Автор Тема: Гуми - Општо  (Прочитано 651443 пати)

Отсутен volvokoncernen

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9705 на: Ноември 20, 2019, 09:29:19 am »
Значи сума сумарум според километрите кои ги возам годишно (10к) во никој случај би ми одговарале посебни сетови летни/зимски гуми пошто веројатно после 5та година би поминал околу 20.000 на зимските и 30.000 на летните. Шарата би била можеби поголема и од 6мм али џабе кога гумата веќе ќе почни да деградира. Веројатно би одел со All-Season варијанта

Отсутен volvokoncernen

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9706 на: Ноември 20, 2019, 09:32:16 am »
Поздрав народе!
Во недвоумица сум какви гуми да ставам па затоа ме интересира вашето мислење. Станува збор за возило Volvo S80 со димензии на гуми 225/55/16. Прашањето е дали да одам со Michelin CrossClimate+ All-season или да одам 4 премиум зимски сега и 4 премиум летни наредна година. Ова е моето размислување:

Michelin CrossClimate+:
Цена 10200ден по гума или вкупно 40800, би ја возел 6-7 години со оглед на тоа што нивната проектирана трајност е 60-70000км.
Има подобри перформанси на суво и влажно од било која зимска гума а на снег разликите се маргинални. Споредбено пак со
летни гуми се многу по инфериорни во однос на растојание на кочење што е прилично важен аспект.

4 Зимски + 4 летни:
Цената би била околу 34000ден за сет зимски а претпоставувам исто толку и за летни или вкупно околу 68 000ден. Би ги возел околу 10 години со што тука би нагласисл дека секој производител не препорачува старост на гума поголема од 5год.

Земаќи ја во предвид нашава клима, малтретирањето со промена на гуми па нивно чување итн. се поваќе ме влечи да одам со варијанта премиум All-Season гуми. Финансиската математика излегува горе долу иста, а разликата е е во тоа што со All-season во зима ќе имаш подобри перформанси на суво и влажно споредбено со зимска гума додека во лето ќе имаш послаби перформанси споредбено со летната гума и обратно.

Кое е вашето искуство и мислење во врска со ова?



Како првен размисли си каков ти е стилот на возење.

За летните:
Дали возиш агресивно на кривини? Дали возиш по пасивно? Според тоа ќе знаеш дали бараш премиум спортски гуми или можиш да поминиш со една класа поевтин бренд.

За зимските:
Дали одиш на зима често на планина, па ти треба гума со добри перформанси? Или па си возиш на асфалт каде генерално е чисто и влажно? Тука пак ќе одлучиш дали ќе ти треба некоја гума како Континентал 860 или ќе поминиш со поевтин бренд.

Мојот совет ти е да си земиш уште едни бандажи и да си купиш 2 сета на гуми. Менување на тркалата е многу полесно и подолготрајно за гумите. Можиш сам да си ги менуваш, не зависиш од вулканизери.
Најчесто зимските се купуваат помали бандажи, па така ќе добиеш уште поевтина варијанта. Незнам дали воопшто можиш кај тебе да напасоваш 15ки.

Друже за лето никогаш не влегувам премногу агресивно во кривини така да тоа не ми е проблем, а во зима не којзнае колку одам по планини али се случува неколку пати да појдам Маврово или Банско

Отсутен Filip MK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 563
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9707 на: Ноември 20, 2019, 09:34:21 am »
@volvokoncernen Секогаш подобра варијанта се два сета на гуми (летни и зимски), не знам за кои летни/зимски гуми ти излезе математика 34.000 + 34.000 денари, ама имаш Ханкоок сет за 22.800 а зимски Сава за околу 18.000 ден (ова ти се официјални цени а може да сметаш и на некој попуст плус или акција), кога ќе собереш, за тој буџет од 40.000 ден може да бираш еден сет (Мишелин КК) или два сета (Ханкоок е премиум веќе а Сава е висока средна класа). Дефинитивно втората опција, по мене.

Друже математиката ми излезе спред Continental TS 860 P, Goodyear Ultra Grip Perf.+ или Michelin Alpin 6, сите овие се измегу 8.000 и 9.000 по гума за таа димензија. Едино поевтина варијанта би бил Hankook-от i*cept evo2 и би ме коштало 6000 по гума
Овие што ги наброја се зимски гуми, зошто Сава С3+ не ја зимаш во предвид. Ханкоок зимската е исто така одличен избор со далеку поприфатлива цена од тие што ги наброја.
А за летните гуми @osmica8 убаво ти посочи, зависи од твојот стил на возење дали ти треба премиум летна гума или може да поминеш со средна (висока) класа како Ханкоок.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Filip MK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 563
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9708 на: Ноември 20, 2019, 09:38:46 am »
Цената на двата сета што ги предложив е иста со цената на целосезонската на Мишелин. Далеку побезбедно е да имаш 2 сета на гуми, во тие 5 години може да се случи еднаш сериозно да ти затреба „соодветна“ гума за „соодветна“ сезона. Пропишана некоја трајност на гумите е околу 5 години ама не значи после 5 години дека треба да ги фрлиш, ако соодветно ги чуваш, чистиш и заштитуваш, и секако ако ги ротираш, во тој случај може и до 7-8 години да имаш саглам гума.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9595
  • Архитект
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9709 на: Ноември 20, 2019, 09:40:59 am »
Поздрав народе!
Во недвоумица сум какви гуми да ставам па затоа ме интересира вашето мислење. Станува збор за возило Volvo S80 со димензии на гуми 225/55/16. Прашањето е дали да одам со Michelin CrossClimate+ All-season или да одам 4 премиум зимски сега и 4 премиум летни наредна година. Ова е моето размислување:

Michelin CrossClimate+:
Цена 10200ден по гума или вкупно 40800, би ја возел 6-7 години со оглед на тоа што нивната проектирана трајност е 60-70000км.
Има подобри перформанси на суво и влажно од било која зимска гума а на снег разликите се маргинални. Споредбено пак со
летни гуми се многу по инфериорни во однос на растојание на кочење што е прилично важен аспект.

4 Зимски + 4 летни:
Цената би била околу 34000ден за сет зимски а претпоставувам исто толку и за летни или вкупно околу 68 000ден. Би ги возел околу 10 години со што тука би нагласисл дека секој производител не препорачува старост на гума поголема од 5год.

Земаќи ја во предвид нашава клима, малтретирањето со промена на гуми па нивно чување итн. се поваќе ме влечи да одам со варијанта премиум All-Season гуми. Финансиската математика излегува горе долу иста, а разликата е е во тоа што со All-season во зима ќе имаш подобри перформанси на суво и влажно споредбено со зимска гума додека во лето ќе имаш послаби перформанси споредбено со летната гума и обратно.

Кое е вашето искуство и мислење во врска со ова?



Како првен размисли си каков ти е стилот на возење.

За летните:
Дали возиш агресивно на кривини? Дали возиш по пасивно? Според тоа ќе знаеш дали бараш премиум спортски гуми или можиш да поминиш со една класа поевтин бренд.

За зимските:
Дали одиш на зима често на планина, па ти треба гума со добри перформанси? Или па си возиш на асфалт каде генерално е чисто и влажно? Тука пак ќе одлучиш дали ќе ти треба некоја гума како Континентал 860 или ќе поминиш со поевтин бренд.

Мојот совет ти е да си земиш уште едни бандажи и да си купиш 2 сета на гуми. Менување на тркалата е многу полесно и подолготрајно за гумите. Можиш сам да си ги менуваш, не зависиш од вулканизери.
Најчесто зимските се купуваат помали бандажи, па така ќе добиеш уште поевтина варијанта. Незнам дали воопшто можиш кај тебе да напасоваш 15ки.

Друже за лето никогаш не влегувам премногу агресивно во кривини така да тоа не ми е проблем, а во зима не којзнае колку одам по планини али се случува неколку пати да појдам Маврово или Банско

Јас возам слична километража како тебе. Зимските сега ги монтирам по 6ти пат. Гумите се многу малку потрошени. Не сум мерел ама сигурно имаат 6-7 мм шара. Лани ги возев по големи снегови и мразови и се изненадив колку добро се покажаа.
Летните па за разлика во овие 6 год се втор сет. Имаат уште шара ама малку се осеќа оштетување од сонце од страните. Иначе немам замерки на возните својства.
Сите гуми ми се ханкок.

Отсутен volvokoncernen

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9710 на: Ноември 20, 2019, 09:58:07 am »
Јас возам слична километража како тебе. Зимските сега ги монтирам по 6ти пат. Гумите се многу малку потрошени. Не сум мерел ама сигурно имаат 6-7 мм шара. Лани ги возев по големи снегови и мразови и се изненадив колку добро се покажаа.
Летните па за разлика во овие 6 год се втор сет. Имаат уште шара ама малку се осеќа оштетување од сонце од страните. Иначе немам замерки на возните својства.
Сите гуми ми се ханкок.

Како си задоволен од hankook-от? Едино негативно што гледам од тестовите за нив е комфортот и малце повисоката потрошувачка, конкретно за i*cept evo2. Во се друго се рамо до рамо со премиум гумите

Отсутен Mikius

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2874
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9711 на: Ноември 20, 2019, 10:12:14 am »
@volvokoncernen
Да ти ги скратам малку дилемите :)

Одлучувачки фактор би бил дали ќе најдеш втор сет бандажи и за колку пари.
Ако најдеш купи си летни и зимски гуми без многу да навлегуваш во детали околу повисока потошувачка и слични работи. Сигурно нема да ти потроши 2 литра повеќе :)
Ако не најдеш бандажи, земи ги мишелинките за сите сезони, гледам ги фалат доста.

Бидејки не возам којзнае колку лудо, и јас би ги земал за себе кога не би живеел на брдо. Имено, зимските ми требаат за кога ќе падне снег да си ја однесам колата во двор. Ако ја оставам подоле некаде на улица не сакам да се секирам дали некој ја акнал ноќта, башка што во последно време и нема место каде да се остави :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9595
  • Архитект
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9712 на: Ноември 20, 2019, 10:58:01 am »
Јас возам слична километража како тебе. Зимските сега ги монтирам по 6ти пат. Гумите се многу малку потрошени. Не сум мерел ама сигурно имаат 6-7 мм шара. Лани ги возев по големи снегови и мразови и се изненадив колку добро се покажаа.
Летните па за разлика во овие 6 год се втор сет. Имаат уште шара ама малку се осеќа оштетување од сонце од страните. Иначе немам замерки на возните својства.
Сите гуми ми се ханкок.

Како си задоволен од hankook-от? Едино негативно што гледам од тестовите за нив е комфортот и малце повисоката потрошувачка, конкретно за i*cept evo2. Во се друго се рамо до рамо со премиум гумите

До сега не ме изневериле во ниту една ситуација. Не сум возел други гуми на оваа кола за да можам да споредам.

Отсутен GixxerMKD

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9713 на: Ноември 21, 2019, 15:39:18 pm »
Ќе зимам нови бандажи за хондата па гумите ми се за продавање, имам 235/45/17 Michelin Primacy 3, дојдоа нови со колата, возени се една година, колку би била реална цена за продавање?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3897
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9714 на: Ноември 21, 2019, 17:31:40 pm »
До сега не ме изневериле во ниту една ситуација. Не сум возел други гуми на оваа кола за да можам да споредам.

Колега нешто кажа дека зимските Ханкук „бргу стврдувале, како пластични биле“. Тоа не од негово лично искуство, па целиот муабет е рекла казала. Ти не си го искусил тоа со „стврднувањето“ на гумите?

Тестови и ривјуа од нет се воглавно добри. Јас се мислам за Winter I*Cept RS2.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5382
  • Бенве сие бенве
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9715 на: Ноември 21, 2019, 20:32:02 pm »
Денеска конечно монтирав гуми на фиестата.  Стигнаа под таурус ознака ол сизн со шара 90% иста ко мишелин крос клајмат (беа договорени рикен) исти се гумите под неколку бренда. Ги монтирав во неготино и заминав за миравци. Ја зедов колата јако надоле речиси цел пат над 5к обрати и добро се покажаа. За назад исто јако газење и се беше ок. Ќе ја пробам на влажно, на суво можам да им имам потполна доверба.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен bobson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
  • RB26DETT Z2
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9716 на: Ноември 21, 2019, 22:49:16 pm »

Колега нешто кажа дека зимските Ханкук „бргу стврдувале, како пластични биле“. Тоа не од негово лично искуство, па целиот муабет е рекла казала. Ти не си го искусил тоа со „стврднувањето“ на гумите?

Тестови и ривјуа од нет се воглавно добри. Јас се мислам за Winter I*Cept RS2.

Оваа зима трета ќе ми е како ќе ги возам I Cept RS2 на пасатот, а и воедно втор сет Ханкок зимски гуми на таа кола, презадоволен сум и од RS2 и од претходните Icebear W440, одлични се за нашиве зимски услови а имаат и добра цена.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5382
  • Бенве сие бенве
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9717 на: Ноември 22, 2019, 21:43:26 pm »
Денес пробани гумите и по дожд, супер поминаа и без пролизгување. За некој со по мал буџет што не бара големи перформанси мислам дека ќе му вршат работа.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 24624
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9718 на: Ноември 23, 2019, 11:43:41 am »
Јас земав Riken за Сеичентото на мајка ми. За едвај 2000 км што проаѓа таа кола годишно (и тоа исклучиво низ град), сега за сега супер се гумите. :)

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9719 на: Ноември 23, 2019, 22:03:13 pm »
Моментот е да не се потценува некоја гума од низок ранк демек ако ја монтира на прва кривина ќе искочи од бандаж исто како и да не ја преценуваме дека со истата гума можеме да влагаме у кривини ко конти премиум или мишелин.

Измеѓу овие моменти е вистината :)