Автор Тема: DIZEL NA PLIN  (Прочитано 52265 пати)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
DIZEL NA PLIN
« на: 16 Јули 2012, 18:00:58 pm »
Би сакале да презентираме една новина, а тоа е проектот  ,,Дизел на Плин,,. Самиот проект го доверивме на двајца апсолвенти на Машински Факултет – Скопје,  пратени од самиот факултет на пракса во Плимонт. Момците покажаа ,,особен интерес  и залагање" т.е  сосем солидно ја совладаа  проблематиката за поставување, калибрирање и изнаоѓање на решенија при појава на евентуални проблеми на ЛПГ уреди на бензиски мотор.
Од таа причина, со  (речиси) целосна доверба им го предадовме проектот дизел на плин. За подготвување на проектот  на располагање ја имааа  архивата со технички документи на Плимонт (затоа момци Ве молиме без плагијати, или ако Ве подмити конкуренцијата барем да не биде за мали пари   :) ).

Плимонт обезбеди возило, Mitsubishi L200 2008 година, со  2.5 литарски турбо дизел мотор, како и соодветен ЛПГ уред  за ова возило.
Се пристапи кон вградување на уредот., нормално со заеднички сили, и кон крајот на денот и тој дел се заврши успешно.
Добиените резултати по првичните мерења се позитивни, се доби нешто на сила ,  економичност, и што е најважно кај нас,  екологија  :)

Ред е да се заблагодариме на нашите идни Машински инженери за вложениот труд и потрошено време. И не е точно дека денешните студенти не учат, момците беа добро теоретски потковани и оспособени за разрешување на проблемите во практичната примена на знаењето.Ова беше нивен проект.


Од нас толку, уште  ќе постираме фотографии од дизел возило со плински уред и ќе ги повикаме нашите соработници да се логираат, да се претстават и доколку има прашања да одговораат на нив.
Благодарам















Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54739
  • Махер
Одг: DIZEL NA PLIN
« Одговори #1 на: 16 Јули 2012, 18:09:11 pm »
Занимлива поставеност на боца! Да не се ни гледа. А на прв поглед изгледа дека би собрало и подолга боца?

Интересна работа - а како се однесува возилото и каква му е потрошувачката во однос на нафта?

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: DIZEL NA PLIN
« Одговори #2 на: 16 Јули 2012, 18:27:10 pm »
Пред се здраво на сите, јас сум едниот од стидентите кој учествуваа во монтирањето на плинскиот уред на ова возило.
Сакам да им се заблагодарам на тимот од Плимонт кој не прифати како практиканти во нивната фирма и ни овозможи да се стекнеме со поголемо знаење за плинските уреди, но и пред се да бидеме меѓу првите кои вградиле плински уред за дизел возило.

Пред се да кажеме дека ова возило сеуште како примарно погонско гориво користи Дизел, а плинот е како дополнително гориво кое се користи за да се создадат услови дизел горивото скоро целосно да согори.

@Deni на ова возило има поставено боца од 25 литри која е доволна за да се помине доста километри.
Окулу потрошувачката искачаат интересни бројки но сепак ќе почекаме малце да се соберат повеќе податоци па ќе споделиме.
Иначе ова возило има значително подобрени перформанси кога се користи плинот како дополнително гориво (ова може само да се искуси во вожња, бидејќи колку и да ви кажувам многумина нема да поверуваат).
Доколку имате некое прашање повеќе слободно поставете.
Поздрав Оги

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4735
Одг: DIZEL NA PLIN
« Одговори #3 на: 16 Јули 2012, 18:43:54 pm »
Здраво дечки јас сум вториот од студентите :). И од мене благодарност до тимот на Плимонт. Гледам оги веќе одговорил на прашањето за боцата. Покрај тоа што е сосема доволна за доста километри исто така толкава а не подолга е ставена за да може без проблем да ги задоволи стандардите. Односно да биде доволно одалечена од издувниот систем
« Последно менување: 16 Јули 2012, 18:58:29 pm nikola_bb »

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9999
Одг: DIZEL NA PLIN
« Одговори #4 на: 16 Јули 2012, 18:58:31 pm »
ќе ги повикаме нашите соработници да се логираат, да се претстават и доколку има прашања да одговораат на нив.


Квалитетни дечки имаме веќе на форумов. Секоја чест дечки :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9217
Одг: DIZEL NA PLIN
« Одговори #5 на: 17 Јули 2012, 01:19:13 am »
ок,чекаме да видиме како ќе се одрази на потрошувачката,нели тоа е сепак примарната работа на плинот и како би се покажал на постар тип на дизел,во конкретниов случај 1.9Д пежо мотор од 2000 год.

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 737
Одг: DIZEL NA PLIN
« Одговори #6 на: 17 Јули 2012, 01:41:46 am »
Честито колеги :) и браво за плимонт, да ги множите проектите и да измислите нешто ново кое ќе работи само на вода ;D

Јас имам прашање, можеби е малку рано и сеуште чекаат бројки од терен :) ама ќе си прашам :)
 - Дали се намалува потрошувачката на нафта со тоа што плинот е секундарно гориво, т.е. како што можев да разберам плинот се додава на нафтата со цел зголемување на перформансите со помош на поцелосно согорување на нафтата, или потрошувачката на нафта е иста, а со помош на плинот само се зголемува моќноста на моторот?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33897
  • Таков е животот... јебига
Одг: DIZEL NA PLIN
« Одговори #7 на: 17 Јули 2012, 08:50:36 am »
VTR во тие услови се зголемува ефикасноста на согорувањето и се ослободува повеќе енергија. Така да на работите можеш да гледаш од два аспекта, или како намалување на потрошувачката при испорака на исто количество на енергија или како испорачување на повеќе енергија од истата зафатнина.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8807
Одг: DIZEL NA PLIN
« Одговори #8 на: 17 Јули 2012, 09:28:58 am »
интересно, нас машинците не бива  :D

интересна работа, само мене ме интересира економската исплатливост на истиот систем како и повекето кои би се решиле да го вградат

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Одг: DIZEL NA PLIN
« Одговори #9 на: 17 Јули 2012, 09:44:43 am »
Голем поздрав до Плимонт пред се за инцијативата да земат млади кадри на пракса! Тоа треба да го прават сите сериозни фирми бидејќи иднината е во младите кадри!

Понатаму, БРАВО и БЛАГОДАРАМ за тоа што се нафативте да инвестирате за да ни пренесете едно вакво искуство од прва рака и тоа на возило за цивилна употреба. Се надевам дека ќе имам можност да го видам возилото во живо, но дотогаш би сакал:
1) Да измерете со вклучен и со исклучен плин забрзување од 0 до 100km/h и меѓузабрзување во 3-та од 60 до 100km/h, 4-та од 60 до 100km/h и 5-та брзина од 80 до 120km/h.
2) Да измерете просечна потрошувачка при крузање со константна брзина 100km/h во 5-та со и без вклучен плин.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 737
Одг: DIZEL NA PLIN
« Одговори #10 на: 17 Јули 2012, 10:03:16 am »
@Falanga истиот муабет го правиме, повеќе ми има логика намалување на потрошувачката на нафта, интересна ситуација е кога нафта + плин :) ќе чекаме колегите да соберат информации од терен :)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4735
Одг: DIZEL NA PLIN
« Одговори #11 на: 17 Јули 2012, 11:06:13 am »
Значи како што сте пишале погоре во право сте со додавање на плин при процесот на согорување се овозможува нафтата да согори 99%, со само тоа се добива нејзино подобро искористување. Од тука доаѓа и намалувањето на потрошувачката. Правевме некои тестови во стил на автопат со исто притиснат педал за гас возиме на дизел префрлуваме на дизел+плин и веднаш се чувствува дека возилото повлекува, исто и обратно кога враќавме на нафта се чувствуваше дека се губи некоја снага.
За самиот систем и за заштедата ќе ставам попосле некои бројки што имаме. Но имајте во предвид дека системот пред се е наменет за возила кој вртат повеќе километри како на пример камиони, комбиња а зошто да не и коли кои повеќе километри вртат.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: DIZEL NA PLIN
« Одговори #12 на: 17 Јули 2012, 13:11:24 pm »
Мало дополнување окулу возилата овој систем би бил исплатлив за возила кои трошат 10 и над 10 литри дизел, кај возила што трошат под 10 литри можно е да се добие придобивка само доколку се поминува многу километри (т.е. некое работно возило најчесто).
Намалена потрошувачка на дизел гориво се добива со тоа што за исто количество дизел кое согорува се ослободува поголема енергија (тоа допринесува и поголема излезна сила на моторот).

Отсутен Sashe90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 727
Одг: DIZEL NA PLIN
« Одговори #13 на: 17 Јули 2012, 14:49:19 pm »
браво дечки, интересен проект чекаме да помине време да ги видиме точно придобивките :)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4735
Одг: DIZEL NA PLIN
« Одговори #14 на: 17 Јули 2012, 20:27:14 pm »
Еве некои измерени податоци:
возило: Mitsubishi L200 2008 година, со  2.5 литарски турбо дизел мотор

Поминати точно 190км(макпетрол/индустриска, карши лукоил на излез од скопје - штип -хотел континентал - макпетрол индустриска):

1.   дизел+плин
плин    –  4 литри
дизел  – 14 литри
вкупно денари: 1060

Bord компјутер:
Средна потрошувачка : 7.4
Просечна брзина        :  91 km/h



2. Само дизел
дизел 19 литри
вкупно денари: 1240

Bord компјутер:
Средна потрошувачка : 9.7
Просечна брзина        :  92 km/h 

Со малце пресметки со цените на горивата се добива дека заштедата во пари изнесува околу 14% доколку возилото се вози на дизел+плин