Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1272458 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6363
Ван дај да собереме пари од форумов наредна година да те пратиме на виенски комцерт.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43372
  • Il Moderatore
Да, помало зло е тоа отколку злото таквите вакцини да идат кај тие со најсилни врски. Барем ќе се види дали видни куртони се на листата, од власта и/или блиски до власта, бизнисмени, елита, итн.

Ако веќе ја шириме тезата... 100.000 евра за отштета на еден случај со инвалидитет од вакцина за Полио. Колкав број побезбедни вакцини можат да се купат за тие пари? Колку помалку деца без несакани последици?

Куртоните на Виенскиот концерт е само врвот од сантата мраз. Владата спичкува невидени пари на луксуз, глупости, и корупција. Пошто не постои јавна и критичка свест. Заглупен е народов, сега се проаѓа и никој ништо не коментира - каму ли да реагира.

П.С. Здраво Хјустон. Никој не кажа да нема вакцинација, зборуваме за поквалитетни вакцини. Тебе штом толку ти смета тоа, човек може да се посмнева во твоите приоритети (и друго).
Ако зборуваме за поквалитетни вакцини, прво треба да покажеме дека овие не се квалитетни - нели? BTW, (за трагичниот случај што го трубиш цело време ко расипана грамофонска плоча): секој кој бил оштетен во нашето општество, без разлика дали во здравствениот систем или на друго место, треба и мора да биде обештетен. Само така може да изградиме колективна одговорност и да има што помалку професионални грешки.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33898
  • Таков е животот... јебига
Све треба, све мора. Но никако да се почне од некаде. Ние сме форум за автомобилизам, а не можеме да почнеме макар и од сообраќајот.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9900
Луѓето и нивната неукост и глупавост, немањето поим дека со гласањето на избори имаат алатка и можност за подобрување на работите. Можност за слушање на нивниот глас. Слабоста на системот е во нивната неукост и несвесност за сопствените можности, и одговорноста да знаат повеќе и да направат повеќе.
Нема ништо апстрактно во ова. НИШТО!

Вистина
Za vemero da glasame ili...?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9900
Моето дете има примено ацелуларни вакцини. Ако те интересира здравствениот картон на моето дете, ќе мора малку повеќе привилегии да имаш, на пример да бидеш доктор кој е засегнат со здравјето на моето дете.
И да, без врски ги доби вакцините, дури и без наше инсистирање, туку здравствените работници сами нѝ ја понудија опцијата. И тоа во врмето кога „вриеа“ тогашните опозициски портали за тоа како требало дебели врски и како им се заканувале глаучите од власт на здравсвените работници.

И сега? Шу праиме?
Изгледа се препознале, на некој минидтер си им заличел.... :)

Скраја било ;D ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9900
Тетки имат убај,  маски не сум загледал, ама ваљда имат, не е толку лошо :)
Што ќе беше ако ја одбереше другата т.е. што те прашаа што одговори? И ја трњба да одам, да не ме фстст неспремен :)

Не ме прашаа, туку ми кажаа “твоето дете е за „специјалните, посебните, мадрфакр најбољите вакцини, кои ги даваат само на министри и битни фаци“. Јас кажав „ок“, па на на еден посебен преглед на клиника уз муабет кажавме  на докторката дека е тешко да се дојде до вакциниве пошто матичната не може термин за вакцинација да удене, фиљан докторката нѝ даде приоритетен упат и веднаш, истиот ден, на клиника доби детето вакцина, иако беше петок и во петок не вакцинирале, али се погоди и таму фиљан имунолог и ја вакцинираше.  Сега коа ќе размислам, изгледа стварно или сум бил министер или сум личел на министер...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9900
Ти велам јас не си заебанција :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5227
  • VW Golf MK3 1.9 TDI

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Си треба промена на закон. Задолжително вакцинирање,

Каде е тука правото на слобода, на избор? Зошто мора задолжително вакцинирање? Ако мора задолжително вакцинирање, тогаш мора и задолжително служење на воен рок.
Еве, ти си медицинско лице.
Што освен детска парализа и бесеже може да му наштети на твоето дете?
Дали ако имаш машко дете ке го вакцинираш за ХПВ?
Дали ако за една година измислат вакцина за ХИВ ке ги вакцинираш твоите деца? Ќе бидеш спокоен и ке се сложиш твоето дете да биде ХИВ позитивно?

Ве читам и ви се чудам понекогаш. Но не можев да останам имун на ова: Задолжителна вакцина.

Ај здраво.

За ХИВ се знае каква е превенцијата ;D нема потреба од вакцина

Мене ме интересира само дали ти си вакциниран како дете? Ако си вакциниран, дали тоа што денес твоето дете не го вакцинираш, те прави попаметен, понапреден, послободоумен, поначитан од твоите родители?

Вакцинирањето е еден од основните постулати на превенција на болести. Што е следно? Ајде сите што идат у Зимбабве и Гана да не се вакцинираат за тамошните болести, па да ни донесат некои нови егзотични болести во Европа. Дека нели право на избор. Пред да се залетувате со некои либерални размислувања кои потекнуваат од првиот свет, сетете се дека ние не сме прв свет, веќе не сме ни втор свет, туку трет свет. Кај нас се уште се умира од Пневмонија, Туберкулоза уште има епидемија секоја година на заушки, Шуга фршти на сите страни.

Го ценам тоа што сакате се најубаво за децата, ама како ќе ги заштитите без основна медицинска профилакса. Додека бев матичен во МК, бев сведок како умираат неколку мои пациентчиња од болести кои можат 1000км понасевер да се превенираат, третираат или текот да им се успори. И по сите напори на родителите и на нас матичните, на крај дечињата си починаа, затоа што им беше одбиено лекување во странство или затоа што лековите кои беа прескапи за нашиот фонд.

Советувам да не читате тука коментари на одредени членови кои се по се партиски водени. Тие луѓе ќе си се пронајдат кои се. За жал партицизмот и тука наоѓа начин да се протне. Жално.

Се сложувам со све освен со тоа сам да си ги купам.
[/quote]

Затоа што се што е бесплатно по автоматизам не е добро. Се што сам ќе го купиш е најдобро. Па уште ако си го преплатил, мора да е најдобро. Барем така функционира просечниот македонски мозок. Ќе отиде во Систина ќе преплати преглед 1000 посто, ама излегува среќен и мисли дека којзнае што постигнал. И сум пробувал порано да се објаснувам, ама луѓето едноставно не прифаќаат и си одат редовно на ''контроли''. Така треба да биде и со вакцините. Нашиот јужен сосед тоа одамна го има сфатено и така си функционира таму вакцинирањето. И можам да се кладам дека процентот на вакцинирани деца е сигурно повисок од кај нас.

За социјалните случаи колективно вакцинирање, како што се иде по Африка, група лекари со мед. сестри и на лице место давање вакцини.

Одговорот важи и за @Van
« Последно менување: 14 Јануари 2019, 20:18:09 pm NeVeNR »
Зини да ти кажу.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5227
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
@NeVeNR Сале ќе си каже за себе, ама сакам и јас да се надоврзам на овој правец од дискусијава.

Мене ме интересира само дали ти си вакциниран како дете? Ако си вакциниран, дали тоа што денес твоето дете не го вакцинираш, те прави попаметен, понапреден, послободоумен, поначитан од твоите родители?

Прво не ми се допаѓа како прејудуцираш дека некој не ги вакцинирал децата. Воедно и одбегнуваш да ја коментираш суштината на неговото мислење - кое јас не го разбрав како повик за бојкот, туку посочување на правото на избор во време кога вакцините почнуваат да опфаќаат буквално се и сешто, а нивниот број постојано и постојано расте.

И ајде сега јас да те прашам тебе. Ти со колку вакцини се вакциниран како дете? А колку вакцини примаат децава денес? Има солидна разлика, нели?

Дали баш се од тоа е неопходно?
Ротавирус? Навистина?
Ги има дузини такви вакцини, вакцини за превенирање прехлади, вакцини за превенирање бебешки грипови кои најлошоти што го предизвикуваат е зголемени посети во болница (и трошкови во Здравството), итн, итн. Бројот на задолжителни вакцини постојано расте. До кога? Кој е критериумот и кој го поставува?

Понатаму за спомнатото.
Утре ако/кога ќе испадне HIV вакцина, дали е паметно да бидеме во првиот бран на држави кои ќе вакцинираат за HIV? Како што бевме меѓу првите држави во Европа каде што почна вакцинирање за HPV... Но каде се брзаме? Што велат статистиките, колку вакцинацијата за HPV придонесе за намалувањето на канцер на матка кај вакцинираните генерации? Колку повидови на HPV вируси постојат а колку ги опфаќа сегашните вакцини?
Дали навистина е паметно да се приклучиме кон трендот од запад, па и машките деца да почнеме да ги вакцинираме за HPV? И сето тоа без никакви реални показатели за успешноста на вакцинацијата против HPV во намалување на канцер на матка?

Што не направиме тогаш еден референдум да ги прашаме здравствените осигуреници дали сакаат да се прогласиме за тест држава каде фармацевтската индустрија ќе тестира вакцини и секакви лекови и хемии?
Па тек тогаш да бидеме горди конкуренти на вистинските држави од третиот свет!

За крај на постов само ќе замолам да не се прават евтини дигресии со антиваксер етикети и наводни партиски мотивации. Пошто дури и да е така (а барем јас лично мислам дека не е така), во една нормална дискусија се коментираат тезите и мислењата - наместо да се дигресира со дискутирање на дискутантите.

Немам намера да се докажувам со тебе, одма ти кажувам дека немам време и нерви. А не гледам зошто тебе посебно те има погодено мојот пост погоре, или  ...  :-\ ??? :-[
Зини да ти кажу.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5227
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Докажување? Нерви? Погодување??
Јас мислев дека дискутираме, не дека се караме. Моја грешка изгледа.

Ок бе друже. Јас сметам дека коректно се изразив, и дека валидни поенти направив.
Твое право е да не коментираш, само се надевам јасно ти е дека со тоа само уште повеќе ја потврдуваш валидноста на моите поенти.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4943
  • The Spartan General
Немам намера да се докажувам со тебе, одма ти кажувам дека немам време и нерви. А не гледам зошто тебе посебно те има погодено мојот пост погоре, или  ...  :-\ ??? :-[

Веројатно затоа што си доктор, кој два пати полагал да биде доктор и става потпис и стои зад своето професионално мислење на дневна база. Концептот на сопствена и лична одговорност е непозната појава за многу Македонци, вклучувајќи го и Ван.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.