Автор Тема: Електрични автомобили и хибриди  (Прочитано 127643 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
Електрични автомобили и хибриди
« на: Декември 21, 2010, 15:42:03 pm »
Овде можеме да пишуваме за сите електрични и хибридни автомобили, така што кога ќе излезе нов модел веднаш би можеле да го споредиме со некој од посточките.

« Последно менување: Декември 21, 2010, 15:51:47 pm LosiPatista »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
Chevrolet подготвува crossover?
« Одговори #1 на: Декември 21, 2010, 15:43:28 pm »
Chevrolet планира на саемот во Детроит да покаже нов crossover кој ќе се вика Amp, а ќе биде базиран на сегашниот Volt. ...





Се работи за crossover кој ќе ја користи истата базична архитектура - моторот и батериите од Volt. Amp ќе биде класичен crossover со пет седишта и ќе му помогне на GM да ги развлече своите трошоци за развој на повеќе од еден модел.

General Motors веќе некое време најавува crossover базиран на Volt, Интересно, компанијата успеа да го купи интернет домејнот со име Amp. Во комбинацијата со откривањето на Volt MPV5 Concept, на саемот во Пекинг, електричниот crossover можеби ќе го видиме наредниот месец на саемот во Детроит.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
Мит или вистина, анализира компанија која се бави со инфраструктура за подршка на електричните автомобили...



Производителите на автомобили односно нивната скептичност за електричните автомобили се најголемата пречка за нивната масовна имплементација.

Како што изјави Shai Agassi, основач и извршен директор на Better Place, компанија која се бави со инфраструктура за подршка на електричните автомобили, најголемата препрека на електричните автомобили не е нивната ограничена автономија, туку самата скептичност на производителите на автомобили во однос на електричните автомобили. Agassi смета и дека денешните автомобили кои се со мотор со внатршно согорување би можеле до 2020 година да ги сметаме за застарени, но таквата иднина ја спречуваат производителите кои не веруваат во имплементацијата на батерии, па го кочат и развојот на електричните автомобили. Или, во најмала рака, така им одговара.

Сегашната технологија овозможува електричните автомобили да поминуваат по 160 km, со само едно полнење на батериите. Но Better Place, тој проблем сака да го реши со замена на батериите, со што би се избегнало долгото чекање поради полнење.
 
Калифорниската компанија, во последните шест месеци го тестира овој систем на такси автомобилите во Токио, а исто така има нарачано и 100.000 електрични автомобили на Renault Fluence. Од овие, 70.000 ќе бидат преку лизинг понудени на израелските компании.
 
Првиод дел на израелската инфраструктура на електрични автомобали ја чинела компанијата 150.000 милиони американски долари, но таа сума ако се гледа од појасна перспектива би се согледало дека Израелците тие пари ги трошат на гориво за само шест дена.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
енатот во САД ги изгласа мерките со кои би се постигнала поголема бучава кај електричните и хибридните автомобили. ...

Без разлика дали навистина постои потреба од вакво нешто, Сенатот на САД едногласно го изгласа налогот за спроведување на оваа мерка. Системот кој ќе биде вградуван во сите електрични и хибридни автомобили, ќе создава бучава со која ќе може да бидат предупредувани и пешаците во сообраќајот.

Актот кој е наречен „Зајакнување на безбедноста на пешаците“ 2010 година, е подржан и од демократскиот сенатор John Kerry. Овој акт има за цел да се воспостават стандарди за алармирање на пешаците од потенцијална опасност од автомобил кое се движи.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
Електричните возила ќе се полнат безжично!
« Одговори #4 на: Декември 21, 2010, 15:47:21 pm »
Ова веројатно и бил сонот на Никола Тесла – трансфер на струја преку воздух. Две водечки компании за развој на електрични возила, развиваат систем кој би ги полнел со електрична енергија безжично...



Delphi Automotive и WiTricity Corp. корпоративно ги здружија силите за да развијат систем кој ќе овозможи електричните возила да се полнат безжично. Системот нема да овозможи полнење на возилата додека се движат, но ќе може да се вградува на паркинзите на подот, притоа овозможувајќи полнење на возилото, кое би имало рецептор во долниот дел на автомобилот.

Според претседателот на WiTricity, Ерик Гилер, системот треба да го олесни полнењето на електричните возила, односно, тој вели дека полнењето треба да биде исто толку лесно колку паркирање на автомобилот. Инаку, системот кој тие го развиваат, веќе може да пренесе преку 3.300 W, односно исто колку што може да понуди класичниот жичен полнач.

Секако, овој систем ќе го олесни полнењето на електричните возила, но и понатаму ќе бара време за целосно да ги наполни батериите. Сепак, во рана фаза на развој на електричните возила сме, па за очекување е дека тие во иднина ќе се полнат и во движење.

Таков систем пред неколку години имаа претставено студенти од Јапонија. Нивната идеја е, преку електромагнети поставени странично од патот, во возилата, кои би имале рецептори на магнетните сили, константно да се индуцира струја и притоа да се полнат нивните батерии... Научна фантастика, нели?


http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=1086

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
CT200h ќе биде најевтин Lexus
« Одговори #5 на: Декември 21, 2010, 15:54:09 pm »
21.12.2010
Од Lexus најавуваат дека продажбата на првиот компакт на марката CT200h кој згора е и хибрид ќе стартува на пролет следната година и истакнуваат дека тој ќе биде најдостапен модел во програмата.



Премиум компактот ќе се продава со четири нивоа на опременост именувани како Eco, Business, Executive и Luxury. Основната верзија Eco ќе биде опремена со ABS, EBD, ESP, аудио систем со 6 звучници, USB и Bluetooth, автоматски клима уред, леснометални бандажи од 15 инчи, седум воздушни перници каде влегува и воздушната перница за колената на возачот и друго.

Оваа верзија во Европа ќе стартува со цена од околу 24.000 евра во зависност од пазарот и давачките. Следното ниво на опременост Business веќе нуди камера за набљудување на периметарот околу автомобилот со модус за возење во рикверц и слика која се прикажува на централниот екран од течни кристали остелив на допир.

Следи темпомат со ограничувач на брзината, внатрешно огледало кое се затемнува автоматски, седишта со греење, сензор за дожд, светла за магла и леснометални бандажи од 16 инчи. Оваа верзија ќе стартува со цена од околу 26.000 евра.

Верзијата Executive нуди и светлечки диоди за возење дење вкомпнирани во предните светла, прскалки за миење на предните светла, темни стакла и леснометални бандажи од 17 инчи. За оваа верзија купувачите ќе мораат да издвојат околу 28.000 евра.

Шлагот даѓа на крај. Врвното ниво на опеменост Luxury нуди висококвалитетен аудио систем со 13 звучници и Surround 7.1 кого го испрачува специјалистот Mark Levinson, сателитска навигација со хард диск од 10 Gb, трепкачи во страничните ретровизори и друго.

Цената на оваа верзија е најсолена и ќе стартува од околу 33.000 евра. Кај сите модели за лак со метален ефект ќе се доплатуваат 580 евра, а во понудата стојат 10 различни бои на каросеријата.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен SceMax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
  • In Diesel We Trust !!!
Gradenje na Vasite sni :)
« Одговори #6 на: Декември 21, 2010, 17:21:28 pm »
Bez kinez nema zabava, glavna zvezda za mene e BYD e6. Samo toj i negovite braka i bratucedi mozat drasticno da ja smenat auto-moto industrijata vo dekadava koja sledi. Ako cekame od "zapad" ....zdravje za edno 50 godini

(...E6 full-electric crossover, reportedly capable of a 250-mile trip on just one full charge, putting it ahead of any electric car for sale or announced...)



Izvor
Izvor2
BYD site
« Последно менување: Декември 21, 2010, 17:27:58 pm SceMax »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 19518
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #7 на: Декември 21, 2010, 17:38:31 pm »
Најискрено, мене ми немаат поента електрични автомобили, како единствен автомобил во семејството. Хибрид е нешто друго, може да се користи секогаш, ама електричен, најн... Убавото кај хибридот е што кога год почнат да се празнат батериите, има друг мотор да ги надополни. Затоа можат да се користат насекаде. Арно ама, електричниве се наменети исклучиво само за низ град, или за прилично кратки релации, чисто поради тоа што, ако батериите се испразнат, је** га, толку е, викај шлеп служба. Башка, што правиме, еве да речеме во зимски услови? Пуштено греење, челични тркала, зимски гуми, одмаглувач за стакла и ретровизори, радио... И таман стигаш да излезеш од паркинг, даваш жмигавец и ТАДАМ!! Толку... Ајде назад пак на полнење...
Затоа електричните се поприлично без поента... За да држат повеќе, треба повеќе батерии, што ја зголемува тежината, со што, на подолг интервал, ќе го зголеми загадувањето и пак на крајот на краиштата се губи самата поента за нивното постоење... Муабет да не правиме за самиот прљав процес на правење на батериите... Ама па од друга страна, копањето нафта сигурно не е нешто почист :) Ама па затоа, зошто да се „измислува“ нешто ново, ако не е во гоооолема мера подобро од претходното?
Немам ништо против хибриди, освен преголемиот акцент на аеродинамичноста, па изгледаат троа грдо. Или како во случајот на Honda CRZ, изгледа фантастично добро, ама има ретардиран глушец под хауба, и тон батерии во багажник. Бај д веј, хибридниот погон на Тојота е значително подобар од оној на Хонда, пошто кај Тојота, двата мотори можат независно да работат, со оглед на потребите, а кај Хонда не може, пошо електромоторот е врзан со бензинецот како IMA(Integrated Motor Assist), па двата мора да работат истовремено.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7554
  • Хорска Секција
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #8 на: Декември 21, 2010, 21:46:04 pm »
Идинанта е во електричните возила, почнувајќи од најмали до најголеми. Тоа хибриди-мибриди се глупости и е начин како автомобилската индустрија да извлече повеќе пари од корисниците, притоа продавајќи им и возила и фосилни горива.

Значи, да не беше толку силна нафтената мафија денес автомобили на бензин и дизел ќе можевме да видиме само во музеј.
Тоа со батериите не е проблем туку предност. Исто како што одиме на бензинска и полниме гориво, така ќе одиме на електрична станица и ќе менуваме батерии. Понатаму, ќе дојдат и кровови, хауби, гепеци и крила направени од фото-волтаици. Па така кога ќе ги паркираме возилата на сонце ќе ни се полант батериите.

Во контекст на батериите и поленњето, тоа со бежичното полнење се глупости и нешто кое не се исплати. Загубите при бежичното полнење се огромнии неисплатливи. Затоа, сега за сега, ќе си остане жичаното полнење. Инаку со жичаното полнење можат да се пренесуваат гигавати снага, а не ситница од 3 киловати.

Во контекст на производството на батерии, загадувањето кое се прави со согорување на фосилни горива е неспоредливо поголемо и поштетно од она кое се прави со производство и фрлање на батериите.

Што се однесува до греењето/ладењето, точно е дека во прата фаза ќе биде проблем. Но ако се почне со развој и масовно производство на електрични автомобили верувам дека тоа ќе го решат во 10 години. Односно ќе направат доволно моќни батерии кои ќе можат да складираат енергија колку што има во еден резервоар гориво.

Долгорочно, за неколку десетици години или можеби повеќе, но сигурно тоа ќе се случи, ќе имаме мини нуклеарни реактори на фузија кои ќе произведуваат изобилство на енергија кое реално нема да можеме да го искористиме во еден автомобил, односно автолет. Автолет го нарекувам возилото кое ќе ја има улогата на денешните автомобили, но наместо да се движи по патишта, ќе лета во воздухот погонувано на јонски погон.

Значи иднината е во електричната енергија. Гледајте го сонцето како причина за нашето постоење.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 19518
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #9 на: Декември 22, 2010, 02:01:24 am »
Точно е тоа дека некаде на почетокот на 20от век, повеќе „до израз“ дошла нафтата, наместо струјата, бидејќи на некој така повеќе му одговарало. Колку што знам, првиот електричен автомобил е произведен 1913та или така нешто, од страна на Детроит Електрик. Арно ама, за волја „на вистината“, моторите со внатрешно согорување испаднало да преовладаат. Хибридите не би ги рекол глупости, туку можеби своевиден полесен начин да се направи транзицијата од она што е денеска поим за конвенционален автомобил, и тоа што ти го предвидуваш. За безжично полнење, сум немал ни појма дека некој се осудил да произлезе со таква идеја :D
За нуклеарни реактори и фузија или фисија или што и да е, уопште не ни планирам да размислувам, пошто додека тоа да стане „ин“, јас многу веројатно дека би бил фосил :)
Како љубител на автомобили, некако не можам да си замислам, дека електричен автомобил, ќе успее да го долови комплетното уживање во возењето... Или можеби на некаков носител на звук ке биде снимен Lamborghini, Ferrari, Aston Martin или Alfa Romeo при проаѓање во тунел, за да може возачот да го ужива и тој аспект од возењето...
Иначе, како за алтернативни горива, мислам дека повеќе иднина има во горивни ќелии, него ли во батерии и слично.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #10 на: Декември 22, 2010, 08:26:58 am »
Иднината е најверојатно во електричните автомобили. Можеби ќе возиме на водород, можеби.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
Volt ne e mnogu ekonomicen
« Одговори #11 на: Декември 22, 2010, 09:17:53 am »
Hyped hybrid: The Chevy Volt gets average mileage, for a hybrid
printsend


Buzz Up!
By Gabe Shenhar

Chevrolet Volt in San Francisco
With the Chevrolet Volt collecting awards at a dizzying pace, this extended-range electric car or hybrid plus warrants a closer look to see if it truly lives up to the hype. We have spent significant time behind the wheel, including last month in a Volt borrowed from General Motors. This loan provided first-hand experience living with it—driving, charging, and fueling. We’ll be buying our own as soon as they go on sale here in Connecticut. Meanwhile, here are our initial findings.

The most commonly asked questions we get about the Volt are what is it like compared with a hybrid; how far can it go before needing a recharge; and what sort of energy use or fuel economy do you actually get. I’ll address the range question first.

Since the Volt runs on battery power for the first 30 to 40 miles, any mpg figure is meaningless without knowing the length of your trip and whether you recharge the battery along the way. Any cost associated with running a Volt will depend on the price of electric power in your area. The EPA has recently announced the mpg estimates it has calculated and that will be affixed to Volt’s window stickers. We lay out our experience below.

MORE AT CONSUMER REPORTS
» Best and worst cars in fuel economy
» Complete Ratings for 200 cars and trucks
Consumer Reports has no relationship with any advertisers on Yahoo!.
To get a sense of the Volt’s energy consumption in typical real-world use, we had several staffers pilot the car on their daily commutes and then we logged both the fuel they used, if any, and the electricity it took to recharge the batteries, using one of the commercial-grade chargers we have at our Auto Test Center.

On the whole, we found that in electric mode the Volt uses energy more sparingly than any other hybrid or diesel car. We also found that its fuel consumption when it’s operating on the gasoline-fueled engine is not that great. Bear in mind that these findings are anecdotal and are not the official ones that we’ll publish after testing our own Volt thoroughly.

Our Volt experience:
The Volt uses its battery power upfront, running all-electric until the battery is substantially depleted, and then using the gasoline engine to generate power to run it further. GM initially claimed a 40-mile all-electric range but recently moderated that to “between 25 and 50 miles.” We typically got between 29 and 34 miles when running on electricity alone.


2011 Chevrolet Volt
We kept the car’s climate control in Auto mode during our trials, and the outdoor temperatures averaged about 50 degrees F during our stint with the Volt. As in all EV cars, running the heater cuts down the electric range significantly. We used our Coulomb Technologies charging stations, which at 220-volt level took about four hours and 20 minutes per session and consumed about 12.5 kWh of electricity each time.

Here’s an example of how mpg is a function of the trip mileage: During one 72-mile mostly highway commute, the car ate up its electric range in 29 miles and posted an overall fuel consumption of 60 mpg. The energy consumed came from a full electric charge and 1.1 gallons of gasoline. Piling on 130 more miles without charging resulted in 48 mpg. (For comparison, our Toyota Prius gets 47 mpg on that particular 200-mile route. Read our impressions of the upcoming Toyota Prius Plug-In Hybrid.)

Over numerous trips, our collective average for electric-only range was 33 miles. Once the battery is depleted and the car is essentially using only gasoline as its fuel, we averaged 30 mpg overall in mixed driving. While 30 mpg is good in general, it is no better than a conventional small sedan or subcompact.

Cost parity:
Clearly, reaping the benefits of electric-car use means keeping the Volt’s battery charged up as much as possible. When we did that, and the Volt only used its gas engine occasionally, the car’s on-board computer indicated we were getting six-figure mpg display of 120 mpg or so. But such a fantastic number is misleading since it ignores the cost of the 12 kWh of electricity we were “pumping” into the car every 33 miles or so. Here in the Northeast, or in California, that ends up being about $2.38 (With the national average of 11cents per kWh, it would be $1.38.)

That raises the question of which other cars give you 33 miles for $2.38. With today’s national average for regular at $2.96, that equates to 41 mpg. That’s comparable to, say, a Honda Civic Hybrid (37 mpg) or Honda Insight (38 mpg). Calculating price parity with the diesel world, using diesel prices at $3.20/gallon, it works out to be 44 mpg. That brings to mind the manual-transmission Volkswagen Golf TDI or Jetta TDI, which deliver 38 and 36 mpg overall, respectively. So in these conditions, the Volt comes out ahead of virtually all fuel sippers except for the Toyota Prius on cost per mile. The Prius yields 44 mpg overall consistently. The Volt, which will set you back something like $33,500 even after federal tax credits, is considerably more expensive to buy than any of these cars. And, it’s only a four-seater.

Cost parity for initial 33 miles EV range

In NY/CT at 19c/kwh
National average 11c/kwh
Cost
$2.38
$1.38
mpg for equivalent cost
41 mpg
71 mpg

Volt energy consumption: Since the cost of gasoline and electricity are variables that tend to be in constant flux, and often apply a specific geographical factor to the Volt’s merits, it would be appropriate to look at the Volt in a purely scientific way. In electric mode, we averaged 38 kWh/100 miles. For comparison, according to the window sticker, the EPA estimates 36 kWh/100 miles. Given that 33.7 kWh has been established as the energy equivalent of one mpg by the EPA, our average use worked out to 89 mpg-equivalent (MPGe) in electric mode. But before we jump with joy, remember, this applies only to the initial 33 miles of electric-only range.

Miles/kWh
kWh/100 miles
MPGe in EV mode
MPG gasoline only
2.64
38 kWh
89 MPGe
30 mpg

What about the driving experience?
We’ve commented previously on the Volt’s quick, smooth, powerful acceleration in EV mode. The transition to gasoline mode is smooth and the car continues to feel responsive. There is some muted engine hum in the background, and sometimes during coasting the revs are kept up instead of dropping to idle, which garnered comments ranging from “odd” to “annoying.” When I described this to Micky Bly, GM’s executive director for electrical systems, at the LA Auto Show, he said that backing off on the revs during coasting is in the works. Even when the electric power is gone, the Volt saves some of its battery capacity (GM calls it “buffer”) to be able to power the car electrically at low speeds, while in reverse, and for maintaining accessories while it shuts off at idle, as with other hybrids. For that purpose, the battery management system keeps it at about 20-percent charged. The buffer is also used to provide extra oomph while climbing a long hill.

Interim conclusion:
The Volt works, but depending on how it is used and where, it may not save you money, especially in the Northeast or California. In those regions especially, the Prius remains a proven, more cost-effective choice for green motoring.



Of course, money-saving is not the Volt’s only raison-de-d’être. This is an electric-drive car that conserves energy in electric mode and does not come with range anxiety. As such, it advances the cause of reducing greenhouse gases and reducing our reliance on foreign oil. According to our recent green-car survey, saving money is not the number one goal for EV intenders, anyway.

It goes without saying that if gasoline prices go up significantly, or if you live in a region where electricity is cheap, then any cost-based energy-use calculation will tip the scales more in the Volt’s favor—but there is no getting around the high purchase price and modest fuel economy if straying beyond the EV range.

We’ll dig into the Volt deeper once we purchase one and run it through our extensive test program.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7554
  • Хорска Секција
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #12 на: Декември 22, 2010, 09:20:16 am »
Електричните автомобили се долгорочна иднина, тоа е неспорен факт. Се друго е привремено решение, нешто слично како што плазма беше привремено решение за телевизорите.

Тоа со горивни ќелии не верувам дека ќе се случи, но ако се случи, ќе биде привремено решение на нешто. Се што треба да се стори е да се почне со масовно производство и усовршуваање на батерии со висок капацитет. Има еден изум од јапонец кој има направено батерија од микро-кондензатори која може да складира десетина пати повеќе енергија во споредба со современа литиумска батерија. Треба само тој изум да се усоврши и да почне масовно да се произведува. Со тоа ќе се реши греењето и ладењето, или доколку не се користи климатизација сигурно со една батерија ќе се возат илјада километри.

За ефектот, на звукот, мислам дека тоа нема да биде финта, поготово не кога ќе имаш екстремно тивко возило со далеку поголема моќност од оние кои ги возиме денес. Замисли возило кое од 0 вртежи, т.е. од мирување има вртежен момент од 1000NM.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 19518
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #13 на: Декември 22, 2010, 10:28:56 am »
Хехехе... Зашто не ме чуди дека јапонец има направено нешто такво :) Само сеа Германците ќе го земат, и ќе го направат како што треба :D
Со горивни ќелии, почнаа луѓево да прават нешто, на пример Honda Clarity FCX... Колку што знам, и Нисан имаат некое такво чудо, а богами и Мерцедес. Па сега, кое ќе преовладува, здравје Боже...
За звукот, го наведов поради тоа што ептен (ама мнооооогу најептен) најголем мерак ми прави добар звук на кола... Моќно рикање на мотор е нешто што ми причинува навистина големо задоволство при возењето. Дури и не мора ни да возам, може да сум од страна, и да чујам некој нервозен звук на мотор, инстантно се ежам... Уште ако на мењање брзина засвири некое турбо, ууууухухухухуууу... Џиз ин мај пентс :)
Такво нешто нема да се добие од електромотор, пошто колку год сакаш стискај го, ке праи „бззззззззззз“... Никој не ја оспорува нити моќноста, нити влечниот момент ни бутур...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7554
  • Хорска Секција
Одг: Електрични автомобили и хибриди
« Одговори #14 на: Декември 22, 2010, 11:16:39 am »
Над 95% од корисниците на автомобили не сакаат да слушаат брмчење во кабината додека се возат. За останатие 5% има симулатор на звук.

Што се однеусва до горивни ќелии, не сваќам која е целта и поентата кога едноставно можеш да си наточиш гориво на бензинска (или дизекса).

BTW, не спомнав прееска околу тој јапонскиот прототип на батерии...Ќе се полнат за десетина минути. Па така дури и да ти снема батерија ќе можеш да застанеш на 15-тина минути да ја наполниш. Сигурно патиштата ќе имаат електрична мрежа и прекинувачи за полнење, кое секако дека ќе се наплатува електронски :).
« Последно менување: Декември 22, 2010, 11:21:27 am gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!