Јас влегов (барем мислам дека влегов) во кетоза после 5-та недела или така нешто. Но не купив лентички за урина, па не би можел да знам.
Знае некој дали можат да се купат во СК или да нарачувам од Али?
Кетони во урина имаш само во првите 2-3 недели по преоѓање на кето, потоа количината на кетони во урината варира од х фактори и не е репер за мерење дали си излегол од кетоза. Релевантни мерења даваат мерачите кои мерат од крв, со боцкање како за мерење шеќер... Но зошто ти е тоа потребно, нели посоодветна валидација ти е симнатата килажа и одржувањето на истата?
Инаку мерачи (за крв) барај на Амазон, Кинезите уште не се влезени во кето шемата (или не бе пред година дена кога барав на али/ибеј), имаше по нешто ама сомнителни понуди.
Тие што не слабеат кога бројат калории не го следат едноставното правило, ако не слабееш намали ги пак калориите.
Зборуваш за гладување.
Луѓето се несреќни кога се гладни, затоа има толку дебели луѓе. Кето исхрана ти нуди да не бидеш гладен ПЛУС да не бидеш дебел.
Понуди нешто подобро.
Со било која диета можеш привремено да ослебеш. Но поентата е да останеш нормално дебел и да не се здебелиш пак.
Повторно, јас зборувам за промена на лајфстајл - не за привремено ослабување (по што редовно следи здебелување).
Инаку за кето дефиниции и грамови, немам намера да зборувам со некој што не ја практикува самата исхрана и зборува за нешто што го начул некаде (или прочитал наслови од колумни).