Апдејт за Скопје - Охрид, чисто да си ги потврдам сомнежите од лани. До Гостивар најокеј на автопат, секако рано рано наутро тргнав, па немаше никој ни на патарини, а автопатот стандард.
Стража беше океј, а исто и до Кичево, наредниот превој ме истресе квалитетно, а и старо-новиот автопат ја разработи новата предница
Кај Подмолје, кај охридскиот аеродром наместиле некој привремен кружен тек, баш пред бензинската Макпетрол.
П. С. Топ тип: Ако треба да одите надолу после Охрид, накај плажите, искружете од кај градската Болница и директно на Билјанини извори излегувате