Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 235265 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
Ја почнувам оваа тема со цел овде да ги пишуваме условите под кои се одвива сообраќајот на патиштата во Македонија.

За почеток, пазете се од тунелите во Македонија, зато што ве очекува ваква глетка:



Ледени сабји ги демнат возачите

Опасност за патниците и за возилата постои на автопатот од Скопје до Велес и обратно поради големи мразулци долги и по половина метар, кои висат по тунелите, реагираат возачите што секојдневно ја минуваат делницата. Тие стравуваат за безбедноста во сообраќајот бидејќи мразулците може лесно да паднат ако се зголемат температурите. Вакви мразулци најмногу има во тунелот кај Катланово кон Скопје и во тунелот кај Башино Село кон Велес.

- Страшна е глетката кога во темнината ќе се здогледаат, бидејќи постои можност секој момент да паднат оти се тешки. Колку е тоа опасно за нас возачите и сопатниците, сите знаеме. Што ли само работи „Македонијапат“ и за кого плаќаме патарина, кога патиштата не се одржуваат - изјавуваат возачите.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=379B8EC2F1168247A62D5EBA1E962AF2

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #1 на: Декември 20, 2010, 09:19:00 am »
АМСМ: Најмногу магла кај Петровец видливоста на 50 м


Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива делумно отежнато и забавено поради намалената видливост предизвикана од појавата на магла особено во пониските места, известува Авто мото сојузот на Македонија.

Појава на магла има во околината на Петровец со видливост од 30-50 метри и Куманово со видливост од 100-150 метри. Врнежи од ситен снег има на Стража и Шапка. Коловозите се наместа влажни. Можна е појава на поледица на осојничавите места.

На возачите им се препорачува крајно внимателно возење, прилагодена и намалена брзина на движење по влажните и лизгави коловози, и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Внимателно и на патните правци низ клисурите и планинските превои каде е почеста појавата на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци Катланово - Велес,  Демир Капија - Удово и Маврово – Дебар.

Внимателно и на патниот правец Куманово – Табановце каде се уште се изведуваат работи на пат. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата. Потсетување за возачите на нивната законска обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата.


http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=80473&kategorija=1

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #2 на: Јануари 11, 2011, 09:19:04 am »
Маглата и денеска предизвикува проблеми и го отежнува сообраќајот на патиштата низ Македонија. Авто мото сојузот на Македонија известува дека поради појава на магла кај Тетово видливоста е до 20 метри, Штип до 100 метри, Сарамзалино до 100,Неготино до 150, Битола до 100, Прилеп до 100 метри ,Струга до 40 метри,Кичево 200 метри, Делчево до 50 метри,Велес до 30 метри и Кула до 100 метри.




Тутунопроизводителите и денеска ги продолжуваат протестите поради што најавени се нови блокади на патните правци Прилеп – Битола кај местото Тополчани, Прилеп – Македонски Брод после Дебреште кај местото Барбарос и Прилеп – Скопје кај местото Заполошки мост на почетокот на Плетвар од 11 до 21 часот, извествува Авто мото сојузот на Македонија.

Најавена е блокада на клучката Велес, кон Скопје и Штип, како и кај Ново село.

АМСМ препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината на движење низ клисурите и планинските превои, каде е почеста појавата на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци Катланово - Велес,  Демир Капија - Удово и Маврово – Дебар.          

Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата

Од скопскиот аеродром “Александар Велики“ и денеска претпладне најверојатно нема да се реализираат полетувањата и слетувањата поради непостоење на минимални услови за одвивање на авионскиот сообраќај.
 
Утрово, според информациите што аеродромските власти ги објавуваат на интернет страницата на “Александар Велики“ откажани се летовите на авиокомпаниите “Малев“ и “ЈАТ Ервејс“ кон Будимпешта и Белград. Реализирано е само слетувањето на авионот на “Монтенегро ерлајнс“ од Подгорица.
 
Синоќа поради влошување на временските услови и драстично намалување на видливоста поради магла затворен за летови беше и охридскиот аеродром “Апостол Павле“ што неколку дена се користеше како алтернатива на скопскиот аеродром.
 
Од Управата за хидрометеоролошки работи очекуваат маглата да се расчисти во текот на попладнето.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=81283&kategorija=1

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45772
  • Махер
    • malikovski.com
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #3 на: Јануари 11, 2011, 12:12:07 pm »
Најдоброто урбанистичко решение за Скопје - Магла.

Имав снимано пред некој ден што се случуваше надвор при возење со магла, ама право време за штелување варови. Точно го гледаш зракот како се простира низ просторот.
               
    --- Objects in mirror are losing as it appears --- 
Speed kills your Pocketbook.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4 на: Јануари 11, 2011, 13:07:36 pm »
Дали некој има позитивно искуство со магленки на вакво време? Реално.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10006
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #5 на: Јануари 11, 2011, 13:13:59 pm »
Јас.

Нормално дека не е како да нема магла, далеку од тоа, али има осетна разлика. Сум возел со магленки и без на автопат на магла каде што не се гледаше скоро ништо, разликата е очигледна.

Возев деновиве и кола со магленки, и кола без и Интеграта која е нешто измеѓу затоа што е ниска, а и позициите и се уште пониско.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3010
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #6 на: Јануари 11, 2011, 13:15:52 pm »
Дали некој има позитивно искуство со магленки на вакво време? Реално.
јас. во неделата кога прст пред око не се гледаше бев до драчево и назад и возев со позиција и магленки и многу поубаво се гледа отколку само со средни светла, кога ќе пуштиш средни светла како да ти се рефлектира светлината назад од маглата а вака магленките си го осветлуваат доле патот и од страна а притоа не ти се рефлектира светлината од нив.

едит: абе начекај си некој пред тебе што вози пристојно ќе си држиш растојание ќе го пратиш него и ќе си уживаш боље решение од тоа нема :D
« Последно менување: Јануари 11, 2011, 13:18:21 pm Kimi R »

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45772
  • Махер
    • malikovski.com
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #7 на: Јануари 11, 2011, 13:17:50 pm »
Дали некој има позитивно искуство со магленки на вакво време? Реално.
Лани на најголемите магли по стража на 2ри декември возев на невидено отприлика... Со магленки со се. Магленките многу блиску светат и треба многу споро да возиш. Помагаат, не велам не... Бојата на магленките е исто многу важна, за пробивање во магла. Конкретно си има зошто треба да бидат жолти а не бели. Што поголема температура толку повеќе маглата го упива зракот, па соодветно незнам како се вози со 6000к низ магла.
Значи за полн ефект магленките треба да се многу ниско поставени и жолти. Оние ХИД со 3000к би требало да помогнат доста. Инаку обичниве помагаат ама не паѓаш во несвест.
               
    --- Objects in mirror are losing as it appears --- 
Speed kills your Pocketbook.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #8 на: Јануари 11, 2011, 13:31:06 pm »
Еве едно опширно објаснување за магленките.


Fog lights


Question:  Why are fog lights yellow? Does it help that they are? Does it matter
if
you are driving in city  or countryside?
jessica v.

Answer:  My understanding is that it is important for fog lights to be one color
(rather than white, which is all colors) because the different
wavelengths(colors) of visible light scatter off the fog droplets
differently.  This phenomenon is known as "dispersion," because the
different colors of light in an image will separate from each other,
causing the image to "disperse."  If you illuminate the road with only one
wavelength (color) of light, the images of the objects you see will still
become somewhat blurry because of the scattering of light by the fog, but
at least you won't have extra problems from dispersion.  So, if we want to
use just one wavelength of light, which wavelength should we use?  It turns
out that light with short wavelengths scatters more than light with long
wavelengths (short to long:  violet, indigo, blue, green, yellow, orange,
red).  So, a long wavelength light will be best.  There's another thing to
consider, too:  our eyes are not equally sensitive to all colors.  It turns
out that we are most sensitive to yellow and green light.  So, our best
compromise between sensitivity for our eyes and a long wavelength for least
scattering is yellow light.
Now, I don't know what kind of light bulbs are used in fog lights, but
another consideration used in street lighting is cost and efficiency.  You
may have seen some yellow street lighting in some places; this is
"low-pressure sodium vapor" lighting.  The special thing about this light
is that it is almost entirely one (actually two very close together)
wavelength of yellow light, and that it gives the most illumination for the
amount of electricity.  A big problem with this light, though, is that it
throws off color perception.  Under sodium vapor light, something blue
looks gray.  This makes it hard to, say, recognize your car in a parking
lot.
Richard Barrans Jr., Ph.D.
=========================================================
        There is no good reason why fog lights are yellow.  Here is an
excellent explanation provided by Professor Craig Bohren of Penn State
University:


"First I'll give you the wrong explanation, which you can find here and
there. It goes something like this. As everyone knows, scattering (by
anything!) is always greater at the shortwavelength end of the visible
spectrum than at the longwavelength end. Lord Rayleigh showed this, didn't
he? Thus to obtain the greatest penentration of light through fog, you
should use the longest wavelength possible. Red is obviously unsuitable
because it is used for stop lights. So you compromise and use yellow
instead.


This explanation is flawed for more than one reason. Fog droplets are, on
average, smaller than cloud droplets, but they still are huge compared with
the wavelengths of visible light. Thus scattering of such light by fog is
essentially wavelength independent. Unfortunately, many people learn
(without caveats) Rayleigh's scattering law and then assume that it applies
to everything. They did not learn that this law is limited to scatterers
small compared with the wavelength and at wavelengths far from strong
absorption.


The second flaw is that in order to get yellow light in the first place you
need a filter. Note that yellow fog lights were in use when the only
available headlights were incandescent lamps. If you place a filter over a
white headlight, you get less transmitted light, and there goes your
increased penetration down the drain.


There are two possible explanations for yellow fog lights. One is that the
first designers of such lights were mislead because they did not understand
the limitations of Rayleigh's scattering law and did not know the size
distribution of fog droplets. The other explanation is that someone deemed
it desirable to make fog lights yellow as a way of signalling to other
drivers that visibility is poor and thus caution is in order.


Designers of headlights have known for a long time that there is no magic
color that gives great penetration
. I have an article from the Journal of
Scientific Instruments published in October 1938 (Vol. XV, pp. 317-322).
The article is by J. H. Nelson and is entitled "Optics of headlights". The
penultimate section in this paper is on "fog lamps". Nelson notes that
"there is almost complete agreement among designers of fog lamps, and this
agreement is in most cases extended to the colour of the light to be used.
Although there are still many lamps on the road using yellow light, it
seems to be becoming recognized that there is no filter, which, when placed
in front of a lamp, will improve the penetration power of that lamp."


This was written 61 years ago. Its author uses a few words ("seem",
"becoming recognized") indicating that perhaps at one time lamp designers
thought that yellow lights had greater penetrating power. And it may be
that because of this the first fog lamps were yellow. Once the practice of
making such lamps yellow began it just continued because of custom."

http://www.newton.dep.anl.gov/askasci/phy99/phy99xx4.htm

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8517
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #9 на: Јануари 11, 2011, 13:37:18 pm »
Дали некој има позитивно искуство со магленки на вакво време? Реално.

Јас не осеќам никаква разлика, бев и до солун низ цел пат имаше магла прст пред око не се гледаше, исто ми се фаќаше и со магленки и без, единствена добра работа е тоа што кога идам по пат со дупки и кога влагам во кривина ми осветлуваат, замо за тоа ги користам.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 24729
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #10 на: Јануари 11, 2011, 14:38:19 pm »
Разликата е приметлива, барем за мене. Вчера по маглата возев низ град, и прават разлика ептем.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1292
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #11 на: Јануари 19, 2011, 09:21:02 am »
највеќе ме нервираат преправените улици, кој со новиот асвалт со кој пополнувале или корегирале нешто го подигнале или спуштиле нивото на улицата.
толку ли нема некој да ги порамни овие делови,да ги израмни со патот.
полош пат имаме од некој села или помали градчиња.
за шактите да не зборам ...страшно ме нервира тоа
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #12 на: Јануари 19, 2011, 09:23:29 am »
бам бум траас, повторај бесконечно. Е такви ни се патиштата, само дупки и нерамнини и трескање во кабината.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12153
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #13 на: Август 19, 2011, 09:38:44 am »
Он-лајн пријавување дупки
петок, 19 август 2011

 
Јавното претпријатие Улици и патишта, започнува нов проект наречен "Пријави дупка", со кој граѓаните ќе можат да ги пријавуваат дефектите на улиците во градот
 

 
Со цел подигнување на транспаретноста и нивото на комуникација со граѓаните на главниот град, ЈП „Улици и патишта“ Скопје од денеска почнува со реализација на проектот „Пријави дупка“.
Граѓаните ќе можат да пријавуваат за уништените улици и дупките по кои си ги уништуваат автомобилите на интернет страницата на јавното претпријатие www.uip.gov.mk или на телефонскиот број 15-300 кој ќе функционира 24 часа.

Низ градот веќе се поставени билборди на најфрекфентните градски сообраќајници.



http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=66039


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3159
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #14 на: Август 19, 2011, 10:35:33 am »
Али ке важи само за град Скопje :(
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)