Осветлена е обиколницата, и не гледам ништо лошо во тоа. Тоа што немало досега е лоша пракса. Од Солун до Граница патот е со светло над 80% сигурно. А може и повеќе. Се вози нормално со средно светло. И кај Србија автопатите што сега ги гради истата компанија која што кај нас го правеше Демиркапија Смоквица. Актор.
Но кај нив има осветлување на голем дел од патиштата што се градат. Сега дали они грешат што ставаат или само имаат дополнително пари за трошење.
Инаку да лоповлук ќе биде кога ќе ги воведат новите патарини, а ако остане вака без светло на цел автопат. Ќе плаќаме поскапи патарини и Грците , а имаме полош автопат, 2 наместо 4 ленти итн.
Аутобан во Германија пред влез во Минхен и Дортмунд е цел осветлен. Во Германија не се плаќа патарин ниту денар.
На видеово може да се забележи дека клучките, сите мостови и влезовите пред тунелите се осветлени. Неможам да воочам на кое друго место има опасност затоа што не е осветлено ? Посочи во видево на конкретна минута па да видиме што е маката зошто треба светло долж целата делница.
Успат еве ти две видеа од Србија, од Белград до наша граница, баш ме интересира да ми посочиш каде има дополнително осветлување на нивните автопати а тоа да не се клучки, мостови, тунели, патарини. Значи посочи ми каде имаат дополнително осветлување освен ова што го наведов затоа што и ние имаме осветлување на тие делови од нашите патишта. (јас ги имам изгледано овие видеа од порано, на x2 ми беше ставена брзината, али битно не сум забележал дополнително осветлување како што ти бараш)
И ова видео го имам изгледано, да точно е дека делот од граница па до Солун во најголем дел е осветлен дури и онаму каде што нема клучки, НО видеово продолжува и понатаму.
А понатаму нема такво осветлување по цела должина на автопатот, туку само на клучки. Така да тоа што грците осветлиле 50 км пат ништо не ми значи затоа што тие 50 км се 2% од сите патишта, поточно автопати што им се осветлени (како што прогуглав, грците имаат околу 2500 км автопат). Затоа и не ти држат аргументите водејки се само по еден сегмент, тоа што еден пат во должина од 50 км бил осветлен од вкупно 2500.