Fiesta 2012 1.25 на LPG со 38 литра плин, Скопје - Софија (3 дена во Софија) - Скопје и уше ден/два беше просекот во идеални услови, без клима, летни гуми, сам во кола.
Просекот ми е 550км со 38/39 литри плин или 1000/1200 денари поради тоа што градска скоро воопшто не ја возам, затоа што живеам на 4 минути од работа. Од економична гледна точка, бонбона е. Во град лудава троши 8/9 зимно време и 12.
Си ги праам математиките со Хибрид, посебно со Ионикот на Хјундаи од било која гледна точка ти се исплати кола со слаба коњажа + ЛПГ него ли хибрид/електричен автомобил. Прво, Ионикот е во класа на Елантра или И30ка шо значи од старт е 7-10.000еур поскап само ради батериите, кога ќе израчунаш дека плинот е пола евро, 20.000 литри ги добиваш само затоа што не си ги дал тие 10.000еур за хибридот
ако ти е за низ град и да ја тераш цело време на струја и е плаг ин и дома имаш соларни панели и државата ти е Холандија и имаш бесплатни чарџери а секој паркинг и пред секој мол, продавница, стадион, хотел не би размислувал - но сепак мислам дека не сме дораснати уште за нив и нивното размислување, сепак они имаат и поголеми давачки кога колата е загадувач, за разлика од нас што ние имаме помали давачки кога колата е поголем загадувач.
Во секој случај, сума сумарум мојата кола троши 5 литри на отворено плин кога не е натоварена и ја терам до 3000/3500 вртежи, претежно математикава е од патот Скопје - Софија, пошо за 2/3 години 120.000 поминав низ дупкине од Дељадровци до Деве Баир, потоа ти станува мука зашо имаш кола со 70/80 коња на и неможе поќе oд 180 да дигне, иако веќе на 160 осеќаш дека немаш контрола.
Друга интересна измерена математика Ливорно - Скопје, преку Словенија, Хрватска и Србија = 80 евра во плин