Автор Тема: Автомобилски Новитети  (Прочитано 2030331 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Автомобилски Новитети
« на: 23 Декември 2010, 09:19:33 am »
Чешкиот производител изјави дека планира да произведува нов модел кој ќе биде помал од Octavia а поголем од Fabia....
   



Веќе подолго време се шпекулира дека Skoda планира да ја прошири понудата. Тоа е така бидејќи постои голема разлика меѓу малата Fabia и наредниот поголем модел, Octavia.

Skoda планира да произведе модел кој ќе биде позициониран токму меѓу овие два модели, помал од Octavia а поголем од Fabia, и секако ценовно ќе биде сместен меѓу нив. Новиот модел ќе треба да ја замени и изведбата Tour, која од 2013 година, заедно со актуелниот модел на Octavia ќе престане да се произведува. Како што кажуваат најновите информации, новиот модел ќе има старо име – Felicia.

Новата Felicia ќе се произведува како седан и караван, а ќе биде базирана на платформата на Roomster. Должината на автомобилот ќе биде 4,5 m, а меѓуосовинското растојание 2,6 m. Понудата на мотори ќе ги содржи веќе познатите 1.4 и 1.6 литарски мотори со моќност од 80 до 105 КС.

 
« Последно менување: 05 Март 2017, 22:33:25 pm zeroSignal »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #1 на: 23 Декември 2010, 09:23:22 am »
Според најновите информации, најжестоката изведва на купе-лимузината RS7 ќе има повеќе од 600 КС....





Со лансирање на неколку нови модели, Audi настапи многу храбро. Престигна еден од главните конкренти - Mercedes, а веќе е голема закана е за BMW.

Сепак, со позицијата која што ја има моментно Audi, очекувањата се големи, бидејќи ваквиот статус мора да биде поддржан со постојано храбри, но и рационални потези.

RS7 ќе развива 608 КС од битурбо 4.0 литарскиот V8 мотор. Моќта би требало интегрално да биде пренесена на сите четири тркала по пат на последната генерација на погонот Quattro со системот torque vectoring.

Со ваков потег, Audi ќе биде во предност пред очекуваниот потенцијал на BMW, кој треба да ја претстави најмоќната верзија на М5 која од 4.0 литарскиот V8 мотор би требало да извади „само“ 570 КС. Битката меѓу Audi и BMW веќе очигледно прерасна во војна на коњските сили.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #2 на: 23 Декември 2010, 09:25:13 am »
Две седмици по протечената информација јапонскиот производител ги објави првите официјални фотографии и дел од техничките детали за новата генерација на Yaris кој на домашниот пазар се продава под името Vitz.






Според информацијата која што доаѓа од Toyota светската премиера на Yaris е закажана за претстојниот салон во Детроит, а продажбите треба да стартуваат подоцна во текот на годината.

Новиот Yaris во однос на претходникот во должина нараснал за 100 mm или е развлечен на 3.900 mm. Меѓуоскиното растојание нараснало за 50 mm и бележи 2.510 mm. Дименизија која ветува многу простор во кабината.

Интересно е што ширината останала несменета и изнесува 1.695 mm, но затоа висината е намалена за 20 mm и бележи 1.510 mm поради што новата генерација на Yaris ќе делува помалку топчесто од aктуелниот модел.

Во минус оди и тежината, па така, иако за нијанса поголем, новиот Yaris е за 30 kg полесен. Затоа пак патниците на задната клупа имаат за 35 mm повеќе простор за колената.

Новиот Yaris значително го менува и дизајнот. Иако се чини дека е задржан препознатливиот облик на каросеријата, сепак дизајнерите се потрудиле да го скројат така за да делува подинамично.

Новиот Yaris е обликван со поостри линии кои се микс на дизајнерски елемени користени кај новата генерација на Prius и новиот Verso – S. Токму заради помускулестиот настап во Toyota очекуваат дека по новиот Yaris нема да лудуваат само припадничките на понежниот пол како што е случај со актуелниот модел.

Тој би требало да им се допадне и на мажите веруваат во Toyota. „Новиот Yaris има поспортски дизајн и ќе привлекува повеќе внимание на улица. Заради тоа очекуваме поголем процент на мажи кои ќе се одлучат да го купат,” вели Хирофуми Јамамото главниот дизајнер на новиот Yaris.

Покрај измените во дизајнот каде доминираат поострите предни светла и острите линии на страниците предниот и задниот браник голем напредок е постигнат и во подобрување на квалитетот на материјалите во кабината.

Покрај новиот дизајн на внатрешноста, која сеуште не се открива и употребата на поквалитетни материјали од Toyota истакнуваат дека значително е подобрена изолацијата од бучава и вибрации.

Подобрена е и сериската опременост па така сега уште од основниот пакет Yaris ќе биде опремен со електронска програма на стабилност ESP, системот Brake Assist и ABS со EBD, а дизелот ќе има и контрола на тракција.

На почеток под хауба ќе работат два бензински атмосферски мотори помалиот со зафатнина од 1.0 литри испорачува 68 КС и вртежен момент од 93 Nm, додека помоќниот од 1.33 литри извлекува 93 КС и вртежен момент од 121 Nm.

Поголемиот бензинец кого веќе го познаваме од актуелните модели на Toyota ќе се испорачува со систем Start&Stop и според наводите на производителот ќе остварува просечна потрошувачка од 3,8 L/100 km.

Сепак, овој мотор нема да ја елиминира потребата од дизел. Станува збор за сосема нов мотор кој ќе има зафатнина од 1.5 литри и ќе испорачува 107 КС. Тој ќе биде најмоќниот мотор во понудата на новиот Yaris.

Моторите вртежниот момент до предните погонски тркала ќе го пренесуваат преку мануелен менувач кој кај бензинците ќе биде со пет степени на пренос, а кај дизелот со шест. Покрај мануелниот бензинците ќе можат да се добијат и со бестепен менувач CVT со континуиран варијабилен преносен однос.

Стартот на продажбта во Европа е закажан за на лето в година, но само за бензинците, додека новиот дизел ќе пристигне дури во 2012 година.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #3 на: 23 Декември 2010, 09:49:25 am »
Аудито изгледа перверзно добро - ја гледав А7-цата на презентацијата во Скопје и барем по изглед, ништо од Мерцедес или BMW не може да се споредува.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #4 на: 23 Декември 2010, 10:27:08 am »
Убаво изгледа, но веќе сум научен на убав дизајн од Ауди. Интересна ми е битката со БМЊ, кој нема туку така да си дозволи некој народен автомобил да му го земи приматот.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #5 на: 23 Декември 2010, 10:30:55 am »
Во моментов, дизајнерски барем, BMW воглавно не може да се носи со Ауди. Едино мислам дека новиот X3 е подобар од Q5 (на изглед), и серија 7 изгледа подобро од А8.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #6 на: 24 Декември 2010, 12:01:04 pm »
Не само што се пофали со старт на производство на два континенти одеднаш Ford сега се фали и со цените на Focus кои се објавени пред старт на продажбата, но важат само за во Германија.



Ценовниот старт на Focus ќе биде од 17.850 евра. Оваа цена се однесува за најниското ниво на опременост Ambiente и 1.6 литарски бензинец со 105 КС. На оваа цена се додаваат плус 500 евра за седанот и плус 750 евра за комби верзијата. Хечбек со три врати нема да постои.

Следна во понудата е поопремената верзија Trend за која ќе треба да се издвојат дополнителни 1.500 евра, додека најбогатото ниво на опременост Titanium ќе чини повеќе од 2.000 евра од цената на основниот модел.

Ford исто така објави и дека во план се промотивни цени за новиот Focus кои во зависност од верзијата ќе бидат пониски за 950 до 1.960 евра од основните цени.

Што се однесува до дизелската понуда. Најевтиниот турбо дизел 1.6 TDCi со 95 КС кој се комбинира со мануелен менувач со шест степени на пренос во основната верзија Ambiente ќе стартува со цена од 19.600 евра.

Понатаму турбо бензинецот 1.6 EcoBoost со 150 КС ќе стартува од 21.350 евра, додека 2.0 литарскиот турбо дизел со 140 КС ќе чини од 23.350 евра. 2.0 TDCi може да се добие и со шест степен менувач со две спојки PowerShift за што се доплатуваат 500 евра.

Стартот на продажбата на Focus на германскиот пазар е закажан за во март 2011 година. Ford Focus први ќе го добијат британците во текот на јануари, останатите држави вклучувајќи ја и Македонија ќе мораат да почекаат. Некои дури и до есен.

За цените на отровниот Ford Focus ST сеуште се молчи.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #7 на: 24 Декември 2010, 13:45:42 pm »
Цените кај нас сигурно ќе бидат пониски уште на старт... Мада на изглед новиов Фокус ми е чуден, а за возење сигурно ќе биде одличен.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9999
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #8 на: 24 Декември 2010, 14:05:04 pm »
Мене ми е ружен, особено од позади. Али да го видам у живо, можда не е така лош :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #9 на: 24 Декември 2010, 14:12:39 pm »
Шминкерски го направиле, ама барем конечно ќе го згаснат 1.4 моторот

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #10 на: 24 Декември 2010, 14:21:03 pm »
Не мора да значи. Може да продолжат да го носат кај нас и во земји слични на нашата каде куповната моќ не е голема..

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9999
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #11 на: 24 Декември 2010, 14:44:47 pm »
И јас мислам дека ќе се појави 1.4 за кај нас и сличните. А зашто да го нема, ако не ти се допаѓа не го купувај и готово :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #12 на: 24 Декември 2010, 14:59:09 pm »
рекоа дека за вакви земји ко нашава имале приготвено 1.0 турбо мотор (околу 100кс)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #13 на: 24 Декември 2010, 21:11:25 pm »
Па мора да е нешто во стилот на 1.0-1.2 турбаш, за секојдневие. Баш ме интересира дали ќе го потсредат 1.4 тдци на 90кс, за во фиестата... Здравје боже.

Отсутен SceMax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
  • In Diesel We Trust !!!
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #14 на: 24 Декември 2010, 23:36:23 pm »
Suzuki отвора борбен фронт

Suzuki одлучи во директна борба да му покаже на светот дека неговиот Kizashi е подобар од Audi A4, Mercedes Класа С и Volvo S40 со што им фрла ракавица в лице на трите премиум марки и тоа не е се...
Доколку некој се сомнева во наведеното Suzuki има лек и за скептиците. Сето тоа го документирал во серија рекламни видеа кои ги прикажува на специјалната интернет страница Kizashi Kicks или Kizashi растура...

Izvor
« Последно менување: 24 Декември 2010, 23:39:52 pm SceMax »