Ништо не се случило, кој стигне глупости си пишува. Rimac е една од најбрзо растечките компании во автомобилската индустрија. Технологиите кои ги нудат се неколку нивоа понапред од оние досега достапните. Никогаш не изјавиле дека нивна цел е произведување на возила за широката маса, напротив, возилата кои ги произведуваат им се за show-off за тоа што се способни да изработат.
Не за џабе Porsche купи 10% од акциите, со цел заедно да развиваат технологии за нивните идни електрични возила, претпоставувам не само на Porsche туку и на цела VW групација. Иднината за Rimac e светла, нивната цел е да станат едни од водечките производители на технологии за електрични возила и со оглед на тоа што постојано се шират се надевам дека ќе ја постигнат целта. Соработката со Porsche е само почеток на нешто многу поголемо, кое за компанија од бивша YU е огромен успех.
Кога сме кај дечките со Фиќото, супер што се потрудиле, но сепак незнам кој им е пазарот за такво нешто и дали воопшто постои. Она што функционира во USA, како EVWest, не значи дека ќе функционира и тука. Сметам дека многу попаметно е енергијата да ја насочат на развој на електричен скутер кој ќе има максимална брзина од 50-60km/h, опсег од 30тина km со цена достапна за широката маса. Пазар локален имаат, скутери врие низ Скопје. Наместо една кола продадена во една година, зошто да не се 10 скутери во месец. Ова е само мое видување, а нив им посакувам многу успех.