Се е тоа во ред, ама очигледно генералната оценка што се презентира пред народ не е океј. Не може (лупам примери, не знам точно) Ауди А6 од 2014 година да има 3 ѕвезди денес, а шитбокс со сите тракатанци да извади 5 ѕвезди.
Сензација бидна кога Пунтото го оценија со 0 ѕвезди. Би сакал таа сензационалност на ѕвездите да ја снема, да се биде малку пообјективен во прикажување на безбедноста.
Пример:
- Кола Х има 99/100 поени за безбедност на патници, тенк е количево, ама во основно ниво не титкаат задни појаси и ако смемиш лента без жмогавец - не те вади од памет. ТРИ ЅВЕЗДИ.
- Кола Y има 72/100 поени за безбедност зошто главата наместо во воздушно перниче, ти удира во А столб. Арно ама, титка за појаси, титка за лента менување и кочи ако истрча дете невоспитано со ретардирани родители пред кола. ПЕТ ЅВЕЗДИ.
Самата природа на оценките е таква да просечен медиум не чита детално туку зема наслов "ЧУЈТЕ И ПОЧУЈТЕ, КОЛАВА Е КОВЧЕГ СО МОТОР" па ти како производител мисли му ја.