Според рекла казала (не знам дали е точно), бил многу пијан и возел со скутер во контра правец на автопатот. Од спротивна насока некој со сив мерцедес МЛ го заковал директно. Од ударов човеков се распарчил и летнал преку кров на џипот, се заковал позади во некое ауди и него го направил сол. Видов слика од џипот, предница немаше, а моторот беше усукан наназад. Цел беше со крв и мислам дека имало остатоци од телово на загинатиот, едвај го собрале... Мрак... Нека му е лесна земјата, за памет на сите, иако не знам со кој памет возел така.