Сувите масла (dry lube) можат да бидат восочни, тефлонски или керамички. За во лето, кога е суво и има многу прашина се супер пошо не ти се пуни ланецот со говна кои после ќе ги избришеш со фармерки, ама проблемот е што лесно се измиваат, така да ако те фати дожд ќе треба да чекаш да ти се исуши ланецот и одново да нанесеш уље. Другата опција, wet lube, е добра за во влажни услови пошо не се трга толку лесно од ланец - ко што си знаете, си ги задржува подмачкувачките способности подолго време и повеќе километри, додека преносот помалку галами во однос на dry lube. Башка и имаш некоја заштита од корозија. Проблемот е што мораш после ланецот со нафта да го чистиш.
Ако често си го чистиш точакот и не те мрзи да го одржаваш пиц пец, не дозволувајќи да ти се соберат топки земја у пренос, подобро е да користиш мрсно масло. Сувото е за нас мрзливите. Ма да, мислам дека ако е за некој троу-авеј точак за кој нема да се замараш и ретко ќе го носиш на сервис, сепак е подобро некое мрсно уље, чисто ради тоа што сувото може да се истроши или измие а ти да не приметиш и да го возиш така, што би можело да води до други трошоци во форма на нов ланец и касета.