Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
....
И да не падне, одлична е потрошувачката за тија коњове
Цитат: Simo - Carrier159 на 11 Јуни 2018, 06:58:40 amИ да не падне, одлична е потрошувачката за тија коњове Нормално дека е одлична. Технологијата оди напред. Пред десетина петнаесет години таа потрошувачка е на коли со максимум 130-150кс бензин.
Цитат: Luki Junior на 11 Јуни 2018, 07:00:27 amЦитат: Simo - Carrier159 на 11 Јуни 2018, 06:58:40 amИ да не падне, одлична е потрошувачката за тија коњове Нормално дека е одлична. Технологијата оди напред. Пред десетина петнаесет години таа потрошувачка е на коли со максимум 130-150кс бензин. Не се жалам воопшто и вака да си остане, очекував повисока да биде, дури се сомневав дека борд компјутерот на @InSides е расипан кога ми покажуваше кај него.... а можеби и мојот е расипан
Во врска со темата за измерена потрошувачка на гориво. Интересно истражување за Economic Cruise Control, чии резултати се делумно искористени во поновите генерации на турбо бензин моторите. Конкретно кај мене понекогаш осеќам дека колата воопшто нема моторно кочење, а понекогаш како да имам церада кренато над кола. Зависи од сообраќајот, делницата, дали претходно нон стоп имам возено градска со многу старт-стоп циклуси, дали работи компресорот за клима или не. Во истражувањето се земени само географските параметри (удолници-угорници) средната брзина, и потрошеното гориво. https://www.hs-heilbronn.de/5023311/coasting-on-highways.pdfВо секој случај интересно четиво.
Поминати 430км со 27л плин.Потрошувачка околу 5.9л/100км.Цена 865 ден.На бензин ми трошеше околу 5.6, на плин 5.9. денес измерив.Морам да напоменам дека дека не ми заврши плинот, ми светеше црвено, и затоа ставив, можев да стигнам и до 440 или 450 км.
Fiat Punto Classic, 1.2 8v, 2008Ќеф ми прави да возам економично (да се разбереме, тоа не значи бавно). Но правилно менување на брзини, што помалку кочници, отпуштање на гас наместо кочење, без нагли забрзувања итн итн.