Чисто да пишам како апдејт на ситуацијата кај мене...
Првично се видовме со Марјан, ми препорача некој масер од тука, што го управил него. Не отидов, но сум во план да отидам деновиве.
По препорака на една жена и претходно мое читање за Кинеската Акупунктура решив да отидам во Тонг Да Танг. Таму Кинезот ми утврди дека се работи за шилец, не за дискусхернија. (Сите кажуваат различно и не знам веќе кој што како ја разбира) Бев на прва терапија со жешки игли, која беше доста болна, но не неиздржлива. Кошташе 1500 денари.
Нареден ден станувам од кревет, мислев дека нешто не е во ред со мене бидјеќи немав никаква болка, освен делот каде што ме буцкаше со игли. Бев на нога и во кола голем дел од денот и немав никаква болка. Вечерта имав наболување на ногата поточно како да ми се згрчи малку нервот. (болка која ја имав голем дел од времето од претходно)
Вчера бев повторно на терапија,но овој пат ми ставија 10 игли на грбот и стоеја 20 мин. Не беше болно тоа и кошташе 1000 денари.
Денес сум со ситни болки односно мало стегање на кичмата. Ке одам во Вторник на контрола пак, да виидме што ке кажат. Јас би инсистирал да се направи уште еднаш со жешки игли, бидејќи премногу ми помогна тоа (барем наредниот ден бев одличен).
Кога сме кај диетата што пишав погоре, почнав да јадам само интегрален леб (3-4 рибанчиња дневно). Повеќе вода, избегавам благо да јадам, алкохол и меани никако.