Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 497286 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10888
  • 430i
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #15 на: 19 Август 2011, 13:08:11 pm »
Ул. Вера Јоциќ не помина ни месец дена како ја пуштија, се сликаа, се снимаа...
Втор ден денас како пак ја раскопуваат

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17280
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #16 на: 19 Август 2011, 13:45:42 pm »
Јове ако е за другите градови, им праќам мапа од Гостивар и им викам ОВА ПОПРАВИТЕ ГО. Една идиотска улица имаме каде што нема опасност од распаѓање на предница.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3148
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #17 на: 19 Август 2011, 14:38:41 pm »
Низ кичево нема дупки,ги санираа за изборите ;D
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14032
  • Пудингот на шоферството
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #18 на: 19 Август 2011, 16:06:58 pm »
јас мислев дека после изборите ништо нема да чепнат на направат,ама гледам пак нешто прават,неколку улици ги преасфалтираат....ако продолжат со вакво темпо,многу ке се подобрат улиците низ Битолата
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #19 на: 22 Септември 2011, 11:07:18 am »
Скопските улици личеа на мориња од последниот дожд. Не дека тоа е нешто ново, но овој пат беше невозможно возачите да се движат речиси по сите скопски улици без последици и без нервози. Сообраќајот беше бавен, возачите лазеа, само за да ги избегнат големите вирови. Оние со постари возила „не преживеаја“, останаа додека не дојде да ги влече некој близок со подобра кола. Можеа да се видат куп изгаснати возила среде важни артерии во строг центар, 11 Октомври, Мито Хаџи Василев-Јасмин, Димитрие Чуповски, Васил Аџиларски кај ГТЦ. Тоа предизвика уште поголем метеж, свирежи и пцости.

- Саат време ми требаше да излезам од центарот, да стасам од Црвен крст до Карпош. Семафорите се вклучуваа и исклучуваа, возилата стоеја во место. Ако за властите ова е нормално, тогаш секојпат кога ќе има невреме подобро нека прогласат елементарни непогоди, за да не излегуваме од дома - револтирано e Соња Маџарова, жител на Карпош 4.

Но не страдаше само центарот, туку и другите населби. Подвозникот кај булевар Србија во Лисиче беше поплавен во висина од еден метар, а половина час возилата стоеја во место, бидејќи многумина не сакаа да ризикуваат колата да им изгасне од барата. Во Црниче, пак, кај црквата „Света Петка“, вода шикаше од преоптовареност и се слеваше удолу с` до подвозникот. По улицата Водњанска не се возеше од камењата што се истркалале од падините.

Од Град Скопје велат дека проблем било ѓубрето и песокта што ги носел дождот. На неколку места имало дефекти со пумпите, како на пример кај булевар Србија. Додаваат дека ваков дожд, според Управата за хидрометеоролошки работи, не заврнал во Скопје во изминати 30 години.

- Екипите на Град Скопје и на „Водовод и канализација“ во текот на 24 часа беа непрекинато на терен и ги отстрануваа причините за затнување на сливниците. Од „Водовод“ беа ангажирани 15 екипи, изјавија од Одделението за односи со јавноста.

Градските власти упатија обвинувања до општинските власти дека тие се главните виновници што Скопје се поплавува. Според надлежните, не градат атмосферска мрежа на сервисните улици, што доведува водата од собирните улици да се слева кон градските улици и булевари и мрежата да се преоптоварува.

Јорданка Ивановска

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=C377AEEDD40C444286A034D999AEA111

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33898
  • Таков е животот... јебига
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #20 на: 22 Септември 2011, 11:13:26 am »
Така е. Општините се виновни зошто овие централистиве им ги врзуваат рацете и тие само џабе плата земаат.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4740
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #21 на: 22 Септември 2011, 11:17:00 am »
Кај нас секогаш е виновен некој друг...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33898
  • Таков е животот... јебига
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #22 на: 22 Септември 2011, 11:21:35 am »
Кај нас секогаш е виновен некој друг...
Па знаеш каков е муабетот. Централната градска власт им вика на општините: Ние ве пикнавме на работа, сега вие ќе бидете криви за све за да не бидеме ние...

И овие ќе ќутат и ќе траат и плата ќе зимаат додека ние гинеме по патиштава

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8808
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #23 на: 22 Септември 2011, 11:32:07 am »
"vakov dozd nemalo" ajde beee... ovoj Koce kaj ziveel do sega vo SAHARA, vcera od meteroloski zadov izlegoa i rekoa samo vakov dozd nemalo vo septemvri inace imalo i mnogu pogolemi ama Koceno mora nekogo da nakrivi za da ne e samiot kriv, kako i site drugi ebati gradot mocan niz reka vozev

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33898
  • Таков е животот... јебига
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #24 на: 22 Септември 2011, 11:34:51 am »
Ако ви е за утеха, половината од денот возев низ Приштина и Косово. Епа замислете како е кога во Приштина НЕМА КАНАЛИЗАЦИЈА, нема тротоари, улиците се необележани, возачите се нелуѓе итн...

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8808
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #25 на: 22 Септември 2011, 11:36:26 am »
loso e da se sporeduvame so niv, ama jebiga toa e realnosta u pm

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #26 на: 22 Септември 2011, 12:18:14 pm »
Ако ви е за утеха, половината од денот возев низ Приштина и Косово. Епа замислете како е кога во Приштина НЕМА КАНАЛИЗАЦИЈА, нема тротоари, улиците се необележани, возачите се нелуѓе итн...
Ние за Софија и Белград бевме ппример, сега со Приштина (воена база) се мериме - наместо со главен град. Во Млаан Батар сигурно е полошо...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33898
  • Таков е животот... јебига
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #27 на: 22 Септември 2011, 13:04:32 pm »
Која воена база била Приштина друже. Да беше воена база барем канализација ќе направеа. Бејрут не и е рамен на Приштина.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #28 на: 06 Февруари 2012, 14:58:21 pm »
Циклонско влијание од југ и студен бран од север ги предизвикуваат интензивните врнежи од снег во земјава.


Според познатиот метеоролог Глигор Митковски, снежните врнежи денес ќе продолжат со зголемен интензитет, особено во попладнето и текот на ноќта.

Во попладневните и вечерни часови се очекува локално ветерот да ја зголеми брзината.

-Во вакви услови на снежни врнежи пропратени со засилен ветер, постои опасност голем дел од планинските места да бидат завеани, вели Митковски за Курир.

Утринава во Гевгелија била забележана појава на мрзнечки дожд, а овие врнежи во текот на денот се очекува да преминат во чист снег.

Митковски додава дека снежните врнежи ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, но со намален интензитет. Снегот се очекува да го намали интензитетот во среда наутро, а потоа да престанат. Во четврок не се очекуваат врнежи од снег.

Нови врнежи може да очекуваме за време на викендот, но со помал интензитет од денешните.

Во наредната недела, засега не се очекува затоплување на времето и пораст на ниските температури. Тие ќе се движат околу нулата.

Снежната покривка се очекува во поголемиот дел од Македонија да достигне и над 30 сантиметри.

Митковски, сепак вели дека Македонија и покрај интензивните снежни врнежи, нема да се најде во иста сериозна ситуација како Црна Гора, Босна и Херцеговина или пак Србија.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/59810-Gligor-Mitkovski-Sneg-do-30-santimetri-i-silen-veter

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #29 на: 06 Февруари 2012, 15:01:25 pm »
Владеачкиот портал меѓуредови ни кажува дека нема да има елементарна и да падне километар снег.