@ace-106 Никаде не прочитав ништо против провинцијалците во твојот пост. Што ти значеше "Скопјаните"?
Немаше ништо иронично во мојот пост. Реков дека 80 часовен карантин за луѓе што воопшто не се наоѓаат на местото ставено во карантин, е несоодветно. Реков дека тоа што се случуваше на патарините од коли со скопски регистарски таблички и моментално во Дојран и Берово - места чиј ментален склоп и преземени мерки се адекватни за 3000 луѓе, а не за 10000, не личи на ништо. Алудирав на свест од граѓаните на главниот град, но очигледно пошто секаде се декларираат и се познати како "посебна сорта", истата не постои.
Бројки? Да. Лошо ми влијаат во ден кога има 180 новозаболени, од кои 80% од градот убав, владава (каква-таква) прогласува карантин, при што скопјанчето веднаш наоѓа можност да го сјебе системот. Три месеци лично инвестирам во заштита од вирусот за мене и семејството, за да дојде некој од Скопје да ми го донесе дома. Зошто? "А бе, пеер, не се издржуе у станови. Кој ги ебе, не им седам три дена дома"...
Зошто не избегаа Кумановци, на кои карантин од ваков размер им се дешава по трет, четврт пат? Штипјани глупи се и они? Немаат кај да одат?
Нормално дека ќе го насочам во одбрана. Дискутирано е на форумов многу околу "провинцијалците во Скопје". Еднаш се најдовте во таква ситуација, да бидете од доле, и одма оп - се увредивте. Не може така, другари...
За одлуката ти и твоето семејство да останете дома и да го почитувате карантинот, само можам да ти честитам и да ти кажам дека е исправна одлука и камо повеќето скопјани да размислуваа како вас.
@MartinAlfista Така е, во право си.
Само чудно е што кога ќе дојде ваков муабет, прво на сите што им текнува се жителите на главниот град. Па на Охриѓани...
@loopz И ти си во право. Ама, како баш сега беше најмасовно?
Недоразбирање? Да, точно. Од мојот 10-годишен престој во Скопје, можам да се пофалам дека прекрасно си поминав, најмногу заради односот на моите школски и колеги, кои и ден денес можам да кажам дека ми се поблиски од луѓе што сум секој ден со нив тука дома, иако се гледаме многу, многу ретко. Прави другари.
Ама, исто така не можам да кажам дека не поминав низ тортурата "провинција" низ тие 10 години. И погоди што - пак скопјани ме џвакаа за тоа.
Пак ќе кажам, стиснете заби. Што за карантинот, што за третманот надвор од Скопје. И двете ви се заслужени.