Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 495003 пати)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1711
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3240 на: 10 Јуни 2019, 23:34:47 pm »
Не знаат еден автопат да направат, и покрај тоа што беше преплатен, и далеку поскап од реалната вредност. На локални патишта не знаат дупка да пополнат, локалното население прави смеса и полни дупки за да не се испотепаме.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4628
  • Passat B8
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3241 на: 10 Јуни 2019, 23:37:07 pm »
patot deka e praven so reketarski tender e poveke od jasno... sto ostanalo ete naprelegoo :D
inace nebi smeel dase pusti vaka vo upotreba... ama nekoj gi lapnal parite toest procentite i sega e zaglaveno vo lavirint... neveruvam deka ke moze da se opraii nesto poozbilno... vozi miskooo ke ostane
ps: taka da vnimatelno!!
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3242 на: 10 Јуни 2019, 23:46:58 pm »
Колку малце водичка ќе го направи овој народ среќен и задоволен... Ах бе да знаеа да крадат со исав... :|

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1711
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3243 на: 10 Јуни 2019, 23:47:30 pm »
patot deka e praven so reketarski tender e poveke od jasno... sto ostanalo ete naprelegoo :D
inace nebi smeel dase pusti vaka vo upotreba... ama nekoj gi lapnal parite toest procentite i sega e zaglaveno vo lavirint... neveruvam deka ke moze da se opraii nesto poozbilno... vozi miskooo ke ostane
ps: taka da vnimatelno!!

Брука е ова друже, штета што сме таков мирен народ па се си преќутуваме. За вакво нешто треба да се бара одговорност од некого, фрлени се многу пари, за на крај да добие народот автопат Ш класа, а наплатен е како А класа.

Колку малце водичка ќе го направи овој народ среќен и задоволен... Ах бе да знаеа да крадат со исав... :|

Не само тоа, него ќе останеше народ во државава и ќе имаа да крадат на подолг рок, ќе имаше буџет, ќе се разработеа бизниси. Кој како дојде, собери максимум што може, затоа и го снемува народот пополека.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4628
  • Passat B8
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3244 на: 10 Јуни 2019, 23:59:55 pm »
vo pravo si @AngelSK ne sme mirni tuku pobeter nesto :)
sega da sakas da naprais peticija za istraga za napravenoto nema da mozes da soberes desetina potpisi, [a da trgnes da sobiras luge da se organizira da se iskrade nesto stotina ke soberes... zatoa sme i tamu kade sto sme, i veke ne se ni zamaram so toa ...

vazno e vnimatelno na patot... ;)
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6358
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3245 на: 11 Јуни 2019, 07:26:15 am »
1.
Цитат
Откако оваа идеја се покажа како залудно потрошено време, бидејќи потенцијалните инвеститори пресметаа оти преку патарина нема да успеат да ја вратат инвестицијата од една милијарда евра, владата во 2012 година најави дека ќе гради две од повеќето автопатски делници, меѓутоа не по пат на јавно-приватно партнерство, туку со позајмени пари од странство. За разлика од многу патишта од сличен тип што во минатото ги финансираше со кредити од западни кредитори, пред сѐ од Светска банка, која начелно финансира одржливи и исплатливи проекти, владата за овие две делници се задолжи во Кина.

2.
Цитат
Во оваа сторија ќе се фокусираме на втората автопатска делница – Миладиновци – Свети Николе – Штип, во должина од 47 километри, која се финансира со 206 милиони евра од кинескиот кредит. Индикативно е тоа што во физибилити студијата, изработена од француската консултантска компанија „Луи Берже“ во 2009 година за потребите на македонската влада, оваа делница беше предвидена во должина од 50 километри и беше проценета на 104,6 милиони евра, или за двојно помалку пари отколку што се гради сега.

И сега почнуваме ред по ред

3.
Цитат
Според податоците од Бирото за јавни набавки, претпријатието истата година склучило договор со кумановската компанија за изработка на основен и изведбен проект за автопатско решение на делницата Миладиновци – Свети Николе – Штип, во вредност од 4,26 милиони евра, како единствен понудувач на тендерот.

Иако договорот бил со времетраење од 12 месеци, односно до крајот на 2010 година, претпријатието кон средината на 2011 година склучило уште еден договор со кумановската компанија за дополнителни работи за проектирање на делницата, и тоа во постапка со преговарање без претходно објавување на јавен оглас, во износ од околу 852.000 евра. Оттука, вкупната вредност на договорот за нарачка на проект за трасата оди над 5 милиони евра

4.

Цитат
Во огласот за доделување на овој договор за јавна набавка, објавен истата 2009 година од тогашната Агенција за патишта, пред да се трансформира во јавно претпријатие, се бара економскиот оператор да има минимален годишен приход од 5 милиони евра годишно, како вкупен збир од признати потврди за плаќање за тековни или реализирани договори за изминатите 3 години (2006, 2007 и 2008 година), како и во своите редови да има минимум 100 вработени.

Арно ама, финансиските извештаи на „Простор“ што ги обезбедивме од  Централниот регистар, покажуваат дека во овие 3 години компанијата остварила приходи во просечен износ од нешто над половина милион евра, што е далеку помалку од бараните 5 милиони евра. Згора на тоа, во 2009 година, кога е склучен договорот, компанијата имала само 20 вработени, или 5 пати помалку од потребното
.

5.

Цитат
Кумановската компанија, која е основана далечната 1990 година, моментално има повеќе сопственици, меѓу кои и Данчо Јовановски, кој моментално е управител на друштвото. Меѓу сопствениците се сретнува и Чедомир Теодосијевски, кој своевремено како управител на фирмата бил прилично интересен за македонските медиуми, во чии архиви може да се најдат написи дека тој пред десетина години откупил дел од акциите во кумановското друштво „Интерпромет“ во вредност од над 2 милиони евра.

6.
Цитат
Прво, кредитот е условен со обврска за заемопримачот да не го избере изведувачот на проектот по пат на јавен повик, во отворена постапка, туку со директна покана на одбрани компании од земјата на кредиторот, т.е. од Кина, со кои владата практично склучува договор по пат на непосредно преговарање, што драстично ја намалува транспарентноста на процесот и ја лимитира конкуренцијата. На тој начин, не се обезбедува најниска можна цена.


7.

Цитат
Понатаму, изведувачот добива низа буџетски олеснувања, меѓу кои ослободување од ДДВ за прометот извршен кон инвеститорот, ослободување од акцизи при набавка на патнички возила и минерални масла за цели од проектот, како и ослободување од увозни давачки, ДДВ и акциза при увоз на добра и стоки наменети за автопатските делници… Конечно, договорот содржи одредба со која се претпочита стоките, услугите и технологиите што ќе се набавуваат со средства од кредитот да се набавуваат од Кина.

8.

Цитат
Во однос на бекграундот на кинескиот изведувач, доволно говори фактот што оваа компанија се наоѓа на „црната листа“ на Светска банка, која препорачува да се избегнува соработката со „Синохидро“, особено на проекти финансирани од банката. Имено, во јуни минатата 2016 година, Светска банка објави опомена во времетраење од една година, што значи дека се уште е на сила, откако бордот за санкции во рамки на институцијата објави дека оваа компанија била вклучена во „измамнички практики“.

9.
Цитат
Највисоки владини претставници, меѓу кои поранешниот премиер и министер за транспорт и врски, Груевски и Јанакиески, но и нивните наследници, Емил Димитриев и Владо Мисајловски, неколкупати извршија увид во изградбата на оваа делница, при што се до средината на минатата 2016 година уверуваа дека пробивањето и изградбата на трасата тече согласно планираната динамика и ќе биде завршена навреме. Наспроти тоа, во ревизорскиот извештај се наведува дека се доцни во делот на извршени градежни работи и во делот на финансиска реализација во однос на планираното и договореното, така што заклучно со 2015 година била завршена само една четвртина од вредноста на договорот.

10.

Цитат
Практично, со ваквото врзување на доларот и денарот при плаќањето се добила негативна курсна разлика, односно разлика во соодносот меѓу доларот и денарот за време на склучувањето на договорот во 2013 година и соодносот меѓу двете валути на денот кога се плаќа извршената договорна обврска. Овие негативни курсни разлики, според ревизорот, за Миладиновци – Штип изнесувале околу 5,1 милиони евра само во 2015 година. Дополнителен проблем било тоа што ЈП за државни патишта оваа сума ја искажувала како трошок, а не како зголемување на инвестицијата, што ја искривува целата слика за вредноста на овој проект.

11.

Цитат
Кога ќе се собере оваа сума за експропријација од 2 милиони евра, цената за нарачка на проектот од над 5 милиони евра, ангажманот за надзор за сума од 8 милиони евра, трошокот по основ на негативни курсни разлики од над 5 милиони евра, и тоа само во 2015 година, се доаѓа до износ од над 20 милиони евра дополнителен или страничен трошок за изградба на оваа делница, кој не е опфатен во кинескиот кредит од 206 милиони евра, туку претставува плус трошок за македонскиот буџет непосредно поврзан со овој проект.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3246 на: 11 Јуни 2019, 07:57:21 am »
Се трошат парите од провизијата во Будимпешта од таткото на нацијата.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2048
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3247 на: 18 Јуни 2019, 13:35:38 pm »

EXPRESSWAY A4 STIP  -RADOVIS

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20048
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3248 на: 18 Јуни 2019, 18:57:10 pm »
Што е со музикава на видеово.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8523
  • Пичлеме
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3249 на: 19 Јуни 2019, 15:38:33 pm »
Таа била бесплатна за комерцијална употреба :)

Присутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7994
  • Малерозен дрводарец
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3250 на: 19 Јуни 2019, 23:14:18 pm »
To be a rock, and not to roll...


Двеста на сат
По нелегален пат

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3251 на: 20 Јуни 2019, 06:08:23 am »
Таа била бесплатна за комерцијална употреба :)

 Сите трубачи биле заузети, а и нема тунел :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3252 на: 21 Јуни 2019, 11:27:17 am »
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни

И така...

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6884
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3253 на: 21 Јуни 2019, 11:31:34 am »
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни

И така...

Баш тоа сакав да пишам, еве го подетално:

Цитат
Софтверот е наменет за управување и контрола на уреди/камери со помош на кои се одредува просечната брзина на возилата. Уредите/камерите се поставени на патиштата на различни локации. Секој уред/камера е регистриран/внесен во софтверот. Уредите се мобилни и не зависат од никаква инсталација затоа што безжично се полнат со енергија и имаат безжичен интернет така да секојдневно може да се поставуваат на различни локации.
Суштината на софтверот е да ја мери просечната брзина на движење на едно возило.
Софтверот од камерите добива слика од возилото кое поминува во моментот, сегментирана регистарска таблица и ГПС локација. Дополнително уредите имаат вграден алгоритам за OCR (Optical Character Recognition) на регистарските таблици на возилата (ги чита таблиците на возилата и ги претвара во бројки и букви во дигитална форма).   
Кога автомобил ќе помина покрај уредот, истиот ја отчитува неговата регистарска табличка и ја претвара во букви и бројки. Уредот преку интернет конекција праќа информации до софтверот, за регистарските таблици на возилото, времето кога е отчитана таблицата и ГПС локацијата на уредот. Автомобилот продолжува да вози и кога ќе дојде пред друг уред поставен на друга локација, уредот повторно ги чита таблицата и го евидентира времето на поминување и ГПС локацијата на тој уред и ги испраќа до софтверот. Откако софтверот ќе ги добие податоците, тој пресметува колкаво е растојанието помеѓу двата уреди, за колкав временски интервал го поминал автомобилот растојанието и ја пресметува просечната брзина со која се движел. Доколку просечната брзина е поголема од дозволената брзина во тој простор, системот автоматски генерира казна за возачот. Софтверот користи ГПС мапи за да знае во кој дел од делницата колку е максималната дозволена брзина и во зависност од тоа и пресметува дали е извршено преминување на максимално дозволената просечна брзина за таа делница.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3761
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3254 на: 21 Јуни 2019, 12:07:44 pm »
Супер, уште ако може да ја остават онлајн мапата со прецизни информации какви се ограничувањата оти од знациве кај нас тешко.