Автор Тема: Измерена потрошувачка на гориво  (Прочитано 1794111 пати)

Отсутен Stariot

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14220 на: 23 Февруари 2021, 11:58:13 am »
Мене и даље ми личи преголема потрошњава... Барем јас секојдневно кркам гужви и просечната брзина ми е слична на оваа, 147цата не сум ја кренал над 9.5.. 1.9 јтд 16v 140ks..
Mito бекрио е доста полесно, со поекономичен мотор, моја претпоставка е дека не би одело над 8л во гужви.
И јас се согласувам со твоето мислење, јас предтоа имав астра гтц 1.9 150кс, и во зима потрошувачка не ми одеше над 9-9.5 со тоа што доста поспоро креваше температура.

Отсутен Stariot

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14221 на: 23 Февруари 2021, 12:00:39 pm »
Знаете некој добар мајстор кај што би можел да ја ставам на компјутер пак, да види се убаво и да ми каже што е како е?

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7290
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14222 на: 23 Февруари 2021, 12:03:19 pm »
Знаете некој добар мајстор кај што би можел да ја ставам на компјутер пак, да види се убаво и да ми каже што е како е?

Их, тоа веќе не е мајстор... најдобар другар е. ;D :D

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10032
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14223 на: 23 Февруари 2021, 12:13:47 pm »
Да не се правам сезналица... :)

Најверојатно поради зголемената потрошувачка ти крева побрзо температура.

За споредба, Меганот 1.5dci на мојата релација едвај почнуваше да загрева.
Со i30 е каде каде подобро но сепак периодов стига (од око) до некои 70 степени (згора по угорниците низ Пржино до Козле).

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17266
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14224 на: 23 Февруари 2021, 13:01:00 pm »
Знаете некој добар мајстор кај што би можел да ја ставам на компјутер пак, да види се убаво и да ми каже што е како е?

Тебе ти треба сервис за дијагностика кој ќе ги отчита параметрите на сите сензори на моторот и ќе ги спореди со референтни вредности во кои тие сензори треба да работат (вредностите сам можеш да ги најдеш некако на интернет, и да му ги однесеш да ги споредува).

Пробај со сервиси како Автотек или Сервис Илија во Ѓорче каде ќе го објасниш проблемот и ќе ги замолиш да ја извршат дијагностиката на тој начин, па ако треба и во возење.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1721
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14225 на: 23 Февруари 2021, 13:07:38 pm »
Јас колку што знам (скоро) сите алфисти на форумов одат кај Жаре. Доколку појди Старио таму нема да му се најди проблемот (да се направи дијагностика, следење на параметри во движење и сл)?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6358
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14226 на: 23 Февруари 2021, 13:08:48 pm »
Не ја стискам еве и тоа да кажам, до работа имам околу 7км, додека стигнам на работа веќе има кренато 90 степени, ама сепак толку да троши не е нормално, и дали би можело да е толку зголемена потрошувачката поради маф сензорот.
Во аутомобиле СК не ми прават дијагностика бидејќи не правеле доколку немало некоја грешка или проблем на инструмент табла
Чим ти стигнува до 90 степени (периодов?) сигурно те фаќаат убави гужви.
Јас ја имам истата километража до работа но без гужви, односно стигнувам за околу 15/20 минути, нема теорија да постигне 90 степени, а потрошувачката оди и до 7,5 доколку сум само на таа релација (ова за зимски период).

За појасно со 1.4 црди :)

ПС додуше ретко сум останувал подолго од 4 дена само на релација работа/дома.
Од козле до аеродром секој ден одам од прилика околу 8:00, стигам за некои 15-20 мин што не значи дека ме фаќа некоја голема гужва, инаку колата дига брзо температура, во гаража ја оставам 5 минути да поработи на сабајле, ако е ова од некоја помош.
Маф сензорот е оргинал за таа кола, сега споредив според шифрата изгравирана на него.
Го најдовме проблемот! Да не ја оставаш 5 минути да поработи, едноставно нема никаква потреба. 1 мин максимум ако нешто психички ти значи.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3522
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14227 на: 23 Февруари 2021, 13:37:19 pm »
Не игра тоа улога, еве и јас сега кога беше -10 ја оставав да поработи вместо 3-4 минути а некогаш и подолго па просечна потрошувачка за ми е 8л/100Км
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10032
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14228 на: 23 Февруари 2021, 13:38:24 pm »
Плус во гаража на барем 15 степени, лесно ќе стигне до 90 за разлика од мојата надвор на -5/-10...

Отсутен Stariot

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14229 на: 23 Февруари 2021, 13:46:42 pm »
И јас мислам дека нема врска тоа дека ја оставам 5 минути да поработи, само и на сервис не знаат точно да кажат искрено не знам веќе кај да отидам, се јавив кај Илија во Ѓорче ми вика за 2 недели термин...

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10032
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14230 на: 23 Февруари 2021, 14:00:32 pm »
Оди да го извозиш карклуб тестот по обиколница, така ќе се види најубаво.

Градските вожњи се чурук, минимална дневна разлика во навики/стилови/релации на возење ќе резултира со поголеми разлики во потрошувачка на месечно ниво.

Така некому ќе му троши 9, некому 10...

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8782
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14231 на: 23 Февруари 2021, 14:14:18 pm »
Decki mislam deka nema logika na rabota za zagrevanje kola koja nema sauh ko lada samara ili golf 2ka.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6358
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14232 на: 23 Февруари 2021, 14:36:24 pm »
Не игра тоа улога, еве и јас сега кога беше -10 ја оставав да поработи вместо 3-4 минути а некогаш и подолго па просечна потрошувачка за ми е 8л/100Км
Ти заедно живееш со дечкото што вози алфа и иста релација возите?
Иначе, дали е +40 надвор или -10, во лер кога ќе ја запалиш сабајле горе доле исто троши гориво. Во зима може само првата минута да троши 1 литро на час и после ќе спушти измеѓу 0.3 и 0.8.

Се бара проблем со моторот каде што не постои. Возиш 7км до работа со просечна брзина како што кажа од 20км/ч а тоа е права гужва тргни застани и + работи во гаража 5 минути ладен мотор кога троши најмногу гориво. Ресетирај борд повози една недела без да работи колата во гаража и кажи колку ќе ти искочи просек.

По каталог гледам официјално градска троши 6 литра, што за дизел по "oфицијално" не е малку, додади +1.5-2 за реално да дојде значи испод 7.5-8 литра во град не си со нормално возење без да си цело време во гужви.


Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3522
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14233 на: 23 Февруари 2021, 14:38:57 pm »
Не живееме на исто место ама имаме слична средна брзина. Кај мене е 23,5км/х
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Stariot

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #14234 на: 23 Февруари 2021, 14:42:40 pm »
Не игра тоа улога, еве и јас сега кога беше -10 ја оставав да поработи вместо 3-4 минути а некогаш и подолго па просечна потрошувачка за ми е 8л/100Км
Ти заедно живееш со дечкото што вози алфа и иста релација возите?
Иначе, дали е +40 надвор или -10, во лер кога ќе ја запалиш сабајле горе доле исто троши гориво. Во зима може само првата минута да троши 1 литро на час и после ќе спушти измеѓу 0.3 и 0.8.

Се бара проблем со моторот каде што не постои. Возиш 7км до работа со просечна брзина како што кажа од 20км/ч а тоа е права гужва тргни застани и + работи во гаража 5 минути ладен мотор кога троши најмногу гориво. Ресетирај борд повози една недела без да работи колата во гаража и кажи колку ќе ти искочи просек.

По каталог гледам официјално градска троши 6 литра, што за дизел по "oфицијално" не е малку, додади +1.5-2 за реално да дојде значи испод 7.5-8 литра во град не си со нормално возење без да си цело време во гужви.
Важи ќе пробам вака, фала на совет и консултација, а и за најточно мерење сега на 100км ќе отидам на бензиска да дополнам до горе, да видам колку ќе дополни