Одбивен ми стана, ни една минута не гледам повеќе од него, ми ги поду мадињата со таа теслата, уба пара изгледа му фрлаат.
А кога сме кај гумите напред возам Toyo Nanoenergy 3 и ова лето ми се уклуче абс:
- на жежок асфалт на ручек со 30км/ч откако слепачка мисли пешачки премин е слободна зона без гледање лево десно
- на мазен ладен асфалт сабајле 15 степени, копук скрос застана пред свежо фарбан пешачки, како демек на прсти ќе го пречекоруваше со колата
- јас слепец се пулев во знак (со 50км/ч) кога пред мене застанаа две коли, едната вртеше лево, па во последен момент влегов со кочење во лева лента, и се спасив од ќотек
Поентата ми е, никогаш претходно на суво не ми се пуштило абс, (Dunlop, Michelin, Continental) а ништо поагресивно не возам сега.
Останува другото лето напред Wetproof-от да ги ставам па да се види во правдата. Тојото ме бендисаа оти се симетрични, средно ефтини и не се арчат.