Автор Тема: Затемнетите стакла носат високи казни???  (Прочитано 61211 пати)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3201
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #135 на: 28 Мај 2015, 16:15:58 pm »
Честитки! Ај молим те една фотка од сообраќајната, баш ме интересира забелешката... :)

Еве фотка од сообраќајната.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5835
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #136 на: 28 Мај 2015, 16:22:46 pm »
Не пишува задни, предни, бочни или како и да е...

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6094
  • 69
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #137 на: 28 Мај 2015, 16:29:07 pm »
Точно
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3201
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #138 на: 28 Мај 2015, 16:33:08 pm »
тоа што ти удриле атест за предните не е законски, со значи ако те запре полиција и да те пушти на вонреден технички го кркаш за тројца. у секој случај они ти ги земале парите :)

Не би се согласил со кажаното.

1. А-Тест на предните стакла постои. Законски е. Дозволено затемнување е 30%. Се што е над тоа е незаконски. Поточно закноски си е а-тестот на предните стакла, но незаконска е затемнетоста над 30%.
2. Ако ме запре полиција, јас ќе стојам на ставот дека имам А-Тест за фолиите на предните прозори, дека истите се документирани во постапката за а-тест и дека постојат слики како возилото изгледало кога а-тестот е направен.
3. И да се случи полицаецот да ме однесе на вонреден технички преглед, јас повторно ќе стојам на ставот дека имам направено а-тест на предните стакла и дека како такви се документирани и заведени кај нив, БЕЗ да биде укажана никаква недоследност и аномалија од страна на институцијата што извршиле А-Тест. Значи одговорноста за добиен а-тест е на ИНСТИТУЦИЈАТА, што направила А-Тест. Ако постоела недоследност или отстапување од законски пропишаните норми за затемнетост на фолиите, ИНСТИТУЦИЈАТА што направила А-Тест требала да ки укаже и да ме советува да ги отстранам недоследностите пред да го документира возилото во фактичката состојба и за истото тоа да ми даде А-Тест на клима фолиите. Во случај да направи записник, не го потпишувам додека не запише внатре дека возилото поседува А-Тест за предни и задни прозори и дека во истиот е документирана фактичката состојба на возилото која што полицаецот ја затекнал. Ако во записникот пишува дека јас сум се повикал на А-Тест направен од овластена институција, и да отидеш на суд лесно можеш да ја докажеш невиноста.

Со едноставни зборови кажано, дупката и недокажаноста во прописите е начин да возиш потемни клима фолии од пропишаните норми на "легален" начин. Дополнително лакомоста на ПСС да лапне пари за да направи А-Тест е како јагода на шлагот за да можеш лесно да ја искористиш дупката и да си возиш со фолиите без да имаш проблем со редовна контрола од страна на полиција.

Од правен аспект, нема основа за да бидам санкциониран или казнет. Полицаецот може да биде во право, фолиите реално се потемни на предните стакла од 30%, но од правен аспект не ти можат ништо.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3201
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #139 на: 28 Мај 2015, 16:37:07 pm »
Не пишува задни, предни, бочни или како и да е...

Не пишува. Ама затоа е наведе  бројот на решението (или како и да се вика) за А-Тест. Таму јасно е наведено дека возилото има а-тест на фолии на предни задни прозори, и истото возило е документирано со слики. Така да ако некој сака да се фаќа за влакно, може комотно да си ја провери документацијата.

Повеќе нема потреба ни да пишува повеќе од тоа што е.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5428
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #140 на: 28 Мај 2015, 16:40:41 pm »
Kaj mene mislam pisuva predni zadni bas ke proveram podocna.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5835
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #141 на: 28 Мај 2015, 16:53:52 pm »
Во ред Златко, те разбирам, законски не ти можат ништо ама може да му текне да те малтретира и да те носи на технички. Тој сигурно нема да се јавува таму да проверува да чита броеви туку онака џандарски ќе ти рече: - Вози по мене.

Да пушува атестирани фолии на задно стакло, задни бочни и предни бочни е многу подруго. Ама така не смеат во ПСС можеби и затоа прааат некои фори.

Затоа убаво е и тој листот шо го рече да го имаш ископирано и да го носиш со тебе како плус доказ.

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 490
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #142 на: 28 Мај 2015, 17:02:54 pm »
Кај мене напред се 50% назад 86% и во а-тестот ми пишува дека имам а-тест само за задните (аутомакедонија не се будали трн у нога да си ставаат ) а мене или било кој друг што има а-тест и за предни ако полицаецот се посомнева на нерегуларност и не прати на вонреден технички ние ќе го јадеме стапот а не институцијата што дава атест затоа што стално има можност после а-тестот да се променат фолиите со друга затемнетост

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6643
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #143 на: 28 Мај 2015, 17:10:04 pm »
Златко ако веќе си сигурен дека имаш атест на предните, колку % ти пишува во документот дека ти се предните фолии?

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6299
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #144 на: 28 Мај 2015, 17:42:27 pm »
Кај влатко со пунтото мислам дека пишуваше вградени фолии на задни и предни бочни стакла...
А кај тебе пишува вградени фолии.. Полицаецот не е глуп за да не познае дека предните се 80% (или колку и да се)...

Отсутен Blazhe

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #145 на: 28 Мај 2015, 19:07:09 pm »
тоа што не пишува дали се предни или задни ич да не ве охрабрува, затоа го дават и листот од атест во кој пишува се до последен детал (кој ден е правен атестот, кои стакла се затемнети, колко посто, колко биле пред, колко се после затемнувањето итн.) и доколку не го носиш со тебе во кола може пак да ти прават проблем.(мене без листот не сакаа да ми го пишат атестот во новата сообраќајна па морав нов да вадам). Сепак секој со свој муабет, се надевам и ти посакувам да не налеташ на некој таков со би ти правил проблем :)

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43372
  • Il Moderatore
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #146 на: 28 Мај 2015, 19:39:11 pm »
Јас како што разбирам, атест не е документ со кој се потврдува легалноста на одреден уред, туку документ со кој се потврдува техничката употребна исправност на уредот/системот (во овој случај стаклата со фолии).
Они ќе ти издадат атестен документ со кој се потврдува пропусноста на стаклата пренди, задни, ретровизори и што ти ја знам, што ќе си побараш да ти атестираат.  Но, на атестот само е потврдено и запишано тоа. Законот е дург муабет.

Во сообраќајната ти стои дека се вградени фолии и дека за тоа е издаден документ - Атест во кој е впишана вредноста на затемнување. Тука сите се чисти, и тој што го издал атестот, и тој што  го внел во сообраќајна.

Законот вели - не смееш да возиш со предни стакла додатно затемнети со фолии и вкупно затемнување повеќе од 30%. Па ти ако сакаш и од Папата имај потпис и печат. Само ќе му помогне атестниот документ на полицаецот да те казни на лице место. Ако го немаш атестот, има две опции, да измери на лице место, или да те прати на технички, па после тоа да те казни.
Во секој случај, немој да мислиш дека „си се спасил“ од казни, само затоа што ти извршиле атест и на предните стакла.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5425
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #147 на: 28 Мај 2015, 19:49:55 pm »
Кај влатко со пунтото мислам дека пишуваше вградени фолии на задни и предни бочни стакла...
А кај тебе пишува вградени фолии.. Полицаецот не е глуп за да не познае дека предните се 80% (или колку и да се)...
Tocno kaj mene pisuva atest na predni-zadni i zadna sofersajbna deka se atestirani

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #148 на: 28 Мај 2015, 21:05:16 pm »
zlatkoa

Шизик на ризик, пак има големи шанси за казна, мене не ми се ризикува со оглед на казната што е висока.



Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10888
  • 430i
Одг: Затемнетите стакла носат високи казни???
« Одговори #149 на: 28 Мај 2015, 23:20:46 pm »
На документот од атестот кај мене пишува дека предните стакла се затемнети според законските регулативи. Јас сум платил да се изврши атестот. Атестот е извршен од овластена институција.
Доколку некој треба да се казни во дадениот случај, треба да се казни институцијата која го издала атестот.