Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 823907 пати)

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6908
Одг: Велосипед
« Одговори #6105 на: 26 Септември 2020, 19:43:17 pm »
Абе дајте МТБ кој има за продавање, 29", понов некој.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29154
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #6106 на: 01 Октомври 2020, 11:20:11 am »
Убава новост од САВА Осигурување - осигурување за велосипедисти и каско за велосипеди.

Инфото кое го добив:

---

За осигурување на велосипедист има три пакети на годишно ниво.

Едниот е 1200 денари со сума на покритие 3000 евра за несреќен случај, траен инвалидитет 6000 евра, кршење коски  50 евра.

Вториот е 1900 денари со сума на покритие 5000 евра за несреќен случај, 10000 евра траен инвалидитет, кршење коски 100 евра

И трет пакет со највисока сума на покритие. 2700 денари е цената годишна. Суми на осигурување: 10.000 евра несреќен случај, инвалидитет 20.000 евра, кршење коски 100 евра.

Кај сите три пакети има и покритие одговорност кон трети лица.

За каско полиса, задолжително е да имате избрано еден од понудите пакети. Цената се одредува според новонабавната вредност на Вашиот велосипед. Ако не ја знаете, праќаме барање до сектор со информации за моделот и годината на производство.

---

Ориентационо каско за велосипед е 4000 денари годишно за точак што чинел 600 евра. Скапичко, ама први се, па им се може. Осигурувањето од кражба важи само на претходно дефинирана адреса наведена во полисата. Важи и за подрум или заедничка просторија во влез но да е заклучен т.е. да има обивање на врата.

---

Ова ми е малку без врска, крадењето не е само од дома, мене пробаа точакот на јавен паркинг за точаци пред Сити Мол да ми го крадат (соодветно заклучен, нормално), плус „обивање врата“ е лош услов, има милион згради до несредени влезни врати...

Али ете, чекор напред.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #6107 на: 01 Октомври 2020, 11:30:35 am »
Што е ВАЖНОТО во ова, дека се нуди осигурување за велосипедист, а не за велосипед. Страшно битна работа за електрични точаци и тротинети, и ваков вид на осигурување да стане задолжителен за такви моторизирани ствари кои немаат своја идентификација (шасија). Секако дека ако еднаш стане задолжително цената ДРАСТИЧНО ќе падне, сигурно на ниво на 50цц скутер. Значи околу 500 денари годишно за осигурување од одговорност кон трети лица. Браво за чекорот на Сава.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Велосипед
« Одговори #6108 на: 01 Октомври 2020, 11:36:48 am »
Дени ме претрка во ова, истото ќе го викав. Велосипедот мање више, ќе го прежалам ако се укради, ќе го поправам ако се оштети/скрши, ќе го продадам што и да е. Мене ако ме дигне на хауба и да ми го набие фемурот во предницата, е тогаш ќе си ја чешам главата. Побитното е што има за самиот велосипедист, што за мене лично е одлична одлична вест. Посебно последниве 4-5 месеци како што возам интензивно низ Скопје.

Воопшто не се лоши првите три пакети, кој било да се одбери, нема да се згреши. Фала ти за ова @zeroSignal и браво за САВА

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29154
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #6109 на: 01 Октомври 2020, 11:37:46 am »
Еве еден поттик за @Винер Осигурување да понудат и они нешто. :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #6110 на: 01 Октомври 2020, 11:39:39 am »
Дени ме претрка во ова, истото ќе го викав. Велосипедот мање више, ќе го прежалам ако се укради, ќе го поправам ако се оштети/скрши, ќе го продадам што и да е. Мене ако ме дигне на хауба и да ми го набие фемурот во предницата, е тогаш ќе си ја чешам главата. Побитното е што има за самиот велосипедист, што за мене лично е одлична одлична вест. Посебно последниве 4-5 месеци како што возам интензивно низ Скопје.

Воопшто не се лоши првите три пакети, кој било да се одбери, нема да се згреши. Фала ти за ова @zeroSignal и браво за САВА
Не се разбравме баш. Јас викам дека одговорност кон трети лица ако оштетиш, а не за тебе.

За тебе лично ако те сроза некој е друго осигурување - животно или работно 24/7. Имаш и сега такво и кошта 100-500 денари месечно. Го нудат повеќето компании ако не и сите. И тоа опфаќа СЕ за тебе, а не само точакот. Тоа е мање више многу безвезе да го немаш.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10888
  • 430i
Одг: Велосипед
« Одговори #6111 на: 01 Октомври 2020, 13:05:05 pm »
кршење коски 100 евра

малиот скрши рака и имаше школско колетивно осигурување од 100 ден. за година
уника исплатија 8.400 ден.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29154
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #6112 на: 01 Октомври 2020, 13:43:23 pm »
Велосипедот мање више, ќе го прежалам ако се укради, ќе го поправам ако се оштети/скрши, ќе го продадам што и да е.

Мене па за крадењето ми е. Овие од НаТочак место да урлаат за глупости, треба да напраат медиумски притисок (ако ништо друго, по социјални медиуми, доволно се гласни) осигурителни компании да понудат осигурување за точаци, а и да се намонтираат безбедни паркиралишта (со надзор и чувар, што ќе се плаќаат) за точаци на клучни локации.

Во Велика Британија си постои регуларно осигурување на точаци против кражба, грубо околу 10% од вредноста на точакот се плаќа годишно, и осигурен си. Било каде, не само дома. И крај.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #6113 на: 02 Октомври 2020, 08:23:25 am »
Мозок имаат ли бе?

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1820
Одг: Велосипед
« Одговори #6114 на: 02 Октомври 2020, 08:42:41 am »
Утре ќе вози некој на отварањето на велосипедската патека ?

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6908
Одг: Велосипед
« Одговори #6115 на: 02 Октомври 2020, 09:05:35 am »
Утре ќе вози некој на отварањето на велосипедската патека ?

Подобро немој, ќе биде ептен гужва, а тесна е, нема место за поминување, има да биде хаос.

Почекај си некој ден да стивне галамата, па на раат пушти се.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29154
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #6116 на: 02 Октомври 2020, 09:19:20 am »
Мозок имаат ли бе?
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ау, од овие држачите за крадење точаци ставиле. :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #6117 на: 02 Октомври 2020, 09:32:36 am »
Тури профилчиња подебели, вкрутени барем на 3-4 места секое.

И оние „спајалиците“ во парк. Мозок 0. Значи... Значи...

Кантите во парк со листови нагоре.

Сето тоа е ПРЕМНОГУ подложно на вандализам. Нормално дека кантите ги искривија во првите 10 дена цели. Спајалиците се сите искршени и однесени после 6 месеци. Овој циркуз колку време ќе треба за првите пијани тинејџери да ги искриват сите шипчиња? Недела? Две?

Шизофренија по дефиниција:
Цитат
Schizophrenia is a serious mental illness that affects how a person thinks, feels, and behaves. People with schizophrenia may seem like they have lost touch with reality.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6643
Одг: Велосипед
« Одговори #6118 на: 02 Октомври 2020, 09:39:23 am »
Тури профилчиња подебели, вкрутени барем на 3-4 места секое.

И оние „спајалиците“ во парк. Мозок 0. Значи... Значи...

Кантите во парк со листови нагоре.

Сето тоа е ПРЕМНОГУ подложно на вандализам. Нормално дека кантите ги искривија во првите 10 дена цели. Спајалиците се сите искршени и однесени после 6 месеци. Овој циркуз колку време ќе треба за првите пијани тинејџери да ги искриват сите шипчиња? Недела? Две?

Шизофренија по дефиниција:
Цитат
Schizophrenia is a serious mental illness that affects how a person thinks, feels, and behaves. People with schizophrenia may seem like they have lost touch with reality.
Тендерот вика држачи за точак, тендерашите викаат тури најнајнајтенко за да остане повеќе ќеш за делење.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Велосипед
« Одговори #6119 на: 02 Октомври 2020, 13:10:54 pm »
Утре ќе вози некој на отварањето на велосипедската патека ?

Ќе пишував дека ќе ве фоткам, ако некој од вас се качува, ама најверојатно нема да бидам ни јас присутен.