Автор Тема: Fiat Punto 2001 порамнување на фарови (headlights align)  (Прочитано 377 пати)

Отсутен Filmk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Fiat Punto 2001 порамнување на фарови (headlights align)
« на: Септември 17, 2020, 01:04:52 am »
Здраво, не знам дали точно овде треба да пишувам за овој "проблем" бидејќи сум нов на форумов.
Имам Фиат Пунто 2001г и имам голем проблем со светлата на колата и ноќна вожња е буквално мачење, затоа што светлата се насочени многу кон лево да светат. Барав по интернет како можам да го решам проблемов, но ништо не направив.
На двата фарови има 2 пластични зупченици, но ниту 1 од нив не ги порамнува светлата Хоризонтално , туку само вертикално и на крај ги изместив да "тепаат" у небото
Ве молам доколку некој има слично искуство да сподели како може да се реши овој проблем.

И кои сијалици можам да ги ставам како замена на овие зато што многу се слаби, а јас не се разбирам (да не се од оние кинеските ЛЕД што можат човек да ослепат)
Поздрав!



Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14632
  • Цитрон Скара 1.4i
Одг: Fiat Punto 2001 порамнување на фарови (headlights align)
« Одговори #1 на: Септември 17, 2020, 01:14:11 am »
Пунто 2 има добро познат проблем со фаровите - горат рефлектирачките површини внатре во фарот и снопот што го гледаш на патот е само бледа светлина.

Твоите фарови се дополнително со скршени подесувачи штом не можеш да ги подесиш и во двете насоки.

Би рекол дека ти е време за нови фарови. Разгледај прво нови, пример од www.karoserija.mk што продаваат, ако не ти одговараат цените, барај половни (ама да знаеш дека може да налеташ на изгорени како твоите).

Отсутен Filmk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Fiat Punto 2001 порамнување на фарови (headlights align)
« Одговори #2 на: Септември 17, 2020, 01:26:55 am »
слика од фарови (компресирана до 128kb :'(

Отсутен Filmk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Fiat Punto 2001 порамнување на фарови (headlights align)
« Одговори #3 на: Септември 17, 2020, 01:36:07 am »
Пунто 2 има добро познат проблем со фаровите - горат рефлектирачките површини внатре во фарот и снопот што го гледаш на патот е само бледа светлина.

Твоите фарови се дополнително со скршени подесувачи штом не можеш да ги подесиш и во двете насоки.

Би рекол дека ти е време за нови фарови. Разгледај прво нови, пример од www.karoserija.mk што продаваат, ако не ти одговараат цените, барај половни (ама да знаеш дека може да налеташ на изгорени како твоите).

Мислам дека е премногу 10 илјади за фарови
Нема да се подобри светлината ако ставам некои појаки сијалици?

Кои сијалици одговараат за Пунто 2

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 38705
  • Il Moderatore
    • alfisti.mk
Одг: Fiat Punto 2001 порамнување на фарови (headlights align)
« Одговори #4 на: Септември 17, 2020, 07:06:39 am »
Две работи:
1. Провери дали сијаличките се добро и правилно наместени (убаво стокмени во лежиште, не на криво, не наопачки...)
2. Појди во ПСС или на било кој технички, ќе ти ги наштелуваат фаровите.

Дополнително, ако се изгорени рефлекторите, ќе имаш слабо светло и после штелувањето. Тогаш немаш спас, освен нови рефлектори.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Pane-G

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 211
Одг: Fiat Punto 2001 порамнување на фарови (headlights align)
« Одговори #5 на: Септември 17, 2020, 09:28:17 am »
А зарем нема ли таква опција во фарот со моторче да се насочува  како кај голфојте???


Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3501
Одг: Fiat Punto 2001 порамнување на фарови (headlights align)
« Одговори #6 на: Септември 17, 2020, 10:00:11 am »
Да не ти се британски фаровите?

Отсутен Filmk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Fiat Punto 2001 порамнување на фарови (headlights align)
« Одговори #7 на: Септември 19, 2020, 10:34:27 am »
Две работи:
1. Провери дали сијаличките се добро и правилно наместени (убаво стокмени во лежиште, не на криво, не наопачки...)
2. Појди во ПСС или на било кој технички, ќе ти ги наштелуваат фаровите.

Дополнително, ако се изгорени рефлекторите, ќе имаш слабо светло и после штелувањето. Тогаш немаш спас, освен нови рефлектори.


Најдов добри сијалици препорачани од Carbox,  Philips Racing Vision H7 за 1400ден во пар, уште на технички да ја однесам, па ќе ви пишам дали има подобрување.
Поздрав

https://carbox.mk/product/sijalici-philips-h7-racing-vision-2bulb-362374/

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Fiat Punto 2001 порамнување на фарови (headlights align)
« Одговори #8 на: Септември 19, 2020, 11:03:40 am »
Најверојатно ќе треба да ги замениш рефлекторите, односно целиот сет на лупи. Има луѓе кои се занимаваат со тоа, или пак, доколку сакаш, можеш самиот да си нарачаш од Aliexpress, верувам дека со нови, разликата ќе биде огромна.

Отсутен razormk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Fiat Punto 2001 порамнување на фарови (headlights align)
« Одговори #9 на: Септември 19, 2020, 12:17:51 pm »
Две работи:
1. Провери дали сијаличките се добро и правилно наместени (убаво стокмени во лежиште, не на криво, не наопачки...)
2. Појди во ПСС или на било кој технички, ќе ти ги наштелуваат фаровите.

Дополнително, ако се изгорени рефлекторите, ќе имаш слабо светло и после штелувањето. Тогаш немаш спас, освен нови рефлектори.


Најдов добри сијалици препорачани од Carbox,  Philips Racing Vision H7 за 1400ден во пар, уште на технички да ја однесам, па ќе ви пишам дали има подобрување.
Поздрав

https://carbox.mk/product/sijalici-philips-h7-racing-vision-2bulb-362374/
рефлекторите се изгорени најверојатно, кај мене така беше, ги сменив и сега е како нова.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
Одг: Fiat Punto 2001 порамнување на фарови (headlights align)
« Одговори #10 на: Септември 19, 2020, 13:11:25 pm »
Штом проблемот ти е во лево-десно светење, односно премногу лево ти светат, додека горе-доле немаш проблем и притоа со механизмот не можеш да ги наштелуваш, а скапо ти е да менуваш два нови фара, тогаш има едно просто решение.
Вадиш фаровите, и на левата страна на штрафовите ќе ставиш шајбни и на тој начин ќе ги изместиш минимално фаровите према десно и ќе си го решиш проблемот.

Јас на фелицијата имав таков проблем, плус имав и скршен држач на левиот фар и заради него ми светеше во небо фарот, додека пак десниот фар бегаше многу во лево (толку лево што снопот речиси и да светеше до лентата во средина на патот, особено на долго светло ова се приметуваше) и плус светеше доле.
И јас се мачев со тие механизмите, читав по интернет дека едните служат за горе доле, другите лево десно, уствари фарот само горе доле ми одеше.

Си ставив една вечер картон на 2 метри пред колата, обележав репер како ми светат така раштеловани светлата, потоа утредента си фатив со работа вадење фарови, подесување со шајбни и си ги дотерав фаровите.

И сега снопот си е точно наштелуван да свети во лентата во која се движам наспроти претходно кога левиот фар светеше во Монт еверест висина, а десниот фар малтене во спротивна лента.

Отсутен Filmk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Fiat Punto 2001 порамнување на фарови (headlights align)
« Одговори #11 на: Септември 19, 2020, 13:43:02 pm »
Баш така на левата страна 1 метро од колата се познава блед сноп светлина и воедно тепат во небо. Катастрофа
Од каде можам да набавам рефлектори и каде можам да ги сменам?

Отсутен razormk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Fiat Punto 2001 порамнување на фарови (headlights align)
« Одговори #12 на: Септември 19, 2020, 15:05:24 pm »
Баш така на левата страна 1 метро од колата се познава блед сноп светлина и воедно тепат во небо. Катастрофа
Од каде можам да набавам рефлектори и каде можам да ги сменам?
https://www.facebook.com/xenon.com.mk