Деновиве ја играм Red Dead Redemption 2, и тоа втор пат. Прво ја играв на PS4, сега на компјутер.
Спектакуларна игра. Уствари, многу повеќе од игра. Worldbuidling-от на Rockstar е ненадминат. Плус, комплет друго темпо на играње е, во однос на GTAV да речеме. Вниманието посветено на детали, визуелната лепота, музиката, дијалозите... Браво. Кој има време да ја игра, максимално ја препорачувам.