без летање прашина и камења у вис. Едноставно Оф Роуд возење.
« Последно менување: Октомври 01, 2020, 11:16:59 am Deni »
               
    --- Objects in mirror are losing as it appears --- 
Speed kills your Pocketbook.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 26084
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1516 на: Октомври 01, 2020, 09:05:56 am »
Ренјџот е без конкуренција тука.
Пријатно ме изненадија Q8 и X6.

Range Rover-от си ги гази како да се тротоарче пред Галерија.

Range Rover-от си има најнапреден и најспособен AWD систем од сите овие тука. Арно си рече ликот - We are gonna to watch how a true off-road vehicle performs in comparison with crossovers.

xDrive системот на BMW е многу подобрен прошливе неколку години. Мада, X5-ката заглави ептен, ама би очекувал дека е повеќе ради гуми. Quattro си е стандардно добар.

Скроз не сум изненаден од Lexus-от, не ни очекував да го бива.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3586
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1517 на: Октомври 01, 2020, 11:10:17 am »
Кај има зимски услови?

На тестовите за зимски гуми.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20731
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1518 на: Октомври 15, 2020, 12:38:39 pm »

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 163
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1519 на: Октомври 15, 2020, 12:49:01 pm »

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7264
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1520 на: Октомври 16, 2020, 20:05:06 pm »
Без Лада нива тестот е половичен.

Најфантастичното нешто кај Лада Нива е набавната цена. Во ниската набавна цена лежи 95% од нејзината способност: „секој“ може да си ја приушти.

Како теренско возило со занемарување на цената е океј, но не е ни проближно семоќна како што е извикана. Ама океј е! Не сакам ни у лудило да ја дисреспектирам! Во моето срце секогаш ќе има место за Лада Нива. Прилично способо возило. Но не најспособно. По мое субјективно мислење, офроуд способностите на Нива се отприлика на рамниште на Навара или Хилукс. Тоа не е малку! Но не е ни врв.

На пример, онаму каде што Нива ќе се искачи со многу труд, внимание и драми, Jeep Cherokee со своето фенси подвозје и дистрибуција на силата ќе се искачи со едната рака на воланот, а со другата рака менување песни на цеде-плеерот. Е, сега, Cherokee-то чини околу 10 пати повеќе од Нива... :)

Извор: неколку години работев на базни станици за телефонија/интернет и лично се имам качено на речиси сите највисоки врвови во македонија со теренско возило по повеќе пати, во сите годишни времиња. Најчесто со Нива, но во неколку пригоди и со други возила, меѓу кои и гореспоменотото Чироки. Ако сега можам да бидам со што ќе се качувам на Томорос, Локвица, Стогово или Пелистер - немам дилеми. И нема да биде Нива :)

P. S. За конечните офроуд способности, квалитетот на гумата е, по мое, еден од најбитните, но често пати занемаруван или не доволно уважен фактор. Полно „неуспешни“ офроуд тестови би биле успешни со друга гума, исто како што и многу „успешни“ тестови би биле неуспешни со друга гума (а све друго исто).
« Последно менување: Октомври 16, 2020, 20:11:50 pm filipv »

Отсутен dbl.dzo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 612
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1521 на: Октомври 16, 2020, 20:28:57 pm »
https://www.youtube.com/watch?v=GE2W93FBdo8

@Angel Skopje видеото е одлично, иако чуден дијапазон на возилца.

Мислам дека првиот коментар си објаснува најубаво

Цитат
Let's be honest, nobody with a G-Wagen actually does any of this.

@filipv максимален плот твист ми направи со ова.

И нема да биде Нива :)

Само да дополнам за Ладата, бидејќи имам поминато неколку години, повеќе како совозач, качувајќи го мариовскиот дел. Да, издржливо и способно возило, и нормално евтино, ама тука отприлика запира фалењето. Многу треба да бидеш инволвиран во возењето, очите 24, сите сетила уклучени. За тоа време и со оглед на фактот што е комунистичко возило, Нива-та направи револуција.


Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3489
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1522 на: Октомври 24, 2020, 14:59:02 pm »